Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Во една реченица да го сумираме потценувачкиот тон на домашниот турист кон Охрид

Самоилови тврдини, цркви, историја, се е тоа џабе.
Толку за дискусијава.
Јас мислам дека темата треба да оди под клуч пошто и онака секоја дискусија е исцрпена и дојдовме до општ заклучок дека НЕМА подобри домаќини, граѓани и угостители од Охриѓани.

Се молат админите да ги спуштат ролетните. :angel:
 
И све да се поапси..Од модератор до администратор, и секој што пишал лошо искуство на темава..
 
@Емкаа :love:

Секој странец со воодушевување зборува за Охрид, само за аристократијава наша не чинит.

По бившине воени бази „А ла Неа Пори“ и слични, немаат проблем да јадат ловечки паштети и да фалат колку е убаво, ама во Охрид очекуваат да јадат охридска пастрмка, дур ги ладат нозете во езеро. Ко ќе седнат келнерот да му се поклонит 3 пати, темане да му напрајт и порцијата да чинит не појќе од 300 денари. Зш скапо му е.
Еми седни бе пиле во Станица(бившо Гурман), Панорама, Ај ти, ете Мече, најади се ко чоек за ич пари, не морат да се пикаш по Чун, Александрија, Кадмо, Нова Ревиера, Тино, Далга, Белведере и слично и после да кукаш скапо било, вакво било, такво било.
И на крај секогаш епилогот е тој „ак ти чинит, ак не мораТ“.
Ако е убаво бујрум, ако не е убаво,со здравје.
Аман те секоја година истите песни.

И Џабе верглате, пак е најубав :love:
 
Никој не ја демантираТ убајната на Охрид.
 
Правите ли разлика, од нешто што е скапо и нешто што чини многу пари? Пример не знам, скапо е да дадеш 100 денари за вода, ако секаде е 20. Ама не е скапо да дадеш 100.000 евра за Масерати, ако му е толку реалната цена.

Значи ако во рандом ресторан, просечен човек ќе се најаде океј за 500 денари, а во Чун на пример ќе му требаат 1000 денари, тогаш во Чун, секој од параметрите што додаваат на цена, треба да е во просек 2 повисок од тој обичен ресторан.

Двојно повисока кирија (не верувам), двојно повисоки плати на вработените (не верувам и ова), двојно поубава локација (можда, ама не сите одат само за локацијата и погледот), двојно поубава храна (најчесто врв рестораните имаат крш храна), пет пати подобра услуга, двојно полоша (рандом не знам што).

Ако не е таква вистината, тогаш нема основа да е скапо. Не зборам конкретно за Охрид, сите локали горе-доле работат на тој принцип во МК. Значи ем не нуди ништо повеќе, а бара 50-100% повисоки цени. Е нема бе секој месец да заработувате по еден џип а да не мрдате со прст. Пре би јадел од маалска пекара, него таму да им седнувам. Во Скопје за мене постојат 3 кафани, другото е финансиски друштва налик на овие со брзите кредити.

Во Австрија, цените на планински врв од околу 2500 м.н.в, во ресторан со преубав поглед, беа за 5%-15% повисоки од тие долу во гратчето. Да беше Охрид или општо во МК, тој ресторан ќе имаше 75-100% повисоки цени, бидејќи бил на планина, бил со стакла, не знам што.
 
Најголема глупост е да се плукаат домашните туристи ипак они се најбројни плус тука би ги додал тинејџерите кои неможат надвор од Мк а сакаат одмор без родители сами и нормално одат во Ох
Треба да се сфати дека не идат само Скопјани у Ох туку и од другите градови
Треба да се сфати дека странските туристи ке дојдат најчесто еднаш и толку а домашните се секоја година а на домашните им е видено се од Самоилова до Св.Наум значи не паѓаат на таа фора преубав е Ох има што да се види, на лето се оди за плажа и бањање
Треба да се сфати дека Ох живее од туризам а не било кој рандом град друг па да споредувате на кеј у Ск колку е или на широк сокак
Треба да се сфати дека нема туризам без домашните туристи баталете филмови за елитен туризам зашто ако дојде до тоа и оние од Потпеш ке ги иселат со се покуќнина и се ке има само не наши таму
 
Секогаш, во сите векови и сите времиња, Халкидики за Охрид ќе биде Бахамските острови. Прифатете и сфатете дека море е сидрион пати подобро од камен ладно езеро, минимални плажи пуни камења и преценети арогантни домаќини. Голем кур, цркви мркви историја бла бла бла.
Многу убаво освежување даваат овие ствари на 45 степени у сред лето мора да признаам. Еднаш у живот доволно е тоа да го видиш, и не мора баш кога е време за бањање и ладење на плажа да идам да гледам камени ѕидови и да плаќам 500 денари (трескам на памет, ама сигурно не е 50 денари) карта за истите ствари веќе видени 100 пати.
Ни води ни терај.
 
Правите ли разлика, од нешто што е скапо и нешто што чини многу пари? Пример не знам, скапо е да дадеш 100 денари за вода, ако секаде е 20. Ама не е скапо да дадеш 100.000 евра за Масерати, ако му е толку реалната цена.

Значи ако во рандом ресторан, просечен човек ќе се најаде океј за 500 денари, а во Чун на пример ќе му требаат 1000 денари, тогаш во Чун, секој од параметрите што додаваат на цена, треба да е во просек 2 повисок од тој обичен ресторан.
Се сложувам со твојот пост.
Така треба да биде. Ама како е, е друга работа. И не само во Охрид, туку и секаде.
Ќе го земам за пример Острово во Св. Наум. Во нормален ресторант ќе платам Х сума на пари, а во Острово за истотот јадење ќе платам Х3 од сумата (а неретко и повеќе). Ама мене никој не ми е виновен што јас сум избрала да седнам и таму да јадам, иако свесно знам дека кога келнерот ќе ми ја донесе сметката ќе ми залетне во грло. Е после немам право да мрчам, вакво е, такво е, онакво е.
Станува збор за приватни бизниси и самите газди ги одредуваат цените, па ко воли, нек изволи.
Ти ќе дојдеш во Охрид 2 пати и може да се жалиш и на лоша услуга и на скапи цени и сето тоа е во ред. Ама охриѓани истите цени ги плаќаат секојдневно, ете тука е разликата. И не секој во Охрид се занимава со туризам.

Од друга страна, секаде и секогаш имаш цени од, до. Како што кажа Емка, имаш и угостителски објекти кои сериозно и вложуваат и се залагаат за туристичката понуда, ама имаш и таканаречени „диви“ издавачи.
И биди сигурен дека било каде и да одиш секаде си гледан како подвижна вреќа со пари. Немој да мислиш дека тој во Бугарија/Албанија/Грција или било каде, не те гледа така.
 
Значи ако во рандом ресторан, просечен човек ќе се најаде океј за 500 денари, а во Чун на пример ќе му требаат 1000 денари, тогаш во Чун, секој од параметрите што додаваат на цена, треба да е во просек 2 повисок од тој обичен ресторан.

Двојно повисока кирија (не верувам), двојно повисоки плати на вработените (не верувам и ова), двојно поубава локација (можда, ама не сите одат само за локацијата и погледот), двојно поубава храна (најчесто врв рестораните имаат крш храна), пет пати подобра услуга, двојно полоша (рандом не знам што).
Pa OK po site parametri sto si gi nabrojal i e x2, nz sto e prob... Ne deka ti davaat pleskajca ili tost so kecap majonez za 1000 vo podobrive restorani...
Автоматски споено мислење:

ќе платам Х3 од сумата (а неретко и повеќе).
Da, ama ako ne e kvalitetot x3 toa e chist grabez
 
Квалитетот не ја диктира цената кога станува збор за угостителство. Сите сте свесни кога одите во туристички градови насекаде низ светот, дека рестораните на главните шеталишта и околу центарот се буквално tourist traps, и скоро никогаш не ја оправдуваат високата цена со нивото на услуга/производ што се добива.
 
како и вработените во нив се најмалку Охриѓани туку долетани од кај тие исти туристи шо џамкет за нивното понашање.
...кога бев во Белведере на ручек, во рандом муабет со келнерот што ме служеше, ми кажа дека е од Велес и во летна сезона во Охрид доаѓал, оти младите не сакале да работат или бегале надвор.
 
Се сложувам со твојот пост.
Така треба да биде. Ама како е, е друга работа. И не само во Охрид, туку и секаде.
Ќе го земам за пример Острово во Св. Наум. Во нормален ресторант ќе платам Х сума на пари, а во Острово за истотот јадење ќе платам Х3 од сумата (а неретко и повеќе). Ама мене никој не ми е виновен што јас сум избрала да седнам и таму да јадам, иако свесно знам дека кога келнерот ќе ми ја донесе сметката ќе ми залетне во грло. Е после немам право да мрчам, вакво е, такво е, онакво е.
Станува збор за приватни бизниси и самите газди ги одредуваат цените, па ко воли, нек изволи.
Ти ќе дојдеш во Охрид 2 пати и може да се жалиш и на лоша услуга и на скапи цени и сето тоа е во ред. Ама охриѓани истите цени ги плаќаат секојдневно, ете тука е разликата. И не секој во Охрид се занимава со туризам.

Од друга страна, секаде и секогаш имаш цени од, до. Како што кажа Емка, имаш и угостителски објекти кои сериозно и вложуваат и се залагаат за туристичката понуда, ама имаш и таканаречени „диви“ издавачи.
И биди сигурен дека било каде и да одиш секаде си гледан како подвижна вреќа со пари. Немој да мислиш дека тој во Бугарија/Албанија/Грција или било каде, не те гледа така.
Абе сега секој што оди на одмор нормално е да си сака ручек покрај езеро, да ја види убавината на Охрид, да го вдиши мирисот на езерото, да се напие кафе наутро во мир и тишина да ги слуша само бранојте. Ако треба да одам кај црногорцине на бензиска за да се напијам кафе, зошто вцентар е тристотки, тогаш не ни мора да одам Охрид.

Кога ги утврдуваат цените охридските угостители треба да си направат евалуација и да погледнат околу себе и куповната моќ на населението. Ако добар дел од населението може да си дозволи 2 викенди во Охрид, не може ти цените да ги напрајш како да сме Швајцарци и Германци заедно...
 
...кога бев во Белведере на ручек, во рандом муабет со келнерот што ме служеше, ми кажа дека е од Велес и во летна сезона во Охрид доаѓал, оти младите не сакале да работат или бегале надвор.
Од сегде ги имат буквално Прилеп,Битола,Кавадарци итн и од стално ги имало прво по зборвењено ќе го позниш дек не е од Охрид еве јас сум од Струга во Струга од поодамна имат од Албанија да работат во овој сектор многу од угостители и останати гранки ко трговија е напикано во 3-4 фабрики шо просперираат овде.
 
Кога ги утврдуваат цените охридските угостители треба да си направат евалуација и да погледнат околу себе и куповната моќ на населението. Ако добар дел од населението може да си дозволи 2 викенди во Охрид, не може ти цените да ги напрајш како да сме Швајцарци и Германци заедно...

Ова може само во Алиса и земјата на чудата вака :icon_lol: Побарувачката ја одредува цената, се додека има некој што е спремен да ја плати никого нема да ја намали специјално за тебе пошто си земљак. Исто ко Швеѓаните да бараат поефтин Спотифај или Германците да бараат поефтино БМВ или Грците да бараат поефтин одмор на Миконос. Хрватите исто не можат да си дозволат летување на нивното море, јбг тоа е.

Темава не ја следам, само гледам секое лето станува активна, отварам и гледам истата тема на разговор. Тоа што Охрид за странци е ефтин а за вас е скап не е вина на Охриѓани туку на државата, економијата, вашиот работодавач, вашите одлуки во животот и кариерата. Ако Охрид е надвор од можностите јбг, испружи нозе колку што е долга чергата и правец Дојран, планина, река, ливада. Не е обврска на Охрид да обезбеди одмор секому, обврска е да преживее од туризам. Сфаќам дека газди на хотели, ресторани, пекари во МК се алчни говеда (секаде, не само Охрид) и сакаат преку ноќ Бил Гејтс да бидат ама тоа си е нивно право - твое право е да бојкотираш и да одиш кај што ти одговара. Бар имаме Грција, Албанија блиску, за 2-3 саати си на море. Не мора да е Охрид, никој не тера некого со пиштол на глава да оди Охрид па да се жали од цени.
 
Епа и Охриѓани да не се лутат зошто мнозинството Македонци преферираат да одат Грција и Црна Гора од Охрид. За тие пари што ќе ги потрошам во Охрид каде како дете 10 години летував и плус живеев 4 години, за истите а и помалку пари ќе отидам на море, и нема да морам да плаќам таксисти за 2 километри 400 денари. Сега лутете се, не лутете се, тоа е фактот. Значи ок, сфаќам дека е туристичко место и се останато, пазарна економија, ама ако се паметни малку трговците и угостителите, еве ќе земам пример некоја рандом фенси пицерија:

Како и се исплаќа повеќе да продаде 300 пици денот со по 100 денари чист ќар од пица, или да продај 40 пици со по 300 денари чист ќар од пица? Ако земеме хипотетички во предвид дека просечниот Македонец (95% од цела држава), не би платил толку пари за пица, и истата цена од 300 денари за пица ја има во некое поубаво место за капење и за одмор, нормално ќе си речи ајде Охрид сум цел живот, ќе одам Грција, и да платам ќе видам нешто ново. Е сега кога ќе ги вклучиш сите работи потребни за туристот да е задоволен како примерот со пицата, тогаш ќе речам, чекај бе ќе тркнам до Охрид, тука ми е, плус можам да си дозволам и да се опуштам малку, е тогаш би го одбрал Охрид.

Значи да се разбереме, не сакам да навредам никој, мене цела фамилија најблиска ми е во Охрид, но реално денешниот турист не сака „ак ти чинит сеј ак не имат друг“ и таков вид на однос.

Се дури се понашаат и одат со максимата „ак не ви чинит, не идајте“ и со тоа што одиш сметаат дека ти добиваш а тие губат, се дотогаш Охрид ќе биди место каде луѓето ќе одат за викенд, ќе се искапат 2 дена, а главниот одмор ќе си го тераат во Грција, Турција, Црна Гора....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom