Охрид

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ф300 е цевката, не е ф200. Премногу вода се излеа, такво нешто не сум видел, тој потег измеѓу бензинската и кружниот беше речно корито.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Добро бе што е ова што слушам дека го зголемиле три пати данокот за викенд станови? Сега за станот ќе треба данок над 7000 денари годишно да плаќам, овие нормални се? Зошто немаше ваква вест нигде, или сум пропуштил нешто?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.879

Нема викенд станови, само станови. Ако не живееш повеќе од 6 месеци, или не го издаваш станот, те казнуваат, три пати поголем данок. Расправавме за ова на друга тема
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Нема викенд станови, само станови. Ако не живееш повеќе од 6 месеци, или не го издаваш станот, те казнуваат, три пати поголем данок. Расправавме за ова на друга тема
А како проверуваат они колку месеци живеам? Во катастар ми е заведен како викенд стан. Дали памтиш во која тема се дискутирало за ова?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.786
Поени од реакции
9.561
А како проверуваат они колку месеци живеам? Во катастар ми е заведен како викенд стан. Дали памтиш во која тема се дискутирало за ова?
Licna karta na koja adresa ti e?
Plakas danok na imot po mesto na ziveenje i vikendaska luksuz tarifa na drug imot na tvoe ime ama so druga adresa.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.879
А како проверуваат они колку месеци живеам? Во катастар ми е заведен како викенд стан. Дали памтиш во која тема се дискутирало за ова?
Навистина не памтам. Можеби лошо напишав, мислам дека во Законот се спомнува стан кој се користи повеќе од 6 месеци во годината, демек ќе казнуваат за празни станови. Можеби решение е некој член од семејството да смени лична карта на тој стан. Инаку и јас си платив, повеќе од 7000 денари за мал стан
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Да, веројатно е така, личната ми е во СК.

И јас ќе си платам, нема што да правиме, ама ме чуди како до сега не се дигнала галама за вакво нешто. Јас од комшивка дознав. Ова нигде го нема, три пати да зголемат данок туку така. Грабеж.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.695
Поени од реакции
885
Чекајте малку ... ова сумава од 7000 ден т.е. зголемувањето за три пати ја има општина Охрид изгласано или на државно ниво е нешто ? Во смисол живеам во во мој стан/куќа во Прилеп а имам стан во Скопје или Демир Капија , дали ќе го плаќам данокот на имот три пати поскапо или ...??? Не сум ич во тек со овие работи затоа прашувам .
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.879
Тоа е измена на Законот, стапи на сила од почетокот на годинава. Во Скопје Решенијата за данок на имот се непроменети, во Охрид не беа мрзливи и, колку што се сеќавам, јасно напишале дека е зголемен данокот, согласно со Законот.
Така ќе биде насекаде, кога ќе почнат да го применуваат Законот
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
537
Поени од реакции
280
se nadevam deka e vistina i vikendašite da si platat danok. Da ne se bunite mnogu vo cel svet e taka, ako imaš poveke stanovi si plakaš danok
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.207
Поени од реакции
21.376
Mora da se polni kasata.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.931
Поени од реакции
12.428
Да, веројатно е така, личната ми е во СК.

И јас ќе си платам, нема што да правиме, ама ме чуди како до сега не се дигнала галама за вакво нешто. Јас од комшивка дознав. Ова нигде го нема, три пати да зголемат данок туку така. Грабеж.
Зошо да се дигне галама? Ова скроз го оправдувам, и насекаде низ светот е вака.
Охрид стигна м2 повеќе од Скопје баш заради вакви викендашки станови. Тебе ти е ок пошо викендашкиот стан ти е најверојатно мал и не ти менува многу, шо е со луѓето кои живеат тука а мора да сместат цело семејство во станот?
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
se nadevam deka e vistina i vikendašite da si platat danok. Da ne se bunite mnogu vo cel svet e taka, ako imaš poveke stanovi si plakaš danok
Зошо да се дигне галама? Ова скроз го оправдувам, и насекаде низ светот е вака.
Охрид стигна м2 повеќе од Скопје баш заради вакви викендашки станови. Тебе ти е ок пошо викендашкиот стан ти е најверојатно мал и не ти менува многу, шо е со луѓето кои живеат тука а мора да сместат цело семејство во станот?
До сега плаќав 2400 годишно за станот кој е 56м2, и тоа веќе беше дупло повеќе од она што го плаќам за Скопје. Океј, викендашки, не е проблем.

Сега одеднаш го зголемуваат на 7200 и тоа е оправдано и така било секаде во светот?! Ха ха. Зборев вчера со пријатели што живеат во Германија, кај нив 30 години не е мрднат данокот на имот, а одеднаш некој да им го зголеми за ТРИ пати им е незамисливо.

Јас не сум некој богаташ или нешто па сега дека имам таканаречен „викенд стан“ тоа да значи дека се луксузирам или слично. Станот ми е наследен од моите и во него 3 месеци во годината некој од нас постојано живее. Не доаѓам онака само за викенди, па сега „ај ќе го репнеме 7000, ионака за курч му е станот“.

Пак ќе кажам во ред е да биде поголем данокот за викенд становите, секогаш било дупло повеќе, ама сега наеднаш вакво огромно зголемување, и тоа во време на криза кога буквално сите трошоци за живот исто така се зголемија? Идиотизам невиден.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.879
Зошо да се дигне галама? Ова скроз го оправдувам, и насекаде низ светот е вака.
Охрид стигна м2 повеќе од Скопје баш заради вакви викендашки станови. Тебе ти е ок пошо викендашкиот стан ти е најверојатно мал и не ти менува многу, шо е со луѓето кои живеат тука а мора да сместат цело семејство во станот?
Прашање е дали секаде се наплаќа три пати поголем данок доколку не се користи станот. Прашање е и за што се користат тие пари, која е користа од тие пари. Не е логично да се качи три пати данокот, а да не припремаат дека канализацијата ќе оди директно во езерото. Не е логично до последен момент да се растрчуваат и да прават маркетинг кој најмногу допринел за некоја манифестација. А, цените на становите секаде се покачени, каков и да е данокот.
Инаку, се согласувам дека Охриѓани на некој начин страдаат заради туризмот. Плаќаат скапо живеење преку цела година, скап м2, скапи услуги, скапи производи. Сега дознав за уште една категорија: купени станови со по два сопственика на еден имотен лист. Секој од сопствениците, кога ќе сака да го продаде станот, мора да бара согласност од соседот, со кого го дели имотниот лист. МВР не им издава лични карти и, тие луѓе ќе бидат принудени да плаќаат поголем данок, како ние, за "викендашките" станови
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.931
Поени од реакции
12.428
До сега плаќав 2400 годишно за станот кој е 56м2, и тоа веќе беше дупло повеќе од она што го плаќам за Скопје. Океј, викендашки, не е проблем.

Сега одеднаш го зголемуваат на 7200 и тоа е оправдано и така било секаде во светот?! Ха ха. Зборев вчера со пријатели што живеат во Германија, кај нив 30 години не е мрднат данокот на имот, а одеднаш некој да им го зголеми за ТРИ пати им е незамисливо.

Јас не сум некој богаташ или нешто па сега дека имам таканаречен „викенд стан“ тоа да значи дека се луксузирам или слично. Станот ми е наследен од моите и во него 3 месеци во годината некој од нас постојано живее. Не доаѓам онака само за викенди, па сега „ај ќе го репнеме 7000, ионака за курч му е станот“.

Пак ќе кажам во ред е да биде поголем данокот за викенд становите, секогаш било дупло повеќе, ама сега наеднаш вакво огромно зголемување, и тоа во време на криза кога буквално сите трошоци за живот исто така се зголемија? Идиотизам невиден.
Не знам шо е нејасно. Збориме за данок за стан кој не ти е примарна резиденција. Прашај ги пријателите во Германија да ти го објаснат даночењето во тој случај.
Доколку имаше стан во Крива Паланка наместо Охрид, даночењето ќе ти беше пак исто. Само општина Охрид почна да го спроведува ова порано и е нешто што тотално го поздравувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom