Од јануари месец се раскопа улица 15 Корпус (прво троатоари, па сега и цела улица). Помина дел од зимата, помина цела пролет, сега ете го летото. Се чека да дојде јули, да има навалица од луѓе, па да ги опнат машините демек „еве нешто градиме“.
Улица Абас Емин, 200 метри реконструкција од март месец е почната и раскопана. Ете го јули ни тропа на врата.Примери колку да сакаш/
Значи се чека да почне сезоната на гужви, за механизацијата да прави уште поголеми гужви и нервози.
Во секоја нормална држава, се копа, реконструира, гради, кога има најмала фрекфенција на луѓе.
Ама зошто да биде просто, кога може да биде сложено