до каде е работата со полигонон? Што ќе градат таму? веројатно некој грди згради, што друго?
Вчера со еден другар од бројната охридска дијаспора во Скопје малку евоциравме сеќавања. Јас заборавив дека освен футбал и ракомет и баскет на полигончено доаѓаше секоје лето и луна парк. ПОсебно популарни беа флипери и видео игри. Брачед ми ме влечкаше да гледаме или да играме, те. тој играше а јас го гледав понекогаш му пукав, бев многу мал, ми даваа пари но повеќе тој ги трошеше. Знам дека изрека му беше „да го победиме Ропелон„, имаше рекорди на тие видео игри, не знам кој беше зад тој надимок но стално беше прв. Нормално никогаш не го победивме.
А посебен шоу правеше Јуре Штурецон на флипери. Ние покрај езеро или во ѓупскион пред Мецофорте а некој другар ќе дотрачаше -Јуре дојде да игра флипери, и цела тајфа трчаница на полигон да го гледаме.