Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Мајка ми и татко ми ѕвонеа скоро за резервација, и многу чудно скоро сите огласи уште као од времето нудат соба и wc шо се дели на цел спрат, и кујна за сите, во 2020 година Охриѓани уше немаат или и да имаат нешо ептен малку апартмани.
Знам прашуваа апартман ли е, одговараат да апартман ама делиш wc и се останато.
Има неколку места што нудат вистински апартмани ама се најчесто зафатени.
По цена на Грција не одам во Охрид па последно нека е.
Нека се радуваат ваа година на парите поради ситуацијата со Ковид, да се нормализираат работите и отворат границите, Грција ни е на 200km треба да си луд на Охриѓани да им даваш пари.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Пошто не дојде годинава,а и нема да дојдиш до година, во Охрид завладеа тешка атмосвера.:place:
 
Пошто не дојде годинава,а и нема да дојдиш до година, во Охрид завладеа тешка атмосвера.:place:
Зато три дена врнеше, а баш се мислев од шо мојт да е.Можит ќе го дает кај Славчо Попоски на временска прогноза.
 
Апдејт: за 5 дена продолжвеле со уривање, причината што запреле (како што и си мислев) била "туристичката сезона".
Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Се е право на избор...мене ме нервира генерализирање на туристи во Охрид. Луѓево од сликата со тоалет и полн багажник исто се однесуваат и во Охрид и во Грција и во Црна Гора...Не значи дека тоа се туристи кои исклучиво доаѓаат во Охрид. Колку и да е хаос во Охрид, за разлика од многу други туристички места има различни содржини за различни вкусови. Ако не сакаш турбо фолк, имаш Охридско лето... ако не сакаш гужви по плажи, оди попладне или пешачи додека е гужвата имаш Галичица.
 
Апсолутно. Заебанција е сликата, таман работа, мразам генерализации.
Проблем е шо, во Македонија, Охрид ја имат најдобрата туристичка понуда, буквално сегде сум бил по Македонија( Берово, Крушево, Ресен, Маворово, Дојран итн итн), и како таков Охрид годинава не беше спремен за ова, мисљам дека никогаш немат да бидит спремен за ваков туризам, и се надевам дека немат да се повторит уш еднуш оваја година.
Лично не издавам ништо, не сум угостител нити туристички работник, нити пак некој од мојата фамилија е. Ама сакам да си легнам на време, да станам во 7 наутро наспан, да можам да завршам работа низ град без нервози и гужви.
Ова уствари и го имаше, претходниве неколку години, туристите шо беа низ град беа сигурно над 50% странци, користат точаци, пешачат, јавен превоз итн, имаја поголем почит према градот него нашите туристи од другите градови во Македонија.
 
Дечки, дали има и некој знае дива изолирана плажа/место во Охрид?
 
Дечки, дали има и некој знае дива изолирана плажа/место во Охрид?
Оди на пристаниште и прашај ги кајчарите- барај го Ристе Спутникон ќе ти кажит а и ке те возит до таму, малу е досаден ама услужлив.
 
За жал од пред еден месец до сега драстично е сменета сликата во Охрид.. Позитивно бев изненадена колку сите носеа маски низ Чаршијата ..Сега е сосема спротивно... Лабави прошетки, ретко кој маска а не можеш да се разминеш. Во право сте кога коментиравте дека има напад од „дивите“ низ градов...
 
Беше шо беше то.
 
Дечки, дали има и некој знае дива изолирана плажа/место во Охрид?
генерално ..со кајче ама не е безплатно
1. ..ако најдеш меѓу Десарет и Оревче место на патот да паркираш, па се спушташ по планината, ама не е апсолутно дива, доаѓаат и пешке и со кајчиња од Пештани
2. после музејот на колци, се паркира на патот и надолу до езеро... ама порано треба, се полнат и тие плажи
3. меѓу Трпејца и Љубаниште паркираш на патот па по планината низ жбуњето пешки до езеро
 
Дали некој знае pin point на мапа кај се наоѓа караулата кај што е сниман Караула филмот со поглед на охридско е, ја избаратав цела Галичица на гугл мапс и по гугл никаде не најдов информација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom