Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Кој дојдоја бе? Абе Грујо непуштат пиле да прелетат овија ќе ти дојделе, седи тука пиј ракија пред коперација.
:ROFLMAO:
 
Во последно време не бев во можност да излегувам па малце зарѓав, ме интересира кај е шемата моментално, т.е кај се женските ?:icon_mrgr:

Пошо и кога и да одам Кадмо или Ликвид 80% стапој се...:свиркам:
 
Во последно време не бев во можност да излегувам па малце зарѓав, ме интересира кај е шемата моментално, т.е кај се женските ?:icon_mrgr:

Пошо и кога и да одам Кадмо или Ликвид 80% стапој се...:свиркам:
Хемингвеј до 2 после Хавана.
 
I_think_not.gif


Ништо ич....(n)
 
I_think_not.gif


Ништо ич....(n)
епа тие се местата бе другарче , и да сакаш немојт појке избор... а и зависит кое годиште си пошо Хемингвеј ти одет пичиња под 18 години :) малолетно е све таму , а и Duck го заборајвте . толку е изборот 5 места :)
 
епа тие се местата бе другарче , и да сакаш немојт појке избор... а и зависит кое годиште си пошо Хемингвеј ти одет пичиња под 18 години :) малолетно е све таму , а и Duck го заборајвте . толку е изборот 5 места :)
Скоро 22 па и заради тоа го избегавам Хемингвеј.
Ај следниов викенд ќе одам до Дак да видам шо е како е.:)
 
Скоро 22 па и заради тоа го избегавам Хемингвеј.
Ај следниов викенд ќе одам до Дак да видам шо е како е.:)
Знајш Дак ко секогаш шо е - лабаво место. Иначе то е едно исто па се скрурчи веќе стана многу монотоно. Немат многу игра шо би се рекло :)
мала промена ти е во Среда да си ојш Кадмо на студентска и то е :) друго немат , истото си остана :)
 
А бе кај паткана.. Кај паткана не се ојт за журка и играње и пеење до сабајле. Кај него се ојт онака опуштено, да се видиш со некој љуѓе шо само таму мојш да ги видиш и да видиш некое момиче шо само таму мојш да го видиш :icon_lol: Кај паткана летово се одеше исклучиво ради странкињи и скопјанки нормално :P
 
А што сме ние модерни.Браво за општината.

ДВОЈАЗИЧНИ ТАБЛИ ВО ОХРИД
НА 15 ОКТОМВРИ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Охриѓани збунети и затечени од новите двојазнични табли кои деновиве осамнаа пред вратите од ПЕ на ПИОМ во Охрид. На таблите на македонски и на албански јазик стои називот на канцеларијата и имињата на вработените во неа. Граѓаните поради лични причини сакаа да останат анонимни, а до нашата редакција пратија слики и прашуваат како може во општина Охрид да бидат поставени такви табли кога во Законот за употреба на јазици кажано е дека овој закон се применува онаму каде што најмалку 20% од граѓаните во РМ и во Единиците на Локалната Самоуправа го зборуваат овој јазик. Бидејќи станува збор за подрачна единица на државна установа , градоначалникот Никола Бакрачески не беше запознат со состојбата.
:facepalm:


dvojazicni%20tabli.jpg

„Добро ќе ги провериме членовите од законот кои се однесуваат на пишувањето на натписите двојазично со оглед на тоа што се работи за државна институција значи не е институција на Локалната Самоуправа ќе провериме каква е законската регулатива во тој дел и понатака ќе постапиме согласно со законот“ - изјав Бакрачески.

Одговор за новите двојазични табли побаравме од раководителот на ПЕ на ПИОМ во Охрид, Самет Ризвани. Тој не упати да се обратиме до централата на ПИОМ во Скопје, бидејќи од таму ги добиле двојазичните табли и им било кажано да ги постават.
Од Централата на ПИОМ во Скопје пак, во врска со прашањето за двојазичните табли во Охрид ни посочија лице кое е задолжено да даде одговор на прашањата поврзани со таа тема но службеничката денеска била отсутна. ТВМ и во следните денови ќе настојува во интерес на јавноста да дознае зошто се поставени двојазичните табли и дали се согласно законските одредби.
 
Мене ми се интересни овие градоначалници, министри...што со ништо не се запознаени. мутави:unsure:[DOUBLEPOST=1413456779][/DOUBLEPOST]Ќе се гради угостителски објект на малото пристаниште во Охрид?

Убо реков, ако можат и везеро ќе градат, ко да ме слушнал некој:facepalm::place:[DOUBLEPOST=1413456827][/DOUBLEPOST]http://www.ohridnews.com/vesti/75975
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom