Тие шо учеа Христо, ја памтите Снежана сендвичарана? Значит до ден денска, неможам и немам најдено поубав тост од тој во Снежана, 10 денари беше лепче само со кечап и мајонез, 20 денари беше плус помфрит, 25 беше салама и кашкавал и кој беше најбогат јадеше од 35 со плус помфрит

Гужви невидени, то кечапот и мајонезот незнам како ги праеја ама беа најубај на цел свет, секој ден да можев таму да јадам ќе јадев.
Арно ама колку шо разбрав вересијата ги отепа нив, пишанката, и затворија мислам негде 2004-5. Денес на то место имет отворено книговодствено биро.