Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Супер е Охрид кога можеш да ги избегнеш лошите работи. Приватен смештај, таксисти, прескапи ресторани што не вредат ни пола од што бараат и секако безвезни плажи. Иначе си е одличен и има што да понуди градот и регионот околу езерото.

Иначе секогаш безвезна ми била дискусијата околу ако не ти чинит не идај. Колку што е безвезна деструктивна критика, претерана и нереална, толку е и безвезно на секоја конструктивна критика да се реагира ко мало дете. Има сериозни недостатоци околу туризмот во Охрид и не е лошо добронамерните критики да се сфатат сериозно и да се подработи на проблемите.
 
Демек ако беше Струга или Дојран или пак Саранда или Ксамил, немаше да те фати стомачен вирус а? :cautious:
Тие што пијат вода, цел живот од градскиот водовод гледам од веце не се излезени.
Сум бил на тие места и имам одлични впечатоци. Топли препораки секој да ги посети при прва можна прилика.

Охрид само на помин, колку да се разгледа градот. Да, градот е навистина убав, ама луѓето... :unsure:

Исто и за Елешец и за Градиште. (n) Еднаш и веќе никогаш.
 
Иначе секогаш безвезна ми била дискусијата околу ако не ти чинит не идај. Колку што е безвезна деструктивна критика, претерана и нереална, толку е и безвезно на секоја конструктивна критика да се реагира ко мало дете. Има сериозни недостатоци околу туризмот во Охрид и не е лошо добронамерните критики да се сфатат сериозно и да се подработи на проблемите.
Плукањето по нашето ни е национален спорт. Секоја година истата песна.
Нема да најдеш човек од Охрид кој ќе ти каже дека Охрид нема недостатоци околу туризмот, околу инфраструктурата, околу хигиената, околу цените и слично. Секој е свесен за сите недостатоци, тие постојат и тие се околу нас.
Граѓаните на Охрид живеат и се соочуваат секојдневно со тие недостатоци. Нив нити некој ги прашува, нити пак тие се во можност да направат нешто. Градските власти се сликата и приликата на „стани Курто, да седне Мурто“. Градските власти совршениот Охрид го имаат само во изборните програми и толку. Кога ќе седнат на тие фотељите, тогаш ставаат розеви очила, па недостатоците не им се гледаат. И се така во круг.

Меѓутоа плукањето по Охрид, по секоја цена, нити е издржано, нити има потреба од толкав хејт. Во секое туристичко место имаш цени за сечиј џеб. Е сега тоа што господата сакаат да отседнат во хотел, да имаат полн пансион, да имаат поглед на езеро и да платат 30 евра, е па нема.:toe: Амааааа во Грција било 30 евра, е па оди Грција каде што е 30 евра :icon_mrgr:Тука не е.
Автоматски споено мислење:

Сум бил на тие места и имам одлични впечатоци. Топли препораки секој да ги посети при прва можна прилика.

Охрид само на помин, колку да се разгледа градот. Да, градот е навистина убав, ама луѓето... :unsure:
За Струга (Дојран не сум била одамна) и јас имам одлични впечатоци :love:
За Албанија немам убаво мислење како туристичка дестинација, но тоа не ми дава право да плукам во нивниот туризам. Какво им е такво им е, нивно си е. „Ко воли, нек изволи“. Јас лично не би:pipi:

Што ти се охриѓани виновни што ти имаш осетлив стомак :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Плукањето по нашето ни е национален спорт. Секоја година истата песна.
Нема да најдеш човек од Охрид кој ќе ти каже дека Охрид нема недостатоци околу туризмот, околу инфраструктурата, околу хигиената, околу цените и слично. Секој е свесен за сите недостатоци, тие постојат и тие се околу нас.
Граѓаните на Охрид живеат и се соочуваат секојдневно со тие недостатоци. Нив нити некој ги прашува, нити пак тие се во можност да направат нешто. Градските власти се сликата и приликата на „стани Курто, да седне Мурто“. Градските власти совршениот Охрид го имаат само во изборните програми и толку. Кога ќе седнат на тие фотељите, тогаш ставаат розеви очила, па недостатоците не им се гледаат. И се така во круг.

Меѓутоа плукањето по Охрид, по секоја цена, нити е издржано, нити има потреба од толкав хејт. Во секое туристичко место имаш цени за сечиј џеб. Е сега тоа што господата сакаат да отседнат во хотел, да имаат полн пансион, да имаат поглед на езеро и да платат 30 евра, е па нема.:toe: Амааааа во Грција било 30 евра, е па оди Грција каде што е 30 евра :icon_mrgr:Тука не е.
Не го плукам Охрид, на ваша страна сум втор град ми е по време каде се наоѓам во Македонија. Иначе добро е првиот чекор секогаш е да признаеш дека има недостаток. Ама следните се да се сменат. Тука има недостаток со оглед што некои проблеми се одамна присутни. Аргументот дека сте свесни и дека први сте погодени од нив не го сметам за валиден. Човек се навикнува на условите и ги прифаќа како дел од животот. Можеби и се чека „некој“ да ги реши проблемите ама секој од себе може да почне. И споредби со други места со недостаток исто така не се валидни. Секогаш ќе најдеш некој полош ама тоа не значи дека кај тебе е добро. Така да, одговорноста е кај секого и секој може со мали работи да ги менува работите. Не од денес за утре ама на долг план.

И ако убо си читала повеќе го пофалив Охрид од што го критизирав ;) Нели тоа го кажав дека треба критиките кои се добронамерни да се сфатат сериозно и не да се отфрлат на старт.
 
Ја за Охрид имам само една замерка, а тоа е дека без никакво криење, домаќините не не сакаат таму. Не само нас скопјани, туку сите туристи од Македонија.
Сите други замерки ми се дури смешни, и зависат од твојот избор на локали/смештаи, типот на одмор што го тераш и периодот од годината кога идеш. Всушност така е и на секое туристичко место :toe:

Ова не го кажувам на празно, секоја година идам по минимум два пати. Реално кај нас нема поинтересно место за да истераш викенд или неколку дена. И на 15, и на 25 години, и веројатно и на 40, кај да идам за викенд - во Дојран?
 
Последно уредено:
Плукањето по нашето ни е национален спорт.
Некој мора да го наполни езерото. :pipi:

Замерките се на место, луѓето не се гостопримливи.

Лично никогаш не го бранам Скопје, дури не го ни сакам Скопје, не ми се допаѓа како град. Загаден, пренаселен и нечист. Не е само "наше е па мора да го браниме".
Живеам на периферија на Скопје, тука е прекрасно, пресреќен сум и не се мрдам од тука. Некогаш ќе ти пратам фотки, има прекрасни пејсажи. :pipi:

пи.ес. И за Германците сте скапи. (n)
 
Бесмислена е дискусиjata, години уназад. На Охриѓани секогаш смештајот од вечер им е 0 денари. За сите други што не се од Охрид или немаат стан во Охрид ќе биде скапо. :toe:
 
Бесмислена е дискусиjata, години уназад. На Охриѓани секогаш смештајот од вечер им е 0 денари. За сите други што не се од Охрид или немаат стан во Охрид ќе биде скапо. :toe:
Кај е смештајот 0 денари? Струја не плаќаш? Бољер не уклучуваш? Дождовна вода не плаќаш? Колектор не плаќаш? То не е трошАк:icon_mrgr:

Освен ак живејш Воска:свиркам:
 
Хехе муабетиве детски уште се актуелни :icon_lol: Такви сме ние терсене табиет, никого нејќиме. Него ај Варошани ушче арни сме, на Дебрчани вие немате налетано хехе (шала, шала ):icon_lol:
 
Вечната борба варошани vs дебрчани:свиркам:

А оние што не се варошани, а не се ни од Дебрца, тие во која категорија спаѓаат:cautious:непознати или трети:icon_mrgr:
 
Абе аман цени вакви,цени такви абе овие ко ќе дојдет од страна незнам шо сакет скупо било
,абе луѓе живеет со тие цени секој ден еве ја не сум сеа последно појден Охрид од обврски ама шо е скупо толку нека кажит некој, тој истиот да имат апартман,кафич,ресторан со шо цени ќе ојт да е на саглам локација.
 
Вечната борба варошани vs дебрчани:свиркам:

А оние што не се варошани, а не се ни од Дебрца, тие во која категорија спаѓаат:cautious:непознати или трети:icon_mrgr:
Стружани се тие :icon_lol:
 
Вечната борба варошани vs дебрчани:свиркам:

А оние што не се варошани, а не се ни од Дебрца, тие во која категорија спаѓаат:cautious:непознати или трети:icon_mrgr:
Тие што не се ни варошани ни дебрчани се туристи. :icon_mrgr:
Порано дури и кај Турците ги имало сличниве поделби на граѓани и сељани.
 
Ја за Охрид имам само една замерка, а тоа е дека без никакво криење, домаќините не не сакаат таму. Не само нас скопјани, туку сите туристи од Македонија.
Сите други замерки ми се дури смешни, и зависат од твојот избор на локали/смештаи, типот на одмор што го тераш и периодот од годината кога идеш. Всушност така е и на секое туристичко место :toe:

Ова не го кажувам на празно, секоја година идам по минимум два пати. Реално кај нас нема поинтересно место за да истераш викенд или неколку дена. И на 15, и на 25 години, и веројатно и на 40, кај да идам за викенд - во Дојран?
Јас многу пати тука сум застанувала на страна на Охриѓани, не дека имам некаква посебна врска со Охрид... Мене не ми е јасно кај ги наоѓате неѓубезните човечиња низ Охрид? Години одам во Охрид бидејќи случајно имам стан и знам и подолго да седам. Не познавам ниеден комшија и живеење во зграда како заедница секогаш е трики без оглед дали си во Охрид, Скопје или не знам каде.. Тоа не е параметар за класификација на луѓе од еден град.
Ама до толку плукање на домаќините стварно не разбирам... Што очекувате во кафана? Да ве третираат како Мијалков? Дека во Скопје им клецаат коленцава на конобарите кога ќе седнете?
Мене повеќе ми паднало во очи колку дрско и надмено се однесуваат тие што доаѓаат во Охрид.. Со ѓубришта позади нив, како племиња распослани по плажите.. Бараат ниво и не знам каква услуга а доаѓа со пластично со сецкана лубеница на плажа и спојува 6 пешкири.
Барем во Охрид има плажа за секого: сакаш музика, сакаш помирно место, не сакаш лежални, одиш на Лагадин ако сакаш да те видат комшиите...
Скапо било.. И? Се е ствар на избор, сакаш оди, ако не оди кај ти чини. Зошто се споредува?
На комшиите од север кога ќе им кажеш дека имаш имот во Охрид како на Long Island да имаш имот...
Малце позитива ни фали...
 
И? Се е ствар на избор, сакаш оди, ако не оди кај ти чини. Зошто се споредува?
А зошто наместо да се поправат забелешките и критиките упатени од нас сиромашните скопјани, викате/викаат ако не ти чини не иди?"

Замисли бараш да се растерети гужвата од Скопје, да се најде некое решение, и некој да ти рече: Ако не ти чини, у Виница нема гужва, оди таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom