Како Охриѓанец и локал патриот, сум дал од себе све сите гости да се добредојдени исто. Англичани,Пољаци,Грци,Турци итн.. во мојава работа сум добивал многу пати пофалби и баш кога мислев дека лошите работи ги имаме искоренето како охриѓани, се погодија две млади девојки. Седам со двете девојки од Англија, и муабети бла бла фала ти за све ова она, и еднава ми викат фала ти камо сите да беа како тебе.. Молим и викам ?!
И почна да ми кажвит, во стар дел биле сместени, све океј, излегле на тераса на цигаре да запалат и нормално облекле патики пошо ладно е навечер, во моментот се погодила "газдарицата" или шо и да била постара жена им се изнавикала, 5 минути им се дерела, нормално не знаела англиски пошо била постара. Кутрите се преплашиле. Исто и во диско излегле негде да се повеселат, и таму имале слична дешавка.. Колку и да се трудиме сепак ке имат некој ко шо ке се понашаат како да сме 2006 а не 2026.