Отец Ивица vs Дарвин

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување Време на започнување
Миленко го собори Дарвин
Денес е многу полесно човек да стане мајмун отколку обратно

Миленко Неделковски, заедно со едно попче на Канал 5, ја собори теоријата за еволуцијата на човекот и живиот свет на Дарвин. Беше тоа незаборавно доживување и голем светски прилог на македонската научна мисла. Силен надомест што Охридско Eзеро не влезе во светските чуда. Охрид не влезе, ама Миленко влезе. Вакво шарлатанство далеку под нивото и на секогаш интересниот и возбудлив Деникен не би било вредно за внимание ако Македонија навистина не загазува се' подлабоко во провинционализам и примитивизам кој се граничи со безумие и, што е најзагрижувачки, е под закрила на власта и на црквата.

Приказната е трагикомична. Во спокоен и идиличен манастирски амбиент, Миленко, една од новите македонски ТВ-ѕвезди за планетарни будалштини, онака кул, олабавено, како типичен какаван кој веќе соборил успешно неколку светски научни заблуди, како онаа дека секое тело потопено во вода истиснува онолку вода колку што тежи телото, Миленко наш потопен во вода не истиснува ништо, иако многу тежи, и едно духовно лице си прикажуваа три-четири часа дека Дарвиновата теорија за еволуцијата е комунистичка измислица и голема светска измама. Најсилен доказ на нашите главни јунаци беше, ако Дарвин тврди дека од мајмун станал човек, зошто тоа сега не го направат научниците. На пример, да земат едно шимпанзо и да го еволуираат во денешен човек. Па сите тоа да го видиме и да се увериме. Што да ви кажам, парада на бисери на глупоста кои стасаа до правот, амебите, парамециумите... Една од најинтелигентните тези на наш Миленко беше дека и на Марс има вода, ама нема живот. Зошто само на планетата Земја има живот, се прашува мудриот Миленко и поентира со одговорот: затоа што Господ го создал животот само на Земјата, а теориите за еволуции се заговор на безбожниците. Попчето беше повоздржано, но одлично ги искористи неукоста и бездарноста на Миленко кога овој се исчудуваше како тоа сега никој не може од мајмун да направи човек. Се разбира, еволуцијата која трае со милиони години, научните истражувања и стотиците универзитетски центри кои работат со високи научни дострели за овие двајца дибеци не значат ништо. Всушност, тие се типичен доказ дека еволуцијата во обратна насока е многу побрза. На пример, од неандерталец до хомо сапиенс биле потребни милиони години. А од човек да стане мајмун, доволно е времето од една телевизиска емисија.Во овие три години се изнагледавме еволутивни процеси во Македонија во спротивна насока, односно како нормални луѓе влегуваат во некаков времеплов и за ден-два гледаме во живо будалетинки кои по природен еволутивен пат е невозможно да се создадат. Па како поинаку да се протолкува дека преку националната телевизија МРТВ се емитуваа филмови, божем документарни, кои докажуваат дека првите луѓе биле македоноиди од кои настанал првиот бел човек. Потоа се појави современ наш човек Македонец, научник, кој тврди дека првиот јазик во светот, протојазик, татко на сите јазици, е македонскиот и дека индоевропската група јазици, како и сите други е измислица и голема научна заблуда. И словенските јазици, се разбира, како и сите други настанале од македонскиот протојазик. Затоа, ете, биле слични македонскиот и словенските јазици. Потоа откривме нови македонски цивилизации и писмо од пред шеесет илјади години, откривме свирче старо пет илјади години, па откривме дека Дедал и Икар биле Македонци, па откривме дека Филип и Александар се наши предци, па откривме дека Адам и Ева се Македонци и се така со ред до Дарвиновата теорија која, ете, наш Миленко ја растури на парчиња.

По некаква случајност, додека Миленко и попчето прикажуваа зошто денес може да се направи од мајмун човек, на првиот канал на Хрватската телевизија одеше научна емисија за еволуцијата на човештвото и живиот свет. Се изредија десетици доктори на науки кои на популарен јазик и со толкување на досегашните пронајдоци во разни периоди, особено за развојот на човечкиот мозок, го објаснуваа епохалното значење на Дарвиновата теорија на еволуцијата. Да се соборува Дарвиновата теорија е шарлатанство рамно на тоа да се соборуваат Ајнштајн и неговата теорија за релативитетот или, пак, да се оспори Питагоровата теорема, ако сакате посликовито, соборувањето на Дарвиновата теорија во телевизиска емисија со Миленко е исто како да тврдите дека Земјата не е тркалезна и не се врти околу Сонцето. Навистина, Црквата едно време ги гореше на клада луѓето кои го тврдат тоа, ама со време ја увиде големата заблуда, па му се извини на човештвото. И нашата ортодоксна црква која е најмалку реформирана ги почитува науката и научните достигнувања. Но, ете, во Македонија црковните великодостоинственици ја прифатија примамливата мамка да ги негираат Дарвин и теоријата на еволуцијата. Дури и крајната десница во развиениот свет и католичката црква бегаат од оваа замка, но нашата преселба во славното минато каде што имаме досега невидена мешавина на паганство и христијанство не' направи заробеници на тотален анахронизам напуштен уште во доцниот среден век. Дури ни на екстремните Срби кои се прогласија за небесен народ не им текна византискиот император Константин роден во Наисус (Ниш) да го прогласат за Србин. Арапите не се ни обидуваат да се прогласат за наследници на старите Египќани, иако се гордеат со пирамидите и профитираат од нив. Ни Италијанците не се воодушевуваат од своите националисти за да бидат внучиња на Цезар и Помпеј.

Ова се навистина одлични теми за овие летни горештини кога земјата влегува во длабока рецесија која мораше конечно да ја признаат и Груевски и Ставрески. Се разбира, со мала исправка дека рецесијата е поголема кај другите. Таму повеќе паѓало оти има што да падне, а кај нас помалку паѓало оти нема што да падне. Брилијантен е примерот на власта во споредбата на Македонија со Исланд. Во оваа земја националниот доход по глава на жител паднал од 40 илјади на 25 илјади долари. Замислете. А кај нас никој не знае колку е сега националниот доход по глава на човек. Кога од 5 илјади ќе падне на 3 илјади, било помалку од Исланд, кој банкротирал. Види богати каква генијална поента. Кога од малку ќе падне на ништо, според Ставрески, тоа е подносливо. Овие научни теории се извонредни кога треба да се гради стратегија како да го смениме уставното име на државата, да ги обновиме преговорите со ММФ и да ги исполниме барањата на Брисел. Зошто сега би дебатирале околу тоа кога многу е поинтересно како се прави од човек мајмун отколку обратно. Зошто да дебатираме за рецесија, за името и за ММФ кога е подобро да го срушиме Дарвин, да го викнеме Александар Македонски на помош, кој веќе има роднини во Скопје. Сето тоа ќе се докаже само за неколку месеци кога со целиот свој сјај ќе излезат на виделина спомениците на Градскиот плоштад, кога ќе почнат да рикаат лавовите пред мостот Гоце Делчев, новите згради на стариот театар, музеите на восочни фигури, на жртвите од комунизмот, новата арена „Филип Втори“. Сето тоа ќе биде најграндиозниот споменик на македонскиот примитивизам во првата декада од 21 век. Единствена утеха е дека, сепак, науката ќе победи, како и секогаш, но оваа генерација на македонски властодршци тоа најскапо ќе го плати од сите досега познати забегувања во антиката во светот.

Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.Ерол Ризаов
 
Да се прифати Дарвиновата теорија значи исто како и да се прифати дека нашите животи се безвредни,обезличени и условени со постоењето на физикусот односно материја во распаѓање, таканаречено наше тело.
Но...
Да се постави прашањето
Дали тука има нешто повеќе? Значи да се прифати постоењето на Бог.

Вреден е колку што ти ќе го направиш да биде.
 
Дарвинизмот се повикува на факти,но кој од вас ги разгледал тие факти?Никој...
За Еволуцијата на човекот од човеколики мајмуни треба докази.Да ги видиме фактите.
Човекот според фосилни остатоци до сега е фактички стар 160 илјади години.Во последните 2 милиони години живееле човеколики мајмуни и сите тие опстанале се до пред 30000 години,така да тие не се поврзани со човековата еволуција.Не може да се каже денес дека човекот евоуирал од Хомо еректус кога имаме фосили од него стари од 1500 000 години но и од 30000 години.И за неандерталците се теоретизираше дека се предци според Дарвинистите но денес се знае дека тие живееле напоредно со човекот.Појавата на човекот не е до сега докажана со еволутивни предци и постои празнина од 2000 000 години до човеколики мајмуни
кој не опстанале и не живееле напоредно со човекот.Тоа е фактичката состојба
и таа не може да се замени со толкувања на риби со крилја и не знам што..

Дарвиновата теорија е строго детерминирана во научниот свет и не постојат никакви дебати дали се случила туку само дебати како се случила,дебатите се гласни и со препукнување помеѓу научната фела затоа и креационистите манипулираат со тоа дека е теорија во буквална смисла на зборот дедека се знае дека во науката теорија е добро докажана научна идеа која може да се обсервира и тестира.

Апропо за фосилните дупки што ги спомена се согласувам дека ги има ама ти ако веќе се антрополог сигурно знаеш дека има многу транзициони фосили кој го докажуваат токму спротивното зошто тие не ти се земени за репер и сам знаеш дека има многу организми не оставаат фосили. Многу од тие транзициони организми вирееле во време кога не бил овозможен процесот на фосилизација.

Потеклото на видовите е книга пред 150 години и многу нормално е дека Дарвин не опфатил се во неа и самиот тој не тврди дека е омнисцентен и неговата теорија е некомплетна но тоа не ја поткопува неговата теорија за еволуција напротив секојдневно се тестира и докажува и моментално е единствено издржано објаснување за диверзитетот на животот.


Друго значајно прашање е креацијата на животот.Да можеше да се креира животот од нежива материја до сега многу попрефригани дарвинисти тоа ќе го направеа.До тогаш животот е исклучок а не е правило.Тоа што не се знае би требало да се признае дека не се знае.Науката има една мана,се чувствува повикана да има одговори за се и сешто па дури и тогаш кога ги нема.Тогаш кога ги нема одговорите
развива теорија која е најверојатно прифатена вистина.Понекогаш тоа е просперитетно.а понекогаш назадно.
Ако ја знаеш Дарвиновата теорија сигурно нема да прашуваш за креација на животот зошто Дарвин воопшто не се занимава со тоа неговата теорија е за прогресот на организмите не за нивното настанување.

Има различни теории за тоа јас за моето видување мислам имам пишано и порано низ некој постови ама не е темата за тоа.

Дарвионовата теорија онака зададена се срекава со уште еден проблем .Покушувајќи да се постави како универзално правило преку тезите за доминација и опстанок самата се побива како универзално правило преку човекот и неговата Пирова победа над сите животни и растенија што го гледаме преку промена на климата од активноста на доминаторот низ неговата борба за опстанок.Дарвиновата теорија буквално треба да биде погрешна за да опстане живиот свет на оваа планета.
Еволуцијата не поседува естетски и морални вредности кај неа нема хиерархија воопшто човекот не е нејзината најдобра креација напротив некоја амеба или ајкула или оние раковите кој се задржале со милиони години во истиот облик би рекол дека се најголемата креација на еволуцијата.
Зарем мал доказ ти е слепото црево дека си несовршен?
И на крај за Дарвиновата теорија и доказите.Не може да се докажува генетска мутација преку испитување на фосили,ако пред се немаш информации за еволутивноста на генетската модификација .Тоа самоможе да биде шарлатанство.
Ако и постои мутација која е еволутивна промена таа треба да се докаже,да се објасни принципот,процесот,да биде подвргната на лабалаториско докажување.Тогаш оваа теорија би имала смисла,но ние немаме такви докази за еволутивна промена кај гените која би ја докажале еволуцијата како природна закономерност.До тогаш таа е само уште една филозофска теорија

Како бе шарлатанство молекуларна биологија јас колку што знам и ден денеска тие твој гени имаат варијабилност 10 ‘ 9 отприлика колку имаш поголема варијабилност во геникумот толку тие и поголема шансата да се репродуцираш затоа некој видови ги лапнала еволуцијата или пак преживеале во помали количини.

Ако водиме дискусија тогаш е редно да ти го спомнеш твојот светоглед тука за да можеме да разговараме на рамноправно ниво.
Вака со 1000 зошто 1000 затоа не се води дискусија
Поздрав

Можеш да читаш колку сакаш, но очигледно дека не си разбрал ништо од прочитаното.

луѓето постоеле уште пред 300.000години во времето на опстојување на неандерталците, и не се промениле до ден денешен, освен развојот на техниката друг развој не е забележан во историјата на човештвото, медицината не се развива, духовноста на луѓето стагнира, се е исто само што имаме компјутери, тв и слично.

Филозофке ајде да ти дадам елементарен бесплатен курс.

Нашиот предок е роден пред 50 милиони години во источниот дел на екваторијална Африка пред 7 милиони години слегува во саваната и некакви еволутивни промени дожувава пред 4,5 додека бебешки зачекорува пред околу 3 милиони години. Екстремитетите се развивале исто така и мозокот како што и спомнав погоре и го дале првиот Хомо Еректус пред 1,7 милиони години додека првиот човек барем во иста форма како и ние е пред околу 100,000 години односно Хомо Еректусот е нашиот најдиректен предок значи ние сме од Африка,

Според најновите истражувања научниците се поделено околу интерпретцијата дека Неандралецот е можеби наш далечен предок или не.
Дали Хомо Еректусот кога пенетрирал и направил инвазија во Европа е најмалку релевантно исто така дали имало канибализам и дали бил Неандралецот изеден.


Го прочитав чланокот на Национал Географик и не знам од која причина не се опфатени сите теори на научниците јас лично го имам филмот за островот Флорес каде е пронајден Хобитот и е бонус трака на Birth of Civilisation .Филмот се вика Tiny Humans Finding "Hobbits" in Flores и е околу 90 минути ако го изгледаш ќе видиш дека теоријата е таа дека островите се место кое е специфично за егзистирање, на истиот остров се пронајдени фосили од слонови од 4 стопи и рептили со огромни димензии.
 
Уште неколку децении сиромаштија е цената на македонската антиквизација што ќе мора да ја платиме сите. Толку чинат два-три мандати на оваа власт.Ерол Ризаов
Миленко го поби Дарвин, Отец Ивица го поби Дарвин, Ерол ги поби двајцата, офсајд, дигна рака судијата, фаул.
Само тој Ерол како ги врзува работите, Емисијата, еволуцијата, антиквизацијата... чкембе чорба.

Далеку поучени и попаметни ниту го докажале едното ниту другото па овде некој ќе го докаже било кој став, како не. Ако ги сфатиме само како дискусии, емисии, теории... помалку ќе боли. Никој жив нит го знае, ниту пак мислам дека ќе ги знае во овој век одговорите (и покрај фактот дека секој изнесува аргументи од своја гледна точка кои за нас делуваат многу реално, најмногу од причина што за истите тези се потрошени илјадници и илјадници... милијарди долари кои можеле и попаметно да се потрошат).

Гледам Ризаов арно го зашамарил карикава Миленко сепак требало да му објасни уште малку или да му даде линк за ЗПО за 4-то одделение и него и на свештеното лице.
Таа креатура може само себеси да се шамара, да направи услуга пошто неговите текстови не се во контекст на емисијата.

Уосталом зошто да нема и други мислења и убедувања, разноликоста е богатство. Но можда од една апсолутна вистина (која Буцио ја спомна и сликовито) во поблиското минато преминавме во слобода на мислења и дискусии па затоа некому е чудно-дури и недозволиво-народот поинаку и различно да мисли.
А за што била користена оваа за еволуцијата и сличните теории од англиската круна во времето на колонизирањето на светот...има по сајтови да се прочита.
 
Има нешто во ова...но не е така...дарвиновата теорија е извитоперена на запад и е претвворена во социјален дарвинизам...кој го форсира натпреварот и борбата за опстанок...кои се само мал составен дел од еволуцијата а не како погрешно се тврди нејзина основа...
А за дали има нешто повеќе...секој сам треба да си го најде патот до духовноста...и до одговорот...рецептот од Палестина од пред 2000 години не успева во тоа...освен утеха - до некаде...

Тумпс ап Тукатер изгледа се мешат поимите помеѓу социјален дарвинизам и биолошка еволуција.
Јас лично не сум некој фан на социјален дарвинизам како филозофски дискурс но тоа не значи дека не ја подржувам Дарвиновата теорија.
 
Прашање до верниците

Колку ја прифаќате Дарвиновата теорија како единствен репер за човековото постоење и ако не ја прифаќате која е вашата теорија?

„..Воденица меле „брашно„, Џониии...„.- К-15.

Иако постои поднаслов на форумов со слична/иста тематика, мојот став е следен:

1. Теоријата на еволуцијата е една од најголемите заблуди досега, свесно, намерно и целисходно измислена и недокажана ЛАГА.
2. Теоријата на еволуцијата е нов вид ВЕРА, оти нејзините поклоници ВЕРУВААТ во нејзините тези, кои НЕ МОЖАТ да ги докажат!
3. Немам „моја„ теорија, туку вера православна.
 
"Екстремитетите се развивале исто така и мозокот како што и спомнав погоре и го дале првиот Хомо Еректус пред 1,7 милиони години додека првиот човек барем во иста форма како и ние е пред околу 100,000 години односно Хомо Еректусот е нашиот најдиректен предок значи ние сме од Африка"

Јас пак тврдам дека хомо-еректусот потекнува од човекот и подолу се мојте докази :vozbud::pos2::pos2::pos2::helou:

NG 6

Species: Homo erectus
Age: Upper Pleistocene
Date of Discovery: 1931-1933
Location: Ngandong, Java
Discovered by: C. ter Haar and GHR von Koenigswald

The site of Ngandong yielded calvaria (skull caps) of a dozen individuals. Absolute dating of the remains was not originally possible. A 1996 study provided surprisingly young dates of 27,000 to 53,000 years old, based on two age estimating techniques (called electron spin resonance and U-series dating). The two techniques were applied to animal teeth recently collected from the same levels where the early human calvaria were excavated in the 1930s.

The reason why these dates are so surprising is that the morphology of the NG 6 and other skull caps from Ngandong is characteristic of Homo erectus. Look at the photos here, and you'll see that the crania show a low, broad braincase and pronounced supraorbital torus. These features can also be seen in the classic Homo erectus fossils of Trinil 2 and Sangiran 2.

Although the Ngandong fossil sample exhibits a slightly larger cranial (braincase) capacity than earlier erectus, the skulls are clearly those of H. erectus. The age estimate implies, then, that a population of this early human species persisted well into the time period of our own species.


Skhul V




Species: Homo sapiens
Age: ~ 90,000 years
Date of Discovery: May 2, 1932
Location: Mount Carmel, Israel
Discovered by: T. McCown and H. Moivus, Jr.


The remains of this male individual, known as Skhul V, were recovered from the Skhul Cave near Mount Carmel, Israel, along with the skeletons of nine other adults and children. The anatomical features of this skull are reminiscent of earlier, "archaic" humans. One notable example is the bony torus over the orbits, or brow ridge (see bottom photograph). In the same photograph, though, note the high forehead, which rises nearly vertically from the face, and the expanded frontal portion of the braincase. These are features typical of modern human skulls. Also, at the back of the skull, note the lack of a projecting"bun", which occurs in many Neanderthal skulls. Compare these details seen in Skhul V to those of a Homo neanderthalensis individual: La Chapelle-aux-Saints.

The Skhul site was originally thought to be about 40,000 years old based on a comparison of animal remains and stone tools found at the site with those from other archeological sites in the region. The implications of this late date were important since it was assumed that the Neanderthal fossils found at the nearby fossil site of Tabun Cave must be older than the modern Homo sapiens population of Skhul. This assumption left open the possibility that the Tabun Neanderthals were the evolutionary ancestors of modern humans at Skhul.

However, with the application of more precise dating techniques, scientists found that the modern H. sapiens fossils at Skhul were about 90,000 years old, much older than was previously thought. This made the anatomically modern human population at Skhãl contemporaries of the Neanderthal population of Tabun. The implication is that the Tabun Neanderthals could not have been the ancestors of modern humans in the Near East.
 
Чудно е како после толку многу милиони години откако изумреле диносаурусите луѓето на планетава земја имаат митови за змејовите, кои што всушност се креирана имагинација за диносаурусите. Тие луѓе не копале и не барале коски во земјата туку се занимавале со земјоделие лов и риболов, па затоа не знаеле за диносаурусите и нивнотото постоење. Практично професионално ископување на тие фосили се прават во последниве два века :toe:.
 
"Екстремитетите се развивале исто така и мозокот како што и спомнав погоре и го дале првиот Хомо Еректус пред 1,7 милиони години додека првиот човек барем во иста форма како и ние е пред околу 100,000 години односно Хомо Еректусот е нашиот најдиректен предок значи ние сме од Африка"

Јас пак тврдам дека хомо-еректусот потекнува од човекот и подолу се мојте докази :vozbud::pos2::pos2::pos2::helou:

.

Секоја чест докажа дека Еректусот потекнува од Сапиенсот. Нобеловата награда ти е зад аголот само треба да ја подигнеш.

Има различни теории двете најприфатливи се мултирегионалисти и Аут оф Африка модел во ниту една не се тврди ти тоа што го спомнуваш само сепак оставам со "резерва" баш ќе ми биде чест по мајка Тереза да имаме и втор нобеловец Македонец посебно кога наградата се однесува во поле на науката.

„..Воденица меле „брашно„, Џониии...„.- К-15.

Иако постои поднаслов на форумов со слична/иста тематика, мојот став е следен:

1. Теоријата на еволуцијата е една од најголемите заблуди досега, свесно, намерно и целисходно измислена и недокажана ЛАГА.
2. Теоријата на еволуцијата е нов вид ВЕРА, оти нејзините поклоници ВЕРУВААТ во нејзините тези, кои НЕ МОЖАТ да ги докажат!
3. Немам „моја„ теорија, туку вера православна.
Мики во мојата вера нема догма секој е поканет да ја разгледува и тестира и проверува и модифицира за разлика од твојата вера
 
Мики во мојата вера нема догма секој е поканет да ја разгледува и тестира и проверува и модифицира за разлика од твојата вера

Џони, со овој дел од твојот пост, само го потврдуваш она кое повеќепати го имам напишано: дека ниту една наука не може да ни даде ниту една конечна вистина, освен парцијани „вистинчиња„ со сомнителен рок на важност-не подолг од една човечка генерација. А после тоа-ајде „јово на ново„, во одново барање и докажување.

Мојата вера, т.е. верата воопшто, е духовна категорија, која се докажува со лични, непосредни духовни искуства, на кои не им е потребно одново и одново докажување и предокажување.
 
Џони, со овој дел од твојот пост, само го потврдуваш она кое повеќепати го имам напишано: дека ниту една наука не може да ни даде ниту една конечна вистина, освен парцијани „вистинчиња„ со сомнителен рок на важност-не подолг од една човечка генерација. А после тоа-ајде „јово на ново„, во одново барање и докажување.

Мојата вера, т.е. верата воопшто, е духовна категорија, која се докажува со лични, непосредни духовни искуства, на кои не им е потребно одново и одново докажување и предокажување.

:pos:
јооојјјјј, надградба бе Мики....
си чул некогаш или не....
"вистинчиња", лол
 
:pos:
јооојјјјј, надградба бе Мики....
си чул некогаш или не....
"вистинчиња", лол

На македонски, тоа би се напишало вака: „Леле!„.

Да бидам посериозен: и, до кога ќе трае таа надградба, кога секоја наредна надградба безмалку ја побива основата од која самата надградба потекнува? И што „ново„ ќе ни каже надградбата, дека ја надградила претходно надградената надградба?
 
На македонски, тоа би се напишало вака: „Леле!„.

Да бидам посериозен: и, до кога ќе трае таа надградба, кога секоја наредна надградба безмалку ја побива основата од која самата надградба потекнува? И што „ново„ ќе ни каже надградбата, дека ја надградила претходно надградената надградба?

Новото се надоградува на веќе познатото и докажаното.
Траело одсекогаш и понатаму ќе трае.
Надградбата не го укинува тоа што предходно е докажано (или многу ретко).

Пример:
1.Прво постоеле римски цифри (немале број "0"), незгоден систем за математички пресметки и сложени операции. Доволен добар само за пресметка на убиени непријателски војници.
2.Во арабија ги смислиле модерните цифри во индија бројот "0", многу важен број.
3.Истиов систем доаѓа во европа, поедноставно работење. (особено за пресметување на каматни стапки)
4.Со овој систем се овозможува развој на средновековната математика, многу битен момент.
5.Во 17 век, еден Лајбниц, го представува бинарниот систем "1" "0", сите цифри можат да се представат со "1" "0".
6.Со помош на овој систем се поставуваат темелите на модерната компјутерска наука.
7.Итн.
8.Итн.
.
.
.
.
Ќе видиме што ќе донесе иднината.

Дали малце ти се разјасни. Околу надградбиве и доградбиве.
 
„..Воденица меле „брашно„, Џониии...„.- К-15.

Иако постои поднаслов на форумов со слична/иста тематика, мојот став е следен:

1. Теоријата на еволуцијата е една од најголемите заблуди досега, свесно, намерно и целисходно измислена и недокажана ЛАГА.
2. Теоријата на еволуцијата е нов вид ВЕРА, оти нејзините поклоници ВЕРУВААТ во нејзините тези, кои НЕ МОЖАТ да ги докажат!
3. Немам „моја„ теорија, туку вера православна.


:vozbud: како може сега да се бориме против вакви факти,мислам оватие нај јакиот доказ кој досега го имаат креацјонистите:pos2:
 

:vozbud: како може сега да се бориме против вакви факти,мислам оватие нај јакиот доказ кој досега го имаат креацјонистите:pos2:

Neemo, со твојот пост, штотуку даде НЕСОБОРЛИВ доказ дека не е само Универзумот бесконечен....:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom