Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Море овие Охриѓани гнаси гнасосани се значит, сега во викендов пијав каве турско ми го наплатија 214(двестачетрнајсе АЛО!!) денари.(ама не се сечавам кај го пијав) Абе не ме нервират то шо е толку ама тие 14денари кај ги најде, ја незна.
Уааа потомци од цара Самоила, езероно да ви се одлејт уаааа!!!!
 
Скопко 0.33 120 денари ајде..... фураме до 200.. немат проблем :pos:
И јас сум од Охрид и цениве се катастрофа .... претерано е ова :mad:
 
Вакви се цените во места настрана од кејот и центарот, ама ...

10525912_771202582900574_1464049122449423591_n.jpg
 
Море овие Охриѓани гнаси гнасосани се значит, сега во викендов пијав каве турско ми го наплатија 214(двестачетрнајсе АЛО!!) денари.(ама не се сечавам кај го пијав) Абе не ме нервират то шо е толку ама тие 14денари кај ги најде, ја незна.
Уааа потомци од цара Самоила, езероно да ви се одлејт уаааа!!!!

Ам зато не се сеќаваш.... немаш ни пиено ни платено :icon_lol:
 
Ама кој сакат овде да пијат кафе? Во Фешн? Пффф

Еее чоече не е оа у ЛиквиТ, не знает ни дека постојт :D ова или Балабанс или такви некој настрана од кејон/плоштадон.Исто ко шо не знает за Панорама па се трует со Лесковачка и по сендвичарине пљус останвет без пари.Едни викаа сакале да седат во Куба, ама максимум 50 денари да било макијато.И јас сакам Милкана во маркетине да е 30 денари, ама не е :(
 
Шемата е у Ликвид, Кадмо, Парк ама ако е скупо пак ќе идеме таму, ќе се сликаме и на фб 200 лајка:vozbud:. Шала настрана ама кога некој оди на одмор прашајте бе луге кај има убаво, евтино јадење, евтина пијачка..
 
Шала настрана ама кога некој оди на одмор прашајте бе луге кај има убаво, евтино јадење, евтина пијачка..

Вие од страна.
Ова прво прочитајте го во темава и после друго.Не зеаме пари за совет.
 
Не секогаш проблемот е во угостителите и гостите знаат да го покажат селското во нив не дека овие вработените се некој цвеќа ама некој гости претеруваат еве еден пример ке ти кажам не беше во Охрид Струга беше али нема врска имаше еден Скопјанец и му побара на келнерот бокал со ладна вода со мраз,келнерот му носит вода типот ја зеде и ја тури во дримон пред него и му викат донеси ми уш еден бокал.Кажи ми сеа како да се биде љубезен со такво говедо ке те изнервират ке ти го сјебат цел ден и после шо бил персоналот за нигде.
А бе добро ...такви говеда од гости има секаде...Ама другите гости не се кабает заради тоа говедо...
Општо, мојот впечаток за љубезноста е негативен...Седнуваш во локал спремен да потрошиш пари а келнерот ти се пули со презир од далечина и едвај ти вели Повелете, ко небаре си дојден душата да му ја земеш а не пари да му дадеш...
Се сместуваш во соба, не дека ти нудат којзнае што (да делиш и купатило и кујна со сите во куќата, што не е во ред) ама ајде ексик, и згора на тоа да ти кажува слекувај ги влечките ко ќе влегуваш, после 10 вечер глас да не слушнам...Па мајку му стара ти класна си ми или ...??
Не е во ред...Ти за сето тоа даваш пари и треба да бидеш истолериран...Има секакви идиоти и нешто не е за толерирање, ама не смееш со гостите да се однесуваш како да се кадети на воена академија...
 
Ханиоти село во Грција во кое ако не се Србите и Македонците веројатно пиле нема да стапне. Охрид бисер на Балканот кој врие од историја и места за посета. Точно е дека цените во Охрид се високи за наш стандард но како што веќе заклучивме цените ги регулира пазарот и веројатно на тој што ставил цена од 150 денари за гиро има кој да му го купи гирото. Плус глупо е да се споредува гиро кое во Јунистан е секојдевна храна и масовно се произведува со гиро во Македонија кое суште е исклучок во храната и се смета за луксуз. Значи еден на еден никогаш не се прават споредби зошто освен цената треба да се споредат и многу други фактори.
 
леле еј споредбава. Ханиоти со Охрид. Во никој случај не ја оправдувам цената на гирото и секако е висока, ама едно грчко селце покрај море да споредите со историски град како Охрид е стварно смешно. Истата песна секоја година.
 
Не секогаш проблемот е во угостителите и гостите знаат да го покажат селското во нив не дека овие вработените се некој цвеќа ама некој гости претеруваат еве еден пример ке ти кажам не беше во Охрид Струга беше али нема врска имаше еден Скопјанец и му побара на келнерот бокал со ладна вода со мраз,келнерот му носит вода типот ја зеде и ја тури во дримон пред него и му викат донеси ми уш еден бокал.Кажи ми сеа како да се биде љубезен со такво говедо ке те изнервират ке ти го сјебат цел ден и после шо бил персоналот за нигде.

Таква е угостителската работа.Да дозволам некој што го истурил бокалот да ми го расипе цел ден, ја уште еден ќе му носам за да истури, да се види дека ептен голема работа направил. И тој за 30 мин до 1 час време ќе си оди и толку.
 
Ханиоти село во Грција во кое ако не се Србите и Македонците веројатно пиле нема да стапне. Охрид бисер на Балканот кој врие од историја и места за посета. Точно е дека цените во Охрид се високи за наш стандард но како што веќе заклучивме цените ги регулира пазарот и веројатно на тој што ставил цена од 150 денари за гиро има кој да му го купи гирото. Плус глупо е да се споредува гиро кое во Јунистан е секојдевна храна и масовно се произведува со гиро во Македонија кое суште е исклучок во храната и се смета за луксуз. Значи еден на еден никогаш не се прават споредби зошто освен цената треба да се споредат и многу други фактори.
Остај братче, муабетов ти е на место ,ама никој нема да те разберит.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom