M-1
Добро утро Махачкала!
- Член од
- 6 септември 2010
- Мислења
- 4.243
- Поени од реакции
- 7.364
Ко шо кажвит @gade , најдобро е да се ојт директно за врв Магаро од таму ги фаќаш најдобро двене езера.Ме интересира од кое место на Галичица би се гледало најдобро на Охридско и Преспанско Езеро и како да се стигне до него. Дали се посериозни предизвици и треба опрема или би се стигнало и полесно. Знам за Еленов врв што е над Велестово, од кај бензинската на излез на градот, ако имате некој совет или препорака споделете. Фала.
Ак ојш преку Велесто, имат доста пат за цапање. Ак не си спремен не се нафаќај да се качвиш од таму. Незборвам и не мислам спремен само на физички, туку и психички, опрема, намирници...Навидум Галичица сите ја гледет ко гола планина, но истата носит многу потенцијални опасности.
Мојш за полесно, да ојш со кола и да влезиш Галичица, патот ти се делит меѓу Трпејца и Љубаништа. На истата да извозиш до пресек Ливада, да ја остајш тука колата и да цапаш после сат, два, два и пол (кој колку е спремен) до Магаро горе. Влез во НП Галичица за кола ти е 100 денари и 30 денари по човек се доплаќат.
И уствари све џабе ти кажав, ко имат забрана за движење до петнајсти или триеспрви Август од седум сабајле до пет поручек.
А ак се решиш да ојш, тогај мојш да побараш дозвола за движење од дирекцијна на НП Галичица. То ти се најџвит на истиот пат ко ќе движиш од Макпетрол бензиска Бејбунар за Велесто, на истиот пат 200-300 метри од десна страна ти се најџвит.
Препорачвам, ак ти дает дозвола и ак ојш од Велесто, тогаш високи обувки и добар чорап обавезно (најмногу ради змии отровни-потскоци и шарки) после смокој и тежината на теренот, маичка со долги ракај или 30-50 фактор крема, капче и очила, спреј за тело против комарци (мојш и чај, зш бербат ќе те сторет) и најбитно ВОДА и намирници.
Убав помин.