Ајде малце од моја страна гледано.

Револтиран сум ама морам од негде да почнам.
Јас како младо дете во мои средни дваесети сум ин(директно) засегнат да напишам збор два на темава.
Имам работено различни сезонски работи па да одиме..
1. Плажи од типот на Немо Слвија итн. со ниво рушење губат сопствениците но на туризмот нема некоја голема штета затоа што имам работено и истите плажи и шанкови Јуни се празни, гужвата е од 25 јули до 5 август. После 20 ти август мртвило бидејќи 90% одат основи средношколци итн..
2. Сите среќни скокнале за МОЖНО рушење на Куба Либре ?!.. Добро свесни сте на што алаудирате ?
Куба е нај култното место во летен период во ОХРИДОВ. Сите странци одат таму да трошат, ако имаш културни гости таму ке ги однесиш, ако сакаш да запознајш некоја странкиња исто е одлично место.
Да не зборвиме колку вработени во лето има таму, пола Охридски деца таму работат, еден куп работа на лето, ама и знам многу со дебели бакшиши шо заминале. Од сезонци па се до вработени за цела година а во сезона сум сигурен дека преку 50 вработени се персонал. Доколку се руши Куба Либре не губам јас ти туку ГУБИ ЦЕЛ ОХРИД, пошо како шо напишав Куба е репрезент на Охрид кој бил на кубалканика во лето знајт колку странци имало.
3. Останати платформи од стилот на Аквариус, Ноа, Канео итн... за разлика од овие кај Славија овие набројаниве се исто посетени од странски туристи. Пример е летна бавча Канео, со свое несекојдневно мени и убав амбиент е посетено од странски туристи сигурно 8 месеци во годината, шо е исто битно пошо работат наши Охридски деца.
4. Кој работат посериозно со туризам и апартмани знајт дека имат луѓе шо агенција им носит гости од Холандија, апартмани од април до октомври лани имаше шо работаја. Годинава кореспондентот на најголемата агенција ТУИ која работи со холандски туристи уште од старт кажа дека се е ОТКАЖАНО.
5. Ви пречеле погоре ко шо прочитав Бродови и Катамарани. Свесни сте дека еден куп Охриѓани го работат то сезонски, дел и преку цела година. Преку илјадиници странски туристи се донесени и извозани на прошетка на охридско езеро.
Јас после неколку различни средношколски летни работи, од типот на педалинки плажи итн конечно се пронајдов во туризмот во последните 2 лета од кој 7 месеци од годината имаше за мене работа.
Доколку се се руши, знајте шо следвит за нас младите ?
Во најубајте години требит да се испозатвориме по фабрики и конфекции ?
Мислите малце на својте синови, деца, внуци и сите останати, не е работата само пешкирот да можите пак да го ставите на песок кај Куба.
Поздрав од мене се надевам некој ке ме сватит.