Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Со комбе до Метропол плажа, карта 20 ден.До Градиште било 30 ден.Dafuq???
Лани дупло повисоки цените беа.
http://www.ohridpress.com/оchрid/оd-gаlеb-zа-inаеt-vоzаt-pо-nајniсki-tsеni
Го поштовам слоганов.Директно в чело и без многу сентименталности (y)
Galeb.jpg


Од друга страна е интересно дека најверојатно не е намалена цената од Градиште понатака до Св. Наум, кај шо се монопол.Ама и ова им е добро, со оглед дека надвор од сезона линиите после Градиште до Свети Наум им се загуба или околу нула ... Некаде читав или гледав на тв дека после намалување на цените во локален и 420 за Скопје, приходите им скокнале за 40%, а гледам и дивине таксисти за Струга се понамалени.

Баш ме интересират дали уште ќе се жалат на цените за превоз ‘туристите‘ и дали уште ќе возат дивите по ‘автобуска цена‘:sneaky:
 
Рекордно високи температури на езерската вода
icon_at_textsize.gif
Денес извршените мерења на темепратурата на водата во Охридското езеро покажуваат дека таа изнесува 26,5 степени, што значи дека за само дваесет дена нејзината температура се покачила за повеќе од шест степени.

Стручните лица коментираат дека езерската вода ретко кога во овој период од годината била толку топла. Додаваат дека вообичаено, доколку тоа го дозволувале временските услови, таа достигнувала до 25 степени, но дури кон крајот на месец јули.

s%203.jpg

Со оглед на временските прогнози дека топлото и стабилно време ќе продолжи и во текот на месецот, се очекува температурата на водата во езерото постојано да се зголемува.

Како што информираат од Центарот за јавно здравје, последните анализи покажаа дека најголемиот дел од површинската вода од охридското и струшкото крајбрежје е од прва и втора класа, што значи дека е безбедна и може да се користи за капење, спорт и рекреација.

Во тек е земање на нови примероци од повеќе мерни места чија анализа ќе заврши за неколку дена.



Не се исплаќат на плажа да ојш, дома со црево ќе се прскам од сеа бар поладна е.
 
И многу топла вода не е убо.26 степени е нетипично за охр. езеро.
 
Дојдоја гостиве, се испомочаја в езеро и го стоплија. Ама ова појќе од струшка страна, од наша страна гостиве поладно мочет.
 
Да немојт чоек да се оладит од шо е топла, ама убо сношти заврна па можит поладна е сега.
 
Mи треба сместување во Охрид за 2ца од 20ти јули (следниот петок) за 8-9 ноќевања. Може некој да ми прати некој понуди? :)
 
Ми треба сместување и мене, за 6на од 1 август, тројца ќе спиеме само за 1 и 2 август, другиве ќе останат уште. Цени? Смештај? Каде?
 
Ми треба сместување и мене, за 6на од 1 август, тројца ќе спиеме само за 1 и 2 август, другиве ќе останат уште. Цени? Смештај? Каде?
Ако си бил во Охрид имам апартмани за издавање над спорт М за 3ца луѓе 30 евра од вечер е засега а од 20 јули натака 40 евра .
 
Ај и за мене ако може некои добри сместувања и како се движат цени?
 
ај ако има некој соби за по 300 или 350 денари од лице нека ми пише :)
 
Мене ме интересира на која плажа се плаќаат влез, односно лежалки, и колку, а на која не се плаќа т.е. можеш фино лепо да си постелиш пешкирче и да уживаш ? :)
 
Ако си бил во Охрид имам апартмани за издавање над спорт М за 3ца луѓе 30 евра од вечер е засега а од 20 јули натака 40 евра .
Многу сте ми интересни со цениве...
На море поефтин смештај ќе најдеш него у Охрид - на езеро...
Еве и конкретен пример, другарка глеаше за во Бугарија како се движат цените и најде апартман за 20 евра, а тука Охриѓани ќе ми продаваат муда за бубрези, па малце им било 30 евра од ноќ, па сеа 40 евра ќе зголемувале....
Ко мршојадци сте ебаго...
 
Кој датум ќе биде Охридскиот пиво фест и кои ќе настапуваат?
 
Многу сте ми интересни со цениве...
На море поефтин смештај ќе најдеш него у Охрид - на езеро...
Еве и конкретен пример, другарка глеаше за во Бугарија како се движат цените и најде апартман за 20 евра, а тука Охриѓани ќе ми продаваат муда за бубрези, па малце им било 30 евра од ноќ, па сеа 40 евра ќе зголемувале....
Ко мршојадци сте ебаго...
Сакаш нејќеш .. трета опција нема !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom