Се е право на избор...мене ме нервира генерализирање на туристи во Охрид. Луѓево од сликата со тоалет и полн багажник исто се однесуваат и во Охрид и во Грција и во Црна Гора...Не значи дека тоа се туристи кои исклучиво доаѓаат во Охрид. Колку и да е хаос во Охрид, за разлика од многу други туристички места има различни содржини за различни вкусови. Ако не сакаш турбо фолк, имаш Охридско лето... ако не сакаш гужви по плажи, оди попладне или пешачи додека е гужвата имаш Галичица.
Апсолутно. Заебанција е сликата, таман работа, мразам генерализации.
Проблем е шо, во Македонија, Охрид ја имат најдобрата туристичка понуда, буквално сегде сум бил по Македонија( Берово, Крушево, Ресен, Маворово, Дојран итн итн), и како таков Охрид годинава не беше спремен за ова, мисљам дека никогаш немат да бидит спремен за ваков туризам, и се надевам дека немат да се повторит уш еднуш оваја година.
Лично не издавам ништо, не сум угостител нити туристички работник, нити пак некој од мојата фамилија е. Ама сакам да си легнам на време, да станам во 7 наутро наспан, да можам да завршам работа низ град без нервози и гужви.
Ова уствари и го имаше, претходниве неколку години, туристите шо беа низ град беа сигурно над 50% странци, користат точаци, пешачат, јавен превоз итн, имаја поголем почит према градот него нашите туристи од другите градови во Македонија.