Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
А која фирма ги врши рушењава?
 
Јас ке се согласам со @џимеј осеќам а и гледам со мој очи дека градов е комплетно изгубен и искрено неможит никогаш да се опоравит и ке одит само на полошо работава, посебно во корумпирана нефункционална држава ко нашава.

Видов некој шо не е од Охрид се жалит како Охрид ке изгубел зш ке немало бетонирано и платформи па ке немало туристите кај да седет и кафе да пиет, ама мислам дека требит да се сватит дека само во Македонија бетонирање и асвалт е гледано на нешто напредно или "средено" за нозете да не си ги издупеле на камењата езерски и слично.Требит вакви луге да сватет дека 99% од туристиве шо идет од Холандија или запад апсолутно неидат никој од нив за да му се чудет на напредниот македонски асвалт или архитектонското чудо на 10.000 платформи во езеро, напротив ако сакет да пиет кафиња по цел ден и да се куропецавет имет доволно пари да одет на места за тие работи ко Шпанија или Хрватска.Холанѓани идет Охрид со децении наназад и во 50-60 години, сигурно не идале за да го гледет бетон туку ради природата и различна култура.
Сличен пример за ова можам да наддам е дека можите сите да отворите google reviews за Св.Наум, можите да заприметите таму дека скоро сите ревјуа од Македонци е супер, како е "средено" а за средено во Македонија се подразбират све бетонирано со VH1 Hits пуштено в крај од 10 различни кафичи и тезги на секој пола метар, а од друга страна многу странски коментари на англиски пишет дека не очекувале музики и кафани туку Манастир.
Јас искрено немам нешто против за Св.Наум, единствено шо ми сметат е да, некогаш е глупо да слушаш музика во двор на манастир ама начинот на кој е среден патон и плажана е ок.

Исто прочитав дека некој вика не требало Куба да се урнит зошто било "културно" место каде биле сите журки, е сега то ако е точно тука е и проблемот, шо куба работит со децении и све е толку нормализирано кај нас шо сум скептик дека некогаш ке се опоравет работиве.Палас на времето било истото ко шо викате сега дека е Куба, ама Палас не бил влезен 50 метра во езеро па пак имало успех и било местото каде најмногу се мешет странски и домашни гости зошто да не можит и сега да е исто?

Многу луге исто ги жалет и Потпеш, Канео можда појкето се помали, ама до Потпеш и Канео пред неколку години се стигвеше само преку лабино или варош па низ дворој да му врвиш на луге Канео за да ојш на плажа и единствени луге шо ке одеа таму на плажа ке беа од Варош со пешкир, проблемот е сега шо сите тие плажи некој си ги зеде едноставно ко да се од таткому или од мајкаму, па неможит никој појке да ојт и да си седнит со пежкир или да седит тука на вечер, разбирам исто дека многу ги бранет тие плажи од единствена причина шо се во градов внатре, па может пешки да одет а никој од нив никогаш не одел пред да се бетонират све и да се напрајт ко приватен имот.
Ево сега гледам имет бетонирано и буквално до Лабино, бетониран пат скрос до долу женска плажа Лабино, искрено мене лично 100% поубо ми беше да одам таму ко беше све природно, немаше ни бетониран пат немаше ни канти, сега имат и пат и канти а секоја 2ра канта е скршена и напоредно со патов 2 метра во тревана полно е цело време со лајна и тоалетна хартија.
Само прашање на време е кога и Лабино нефи или некој друг ке си изградит кафич, то е проблемот.Дел по дел мамата му се еба на цел град inside out, све се почвит со "одржување на плажата", па следно е шанк, па бетонирање за појке маси, па платформа, па апартмани.
Оправдувањето е "вработивме 10 средношколци на лето и ги оставаме да крадет по 1000че промет дневно".
 
Ај кога сте веќе кај Лабино, ми кажаа дека на тоа место дозволено било да се кампува со шатор, не ми иди вака на ум каде можи тој шатор да се постави и дали би било проблем, ако сте информирани пишете.
Или ете не мора да е таму, каде можи да се кампува во Охрид, знам дека Љубаништа едно време кампуваа туристи.
 
Лабино беше маалска плажа, Кошиштани одеа на машка плаша а Варошани на женска, повозрасните одеа во пештерана и маваја ракии.Многу убо се одржаваше плажата, секоја сезона пред лето одеа постарите и ги косеа жбунојне и патче праеја во вода да ги тргнет камењана со школки за да стигниш до на карпи.
Ко шо се исели градов скоро никој не ојт појке, само неколку постари кај пештерана ама помалку и помалку од ко се бетонира и почнаја многу луге да шетет на таму.
Памтам секое лето без исклучок идаја хипици од Бугарија со шатори од април, мај и седеа горе на потпорнион зид над лабино, смрдеше на трева кога и да поминиш а памтам цело време од сабајле ко ке станеа свиреа на кавали,веке 3-4 години и нив ги немам видено, барем не во толкав број ко порано и не истите луге.
За шатор технични несмејш да постелиш, ама тогаш не му праеше никој проблеми, и сега би можел гледам јас некогаш шатори по 1-2 на истото место или некогаш скрос долу на плажа, ама незнам искрено ти колку би сакал пошо сега е бетонирано и многу луѓе шетет и се сликет на секој 2 метра, поентата на шатор би било да се одмориш и изолираш шо сега на то место не би било возможно пошто појке гужва имат него намзија и цела трева покрај бетониранион пат е полна со чоечки лајна и тоалетна хартија.
Ако сакаш да спиеш во шатор колку да не плаќаш смештај и не ти сметат да ти врвет луге и да се сликет околу тебе на секој 30 секунди би можел да се постелиш Лабино или Горна Порта на паркинг појке мир ке имаш.

Јас би ти препорачал шатор ако сакаш за одмор или за кулирање Љубаништа на дивине плажи, и таму можит да се заприметит дека со ова узурпација и заградвенње на плаживе во Охрид, појкето шо се со шатори во Љубаништа се Охригани него туристи, пошто е единствениот дек од Охридско Езеро од Македонскава страна шо не е бетонирано и асвалтирано.
Ем е најмирно, ем е све природа ама и плажата и водата ми е најуба таму.
 
Ахам,фала на инфото.
Не ми е целта за да не платам смештај туку сакам онака со друштво да си се распостелиме и да кулираме цела вечер, настрана од гужви и народ.
Најверојатно тоа ќе биди Љубаништа :)
 
Нефи е мафија кој смее да го допри него :icon_lol:
Инаку се познавам лично со чоекот преку еден пријател, знам во какви ствари е смешан ама како лик е ок.
На другар мој многу му има помогнато во животот.
ма топ е како лик за тебе
шо не си го земеш за по дома?
 
Кај Нефи пицеријана.Него не смеат да го чепнат.
Јас би отворил фирма за рушење и нека платат дебело од ВЛАДА ИЛИ ОПШТИНА па ќе почнам да рушам од кај него, ВОШКАР.
Па ќе видите дали е некој Intouchable.
 
Јас би отворил фирма за рушење и нека платат дебело од ВЛАДА ИЛИ ОПШТИНА па ќе почнам да рушам од кај него, ВОШКАР.
Па ќе видите дали е некој Intouchable.
Проблемот е шо таквите како него не се недопирливи оти се поврзани како црева со власта инаку не дека е некој мангуп.
Синкир Мијалков јакиот маж, ама има моќ, има власт и е недопирлив.
Автоматски споено мислење:

ма топ е како лик за тебе
шо не си го земеш за по дома?
Прашање на време беше ти да се јавиш, а се спомни нешто поврзано со Албанци и одма излегваш од дупка, како сензор да имаш.
 
Проблемот е шо таквите како него не се недопирливи оти се поврзани како црева со власта инаку не дека е некој мангуп.
Синкир Мијалков јакиот маж, ама има моќ, има власт и е недопирлив.
За све имат лек,за незаконско градење општината ќе рушит и и ќе си му пуштит фактура во рок од 10 дена да ја платит како во Токио или Лондон да рушеле ако не платит конфискација на куќата шо е позади и на оглас.
 
Абе да ама тука поинаку функционираат работите, како бели мечки се заштитени таквите.
Баш ме интересира шо ќе биди, дали за сите подеднакво ќе важи тоа или само некои ќе бидат жртвени јагниња.
 
Jас би ти препорачал шатор ако сакаш за одмор или за кулирање Љубаништа на дивине плажи, и таму можит да се заприметит дека со ова узурпација и заградвенње на плаживе во Охрид, појкето шо се со шатори во Љубаништа се Охригани него туристи, пошто е единствениот дек од Охридско Езеро од Македонскава страна шо не е бетонирано и асвалтирано.
Ем е најмирно, ем е све природа ама и плажата и водата ми е најуба таму.
Абе едно место остана во градов за охриѓани да се релаксирет, ќутите не го ширите. Ќе се караме за место после :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom