Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како ги гледате работите, но ова може да биде негативна реклама за Охрид. Туристите, посебно оние кои трошат пари бараат модерни и современо опремени објекти, а не запуштени тревни површини полни со трње.
е па не може и Јаре ( Унеско) и Паре ( шанкови, кафан, бич барови, скијање на вода)
Дури и тоа војската на каналот едно време што му чуваа јахтата на газда Трифун се расчисти мислам, а треба и овој Скендеровски што напраи мини марина... ако сакаш екологија ене Плитвице, Блед, нема глисеришта од по 200-300коња и дузини кајчиња со стари пенти и 4+ % мешавина, САМО елетрични возила и пловила и ВЕСЛАЊЕ , ЕДРЕЊЕ.....
 
Охрид ионака има што да понуди и без платформите ама реално човек некогаш сака и да седни да искулира на пијачка.
Тоа што го натрупаа градот со грди платформи е друг муабет, пример мене бела виста и куба либре тие ми се безвезе плажи и никогаш не би седнала таму макар и без пари да ми даваат да пијам, ама си има и убави местенца кои најверојатно ќе бидат рушени и тие.
Некој ужива на дива плажа некој сака народија, гужви итн.
Мене ми смета се повеќе гужвата,да нема крпа кај да оставиш, кај жешко е пекол па и наџичкани лежалки небаре цело езеро е нивно.
Летото лани бевме градиште и буквално немаше игла кај да фрлиш,ми се снеарни дури, патот под нозе и Десарет си заминав.
Градиште па имаше пред Оревче ни бараа карта да платиме за да ја посетиме плажата, наводно некој ДиЏеј имале викнато.
Најубаво место е го испустија со маси и лежалки, со стап да скокаш за да поминиш.
 
Ајде малце од моја страна гледано.:) Револтиран сум ама морам од негде да почнам.

Јас како младо дете во мои средни дваесети сум ин(директно) засегнат да напишам збор два на темава.
Имам работено различни сезонски работи па да одиме..

1. Плажи од типот на Немо Слвија итн. со ниво рушење губат сопствениците но на туризмот нема некоја голема штета затоа што имам работено и истите плажи и шанкови Јуни се празни, гужвата е од 25 јули до 5 август. После 20 ти август мртвило бидејќи 90% одат основи средношколци итн..

2. Сите среќни скокнале за МОЖНО рушење на Куба Либре ?!.. Добро свесни сте на што алаудирате ?
Куба е нај култното место во летен период во ОХРИДОВ. Сите странци одат таму да трошат, ако имаш културни гости таму ке ги однесиш, ако сакаш да запознајш некоја странкиња исто е одлично место.
Да не зборвиме колку вработени во лето има таму, пола Охридски деца таму работат, еден куп работа на лето, ама и знам многу со дебели бакшиши шо заминале. Од сезонци па се до вработени за цела година а во сезона сум сигурен дека преку 50 вработени се персонал. Доколку се руши Куба Либре не губам јас ти туку ГУБИ ЦЕЛ ОХРИД, пошо како шо напишав Куба е репрезент на Охрид кој бил на кубалканика во лето знајт колку странци имало.

3. Останати платформи од стилот на Аквариус, Ноа, Канео итн... за разлика од овие кај Славија овие набројаниве се исто посетени од странски туристи. Пример е летна бавча Канео, со свое несекојдневно мени и убав амбиент е посетено од странски туристи сигурно 8 месеци во годината, шо е исто битно пошо работат наши Охридски деца.

4. Кој работат посериозно со туризам и апартмани знајт дека имат луѓе шо агенција им носит гости од Холандија, апартмани од април до октомври лани имаше шо работаја. Годинава кореспондентот на најголемата агенција ТУИ која работи со холандски туристи уште од старт кажа дека се е ОТКАЖАНО.

5. Ви пречеле погоре ко шо прочитав Бродови и Катамарани. Свесни сте дека еден куп Охриѓани го работат то сезонски, дел и преку цела година. Преку илјадиници странски туристи се донесени и извозани на прошетка на охридско езеро.
Јас после неколку различни средношколски летни работи, од типот на педалинки плажи итн конечно се пронајдов во туризмот во последните 2 лета од кој 7 месеци од годината имаше за мене работа.

Доколку се се руши, знајте шо следвит за нас младите ?
Во најубајте години требит да се испозатвориме по фабрики и конфекции ?
Мислите малце на својте синови, деца, внуци и сите останати, не е работата само пешкирот да можите пак да го ставите на песок кај Куба.
Поздрав од мене се надевам некој ке ме сватит.
 
Дај мајката да му е*име на езерото и природата за охридските деца да можат да работат на плажа.
Ај кажи друже како Потпеш, Канео, Куба итн, му е**ат мајката на Охридското Езеро а и на природата? Нешто неам слушнато дека Езерово имат нешто претрпено, бар јавноста не е запознаета..
 
Ај кажи друже како Потпеш, Канео, Куба итн, му е**ат мајката на Охридското Езеро а и на природата? Нешто неам слушнато дека Езерово имат нешто претрпено, бар јавноста не е запознаета..
Железна платформа внатре во езерото( јер надвор од езерото, немат да седит никој), трската( тој дел кај шо се сеа тие платформи имаше добар дел трска, кај шо се мрестит риба, и уште еден голем дел фауна шо живејт во трските), бучава( итоа како штетна за сите нас, гласна музика до 4 сабајле), рушење и преправање на постоечките природни плажи во бетонски, висечки огради и парапетчиња за лежалка плус. Доволно е ?
 
Ај кажи друже како Потпеш, Канео, Куба итн, му е**ат мајката на Охридското Езеро а и на природата? Нешто неам слушнато дека Езерово имат нешто претрпено, бар јавноста не е запознаета..
Еве кај Немо изградените ВЦа не биле приклучени на канализација туку биле со септички јами, исто пред три години на сред туристичка сезона, водата кај Потпеш беше загадена со фекалии, вода која според загаденоста не смее да се користи за капење.
 
Железна платформа внатре во езерото( јер надвор од езерото, немат да седит никој), трската( тој дел кај шо се сеа тие платформи имаше добар дел трска, кај шо се мрестит риба, и уште еден голем дел фауна шо живејт во трските), бучава( итоа како штетна за сите нас, гласна музика до 4 сабајле), рушење и преправање на постоечките природни плажи во бетонски, висечки огради и парапетчиња за лежалка плус. Доволно е ?
Музика до 4 куба тешко, Канео и Потпеш невозможно, и јас не спиев до 4 заради Касарнана па не се пожалив, прв пат слушам дека 4 шипки, железо предизвикало проблем, се прајт тестирање на езеро до сега лично немам ништо слушнато, рибите да ги бараме кај концесионерон и кај рибократците т.е кај полицијана пошо државна тајна е кој кога работат а тие имет попаметна работа..Порано на овие плажи имало само ѓубре ...

Не викам дека немале пропусти, ама Имат милион работи за решавање пред платформиве...
 
Последно уредено:
Музика до 4 куба тешко, Канео и Потпеш, и јас не спиев до 4 заради Касарнана па не се пожалив, прв пат слушам дека 4 шики, железо предизвикало проблем, се прајт тестирање на езеро до сега лично немам ништо слушнато, рибите да ги бараме кај концесионерон и кај рибократците т.е кај полицијана пошо државна тајна е кој кога работат а тие имет попаметна работа..Порано на овие плажи имало само ѓубре ...
Епа музика до 1 е дозволено ако не а? Или после куба немат уште 2 платформи од која едната до лани имаше музика до 4 сабајле. Е јас се пожалив и за касарнана, јер ја слушав ко вмала да ми е, 4 дена одев ненаспан на работа. Ја знајш воопшто улогата на трската во Езерото?
Ако концесионерите си склучиле договор дека после истекувањето на договорот, плажите требит да ги вратат во првобитна состојба, шо е тогаш проблемот ?
 
Филипо треба да гледаш на подолгорочна страна, во охрид треба повеќе фабрики да има како што беа поранешните гигантски фабрики отекс итн каде што беа вработени скоро сите охриѓани... За плажи на работа се знае колку мојш да одиш на работа/или во кафич да работаш како конобар (само 1 месец и пол, после тоа никој не те гледа, со искучок на некои кои се ретки преку цела година).

Никој исто не мисли младинава на спорт и рекреација, сите знает трк дома/кафич или обратното, и тоа пак со кола,а не пешки или со точак.

И што е најважното немаше дружење луѓе (зборвам за пред коронава) ретко друштво дечки или девојки собрани заедно се само одделно пријател со пријател, и обратно..

Менталитет, толку заостанати злобни и љубоморни мислам дека никаде немат.
 
Неморат сите во градов со туризам да се занимаваме :) Некој напрајл пари од туризам па ајде и јас ќе се бавам со туризам, и зато после аматерска држава.
 
Ајде малце од моја страна гледано.:) Револтиран сум ама морам од негде да почнам.

Јас како младо дете во мои средни дваесети сум ин(директно) засегнат да напишам збор два на темава.
Имам работено различни сезонски работи па да одиме..

1. Плажи од типот на Немо Слвија итн. со ниво рушење губат сопствениците но на туризмот нема некоја голема штета затоа што имам работено и истите плажи и шанкови Јуни се празни, гужвата е од 25 јули до 5 август. После 20 ти август мртвило бидејќи 90% одат основи средношколци итн..

2. Сите среќни скокнале за МОЖНО рушење на Куба Либре ?!.. Добро свесни сте на што алаудирате ?
Куба е нај култното место во летен период во ОХРИДОВ. Сите странци одат таму да трошат, ако имаш културни гости таму ке ги однесиш, ако сакаш да запознајш некоја странкиња исто е одлично место.
Да не зборвиме колку вработени во лето има таму, пола Охридски деца таму работат, еден куп работа на лето, ама и знам многу со дебели бакшиши шо заминале. Од сезонци па се до вработени за цела година а во сезона сум сигурен дека преку 50 вработени се персонал. Доколку се руши Куба Либре не губам јас ти туку ГУБИ ЦЕЛ ОХРИД, пошо како шо напишав Куба е репрезент на Охрид кој бил на кубалканика во лето знајт колку странци имало.

3. Останати платформи од стилот на Аквариус, Ноа, Канео итн... за разлика од овие кај Славија овие набројаниве се исто посетени од странски туристи. Пример е летна бавча Канео, со свое несекојдневно мени и убав амбиент е посетено од странски туристи сигурно 8 месеци во годината, шо е исто битно пошо работат наши Охридски деца.

4. Кој работат посериозно со туризам и апартмани знајт дека имат луѓе шо агенција им носит гости од Холандија, апартмани од април до октомври лани имаше шо работаја. Годинава кореспондентот на најголемата агенција ТУИ која работи со холандски туристи уште од старт кажа дека се е ОТКАЖАНО.

5. Ви пречеле погоре ко шо прочитав Бродови и Катамарани. Свесни сте дека еден куп Охриѓани го работат то сезонски, дел и преку цела година. Преку илјадиници странски туристи се донесени и извозани на прошетка на охридско езеро.
Јас после неколку различни средношколски летни работи, од типот на педалинки плажи итн конечно се пронајдов во туризмот во последните 2 лета од кој 7 месеци од годината имаше за мене работа.

Доколку се се руши, знајте шо следвит за нас младите ?
Во најубајте години требит да се испозатвориме по фабрики и конфекции ?
Мислите малце на својте синови, деца, внуци и сите останати, не е работата само пешкирот да можите пак да го ставите на песок кај Куба.
Поздрав од мене се надевам некој ке ме сватит.
Со некои од работите шо ги наброја се слагам, ама одиш по логика дека ако странски турист посетит локал, ок е, а ако не, не е. Значит Аквариус (шо на зима се грејт со боца од која шо тушит плин и све смрдит), Ноа (со ужасна услуга, храна и цени), Александрија ( со маси на улица) се ок дека имат странци, а Славија не е ок? Не ме сфаќај погрешно, таја плажа ја напраја катастрофа и ич не ми е гајле дали ќе ја имат или не, ама не можиме ние останатите шо не живејме примарно од туризам да сме заложници на буџовани шо дрецкет музика до 4 сабајле (Куба и Кадмо), викет да им пејт шабанарија певаљки плус ристе ристески на ударно место (рибнион), или оние третине шо ни клинец немет вложено во локалот (дур одев Ликвид, дуваше промаја од сите страни).

Ги охрабрувам дечките како тебе шо тип топ ќе си водет бизнис во оваја гранка и се среќни и исполнети, и јас сум навистина среќен за тебе и другарчиња на кои можам да се сетам како пример.
И мене ми е жал дека годинава немат да имаме сезона и ќе сме на удар на дебар маалци шо ќе поседет два дена и ќе сликет фискални и ќе плачет по интернет, ама градов според мене е неповратно загубен во секој поглед и сега најмногу ги осеќаме последиците од една децениска систематска деградација. Инстантна депресија ме фаќат ко ќе размислам кој све зеде да бидит советник во општина, уште Ашим комшијава шо не е дојден на ред.
Автоматски споено мислење:

Не викам дека немале пропусти, ама Имат милион работи за решавање пред платформиве...
Ја видовме решителноста на сегашниов градоначалник и на тие пред него, урнаја две три карабини колку да се речит и два три објекти на плажа сега. Немат да видиме круцијални промени пошо ни оддалеку немат да се приближет до објектите на нефи.
 
Неморат сите во градов со туризам да се занимаваме :) Некој напрајл пари од туризам па ајде и јас ќе се бавам со туризам, и зато после аматерска држава.
Епа јбг немаме сите таленент за веб дизајн или програмски јазици па сме приморани да бараме друго чаре. Лесно е ко ќе си имаш стабилна работа мислам како што ми напомена ти кога еднаш прашував совет за вино. Нормално тебе лично не ти менвит туризмов. НО размисли дека имат луѓе шо возет катамарани, бродој
па дури и кајчина и се презадовлни пошо работа со странци е еден вид уживање. Сите тие без леб ке останет ова сезона а да не зборвам луѓе шо реновираја цели апартмани и еден куп вложија. Епа на овие две врсти плус туристички водичи многу ни менвит. :)
 
Кајчината и апартманите нема да пропаднат ако се рушат Куба и Кадмо.

Напротив, ако сезоната не биде централизирана во две недели со певалки туку биде проширена на културно ниво кое Охрид како град го има, истите можат да работат со странци цела година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom