Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе видиме како ќе е рушењево, дали ќе се рушет 2-3 градби колку да се речит или ќе продолжет насекаде.
 
Не знам како ги гледате работите, но ова може да биде негативна реклама за Охрид. Туристите, посебно оние кои трошат пари бараат модерни и современо опремени објекти, а не запуштени тревни површини полни со трње.
 
  • Хаха
Reactions: A__

И езерото бара модерни и совесни граѓани што се грижат за него, ама слабо го слушаме.
 
Не викам дека не си во право, но колку позитивно ова ќе се одрази врз градот останува да видиме. Не знам дали си свесен колку проценти од населението во Охрид се потпира врз туризмот, па аналогно на константно намалување на посетеноста на нашиот град, така ќе трпат сите подгранки од туризмот. Чисто за референца, погледнете што се случува во странство и во кој правец одат туристичките центри. Охрид има потенцијал да биде 257 пати подобар и од факинг Будва и од уште многу други според мене преценети центри, но со вакви одлуки и двојни аршини од нашата мила држава, закони кои за еден важат, за друг не... не знам до каде ќе замине. Да не се чудите ако ова застане тука каде што почна, па да го изеле тие од Немо за сите. :)

Уствари заборавив, ќе има туристи, пиперкари од околните градови, еднодневни екскурзии со полни багажи и направено ѓубре по плажите. Таман овие од министерство за финансии ќе дујат дека со купувам домашно картичките можело да се пројде 1 месец одмор во Охрид. :icon_lol:
 
Не знам како ги гледате работите, но ова може да биде негативна реклама за Охрид. Туристите, посебно оние кои трошат пари бараат модерни и современо опремени објекти, а не запуштени тревни површини полни со трње.

Тоа беше и поентата на концесијата, тревните површини со трње да се заменат со лесна конструкција и да се уредат за да се задоволат потребите на сите туристи, и тие кои имаат пари да платат лежалки, и тие кои сакаат да си легнат на пешкир.
Никој од концесионерите не се бунеше кога градеа ѕидови, платформи, кога се ставаа лежалки на секој празен простор па немаше место да поминеш низ плажа, не па пешкир да постелиш. Тогаш беа неми на апелите и на Охриѓани, и на туристите. Ак не ви чинит не идајте. Почнаа да се понашаат како трајни сопственици на тоа место, па гледам од Парк си ставиле ограда на плажата шо влегува дури и во езерото. Зошто? Јас не сметам дека треба да се наплаќа влез на плажа, колку сака нека е средена. Тој шо има пари и кејф да си земе лежалка, супер. Ама езерото е природен ресурс кој му припаѓа на сите граѓани, не само на оние со подлабок џеб.
 
Не викам дека не си во право, но колку позитивно ова ќе се одрази врз градот останува да видиме. Не знам дали си свесен колку проценти од населението во Охрид се потпира врз туризмот, па аналогно на константно намалување на посетеноста на нашиот град, така ќе трпат сите подгранки од туризмот. Чисто за референца, погледнете што се случува во странство и во кој правец одат туристичките центри. Охрид има потенцијал да биде 257 пати подобар и од факинг Будва и од уште многу други според мене преценети центри, но со вакви одлуки и двојни аршини од нашата мила држава, закони кои за еден важат, за друг не... не знам до каде ќе замине. Да не се чудите ако ова застане тука каде што почна, па да го изеле тие од Немо за сите. :)

Уствари заборавив, ќе има туристи, пиперкари од околните градови, еднодневни екскурзии со полни багажи и направено ѓубре по плажите. Таман овие од министерство за финансии ќе дујат дека со купувам домашно картичките можело да се пројде 1 месец одмор во Охрид. :icon_lol:
Не сум свесен право да ти кажам колку проценти од населението во Охрид се потпира врз туризмот, јер живеам во Охрид. Охрид не треба и не смее да биде ко Будва. Охридското Езеро е природен ресурс во кои треба сите да уживаме и да го заштитиме, а не да привлекуваме разно разни шлајмови од цел Балкан и Европа и да имаме техно туризам, јас така не го замислувам Охрид.
Турзам како гранка е многу повеќе од плажи, лежалки и пиво на маса. Ако не знаеме со природна убавина и историја како Охрид и околината да привлечеме туристи, тогаш воопшто и да ги нема е подобро.
 
Ние се покажавме некабожни за туризам, поважно ни е да испаркираме колона катамарани и да оптегниме со певаљка во рибнион. За жал, претпоставувам дека некако „случајно“, само конструкцијата кај Немо ќе останит урната, и немат да се чепнит ништо ни поблиску ни подалеку.
 
Не сум свесен право да ти кажам колку проценти од населението во Охрид се потпира врз туризмот, јер живеам во Охрид. Охрид не треба и не смее да биде ко Будва. Охридското Езеро е природен ресурс во кои треба сите да уживаме и да го заштитиме, а не да привлекуваме разно разни шлајмови од цел Балкан и Европа и да имаме техно туризам, јас така не го замислувам Охрид.
Турзам како гранка е многу повеќе од плажи, лежалки и пиво на маса. Ако не знаеме со природна убавина и историја како Охрид и околината да привлечеме туристи, тогаш воопшто и да ги нема е подобро.
Јас сум првиот што сака да биде туризмот така елитен како што го опиша ти, но интелектуалната способност на нашите менаџери и тур оператори и не е така голема за да дојдеме до тоа ниво на квалитетен туризам (зборувам за гостите кои се носат согласно понудата која ја имаме). Напротив, и таквата мизерна сезона што ја имавме, сега ќе биде заменета со уште помизерна варијанта.. како што посочив погоре. Но, истовремено и го делам мислењето со членот над мене, ова со уривањето може да запре тука, па џабе да е цел муабет, нели избори имаме за брзо, да замачкаат очи итн.
 
Не се работит за елитен туризам. И Нов Зеланд нема елитен туризам, ама знаат лугето како и со што да заработат. Нејсе, не е то тема на муабет, со бетони и железо е многу погрдо по плажите него да е покосени и чисто, ама јебига, менталниот склоп на неписмените македонци е да лежи цел ден на лежалка, да му носат пиво за осумдесче и да манјачи жени.
 
Секако ќе наштети на нашиов град ова, но пред се мислам дека шо претераа претераа, само на плажи не личет ( мислев да си седниш ко човек без да дојде "дечкото мора да платите за да седите).
Кој знае после некоја година можеби повторно на некои плажи пак ќе напрает нешто слично на ова но не во волку голем обем..
И плус нешто се шушка дека откако ќе завршет трета (се надеваме дека бетонот што го иставет ќе го ичистет) ќе продолжет надолу т. е горица 1 кон куба другиве дена па кон источна страна потпеш канео..
Јас ова не го кажвам пак ќе нагласам, мојте да прочитате по охридските портали.. Поздрав
 
Не викам дека не си во право, но колку позитивно ова ќе се одрази врз градот останува да видиме. Не знам дали си свесен колку проценти од населението во Охрид се потпира врз туризмот, па аналогно на константно намалување на посетеноста на нашиот град, така ќе трпат сите подгранки од туризмот. Чисто за референца, погледнете што се случува во странство и во кој правец одат туристичките центри. Охрид има потенцијал да биде 257 пати подобар и од факинг Будва и од уште многу други според мене преценети центри, но со вакви одлуки и двојни аршини од нашата мила држава, закони кои за еден важат, за друг не... не знам до каде ќе замине. Да не се чудите ако ова застане тука каде што почна, па да го изеле тие од Немо за сите. :)

Уствари заборавив, ќе има туристи, пиперкари од околните градови, еднодневни екскурзии со полни багажи и направено ѓубре по плажите. Таман овие од министерство за финансии ќе дујат дека со купувам домашно картичките можело да се пројде 1 месец одмор во Охрид. :icon_lol:
Ако можеш да објасниш како Охрид и охриѓани ќе изгубат од чистењето на плажите би било одлично.

Со точки и под точки.
 
Прво нека се исчистат во целост, бидејќи често само земаат сила, ќе напишам и точки и потточки што Охриѓани би изгубиле, специјално за тебе.
Не се работит за елитен туризам. И Нов Зеланд нема елитен туризам, ама знаат лугето како и со што да заработат. Нејсе, не е то тема на муабет, со бетони и железо е многу погрдо по плажите него да е покосени и чисто, ама јебига, менталниот склоп на неписмените македонци е да лежи цел ден на лежалка, да му носат пиво за осумдесче и да манјачи жени.
Јас ќе сум посреќен од тебе ако бидат толку чисти и покосени како што прогнозираш.
 
Прво нека се исчистат во целост, бидејќи често само земаат сила, ќе напишам и точки и потточки што Охриѓани би изгубиле, специјално за тебе.
Eво хипотетички се исчистени.

Можеш слободно да елаборираш.
 
Eво хипотетички се исчистени.

Можеш слободно да елаборираш.
Хипотетички да земеме дека не би можел да ги разбереш моите точки и потточки, оттука нема потреба да го губам времето.
 
Абре никако не ни се погодвит , ама јас сум за да мавнат се од то шо се шанкој плочници и лежалки.. сликава е од можда најпознатата плажа во цел свет мајами бич, нит шанк ни лежалки ништо немат ако ти е за кафе од спротива имаш кафичи и продавници све друго е плажа ама баш плажа.
91104f61d29bec7ec4db81996088220a.jpg

Sent from my MI 9 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom