Да се надоврзам и јас на муабетиве за локаливе, сите сега се фурет на стил лоунџ барој, све некако фенси и кремски места и скоро нигде немат атмосфера, посебно за на лето ноќниов живот во градов е најумрен можда во историјава последниве 5-6 години... еве да ги земиме 3те места кај шо се излегвеше најмногу период 2010-2015
Кадмо Плажа- работеше турбо и во неделата се носеја по 3-4 звучни имиња(екс ју естрада ) имаја развиено шема прво загреваше ДЈ, па главната звезда па после то Џони Лајф

имаше љуѓе до кај 4/5 сабалје иако владееше "селјачка" атмосфера, сега Кадмо минативе год е максимално пропаднато, работит до 1:30 макс и цело лето наизменично настапвет Џони и братот Јоце Панов.
Парк - исто така работеше фул, се полнеше малце покасно од Кадмо и имаше секоја вечер различен event дали пена парти,хип хоп најт,рнб,хаус итн...не разденвеше доста често ко ќе си одевме пешки до дома, а сега Парк се полнит 3 пати во текот на летото, се фурет некој Oldschool техно забави и анонимни Диџеји и во глобала беше посетувано од браќата од Струга...
Куба - овде излегвев најчесто пред да одам Парк/Кадмо и неможам да кажам точно ама знам имаше каде каде појака атмосфера и појќе простор за играње, сега е све сепариња и маси и се гасит музика во 1.
Сума сумарум на лето единствените опции после 1 сатот ти се:
Патка - најлошото место на лето во градов шо поќе изгледат на некој собир в парк него на ноќен клуб, сите во дворот или надвор закачени и размуабетени со лименките купени од кај Стифон, музика немојш нишо да слушниш и нормално таму се ојт да отепаш пола сат, сат да напрајш муабет, од секој друг аспект е една голема 0.
Хавана - нејкам да ја коментирам таму едвај на зима се издржвит, а не пак на лето + секоја вечер процент на машки-женски 80-20.
Авејк-топ е да наминиш ако ти се некој од следните ствари во прилог: никаква вентилација и максимално потење, ненормално скапи цени во некој од вечерите како флаширана вода 100 Хел енергетски 150 секое жестоко мин 150 или пак посетеност од малолетни лица.
Еспана/Беко/Вила Стар - нема да ги коментариме овие луксузи
Додајте на ова и масивната намаленост на посета во градов од млади туристи (особено од нашава држава) доведе до еден колапс на ноќниов живот во споредба со годините ние ко бевме средно/студенти, а сигурен сум и пред то пошо знам вриеше со туристи од цела МК дур бев помал.