Осведочен бугарофил ќе ја добие наградата на ВМРО

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
zoran-todorovski.jpg


Директорот на државниот архивот Зоран Тодоровски, годинава ќе ја добие наградата 23. октомври од областа на науката за денот на ВМРО. Тодоровски покрена полемики во јавноста со своите ставови блиски на бугарската политика за Тодор Александров, за Македонската патриотичарска организација и конечно, за мемоарите на Мисирков, со тврдење дека основоположникот на македонскиот литературен јазик се декларирал како македонски бугарин.

Една од потомците на Мисирков, писателката Ката Руменова Мисиркова денеска изјави дека е скандализирана од одлуката на Државната комисија, наградата за наука да му се додели на историчарот Тодоровски.

„Се срамам што сум Македонка заради тие што гласале за ова“, вели за А1 Мисиркова.

„Јас се срамам како Македонка, не за друго, не се срамувам затоа што му ја дадоа нему, може човекот и заслужува, можеби човекот работел и пред тоа нешто многу и сега уште и ќе работи, но кој му ја даде, тој нека се срами“, изјави Ката Руменова Мисиркова.
Жестока јавна дебата предизвика откритието на Тодоровски од 2007. година, кога бугарскиот архив ни ги подари мемоарите на Мисирков, во кои тој се потпишал како македонски бугарин.
Тодоровски тврдеше дека Мисирков се чувствувал и декларирал како бугарин.

„Судбината на сите македонски функционери, тие го изјаснуваат својот национален идентитет, така што и Крсте Мисирков не е надвор од овие македонски состојби, тоа не е ништо непознато“, рече на 22.01.2007 Зоран Тодоровски.

Руменова жестоко реагира на намерата Мисирков да се претстави како пробугарин.
„Да му ја дадат на човекот е чудно. Се јавија луѓе, рекоа многу за него, само тој самиот, ако е бугарин, еве ја Бугарија, нека оди“, рече Ката Руменова.

14 члената Комисија за доделување на наградата 23. октомври за добитниците гласала тајно.
Претседателот на одборот, академик Томе Бошевски не сакаше да коментира како се случило наградата да оди во рацете на Тодоровски. Вели процедурата била демократска.

Извор

********************************************************

Некако ова бугарофилството почна да зема замав во последно време.
Или па можеби така ми се чини :toe:
 
Освен академикот Томе Бошевски, кој уште е во таа комисија?

Пишува дека биле 14 члена, кои се останатите 13?
 
Ој, нонен...
...абе кај ќе ви оди душата бе клетници бе...
 
Очекувам сега постхумна награда да му се даде на Лазар Колишевски за „ангажирање и зацврстување на македонските интереси“...Истотака, и на Виктор Канзуров, за најдобро експлоатирање на десната рака. Следно, на Денко Малески, за директна одговорност за зачувување на македонското достоинство во светски рамки. И на Јован Бабунски постхумно, да се номинира за државна почест за ширење на морални вредности, цвеќе на мирољубието и борец за општо добро во Македонија.

Јазк, мамата мамина педерастична!
 
Освен академикот Томе Бошевски, кој уште е во таа комисија?

Пишува дека биле 14 члена, кои се останатите 13?

Собраниската Комисија пред три дена ја поддржа одлуката за претседател на одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ да се именува академик Кљусев. За членови на овој одбор беа предложени академик Томе Бошевски, професорката на Филозофскиот факултет Виолета Ачковска, професорката по пијано Ратка Димитрова, композиторот Стојан Стојков, примабалерината Тања Вуисиќ-Тодоровска, Санде Стојчевски од НУБ „Климент Охридски“, директорот на МИА, Љупчо Јакимоски, писателот Паскал Гилевски, професорот на Филолошки факултет Ѓорѓи Најдовски, професорот на Универзитетот на ЈИЕ Јонус Абдулаи, Фазлија Шабани - редовен професор на Филозофскиот факултет и вонреден професор на Универзитетот на ЈИЕ, и Веби Беџети, професор на Универзитетот на ЈИЕ.




Ратка Димитрова му е мајка на Никола Димитров...преговарачот...
 
Kata Misirkova vnuka na Krste Misirkov?!



Ee,ova ne sum go znael.
 
Освен Виолета Ачковска, која ја препознавам по колумните на кирилица.ком
другите не ги знам, како и да е незнам според кои заслуги му доделуваат вакво нешто.
 
Баш фино, многу стручна комисија бе Трн и најверојатно нема да излезе на виделина кој ја поддржал оваа одлука со гласање.
 
Има една народна:``Kучињата лаат карванот си врви``,арно ама кај нас е малце модифицирана и некако овака би гласела: ``Кучињата не апат ,ама ние си ги храниме``

edit:За малце ќе заборавев да напишам ,дека ова е пак некое масло на СДСМ :salut:
 
Има една народна:``Kучињата лаат карванот си врви``,арно ама кај нас е малце модифицирана и некако овака би гласела: ``Кучињата не апат ,ама ние си ги храниме``

edit:За малце ќе заборавев да напишам ,дека ова е пак некое масло на СДСМ :salut:

Сто посто и ова е комуњарско дело.
Сигурно Бранко и Киро биле дел од комисијата :toe:

Абе се прават на тошо.
Не гледат дека нели, во нај-Македонската и демек најпатриотската партија врие од бугарофили, кои успешно си ја спроведуваат нивната замислена агенда.

Не заради друго.
Туку го гнасат делото на вистинското В.М.Р.О.
Пази.
Награда која за денот на В.М.Р.О. треба да се додели на некој кој придонел нешто за државава во одредена област, се доделува на докажан бугарофил со тапија.

Што уште нема да чуе човек!!!!!!!:uvo:
 
Сто посто и ова е комуњарско дело.
Сигурно Бранко и Киро биле дел од комисијата :toe:

Абе се прават на тошо.
Не гледат дека нели, во нај-Македонската и демек најпатриотската партија врие од бугарофили, кои успешно си ја спроведуваат нивната замислена агенда.

Не заради друго.
Туку го гнасат делото на вистинското В.М.Р.О.
Пази.
Награда која за денот на В.М.Р.О. треба да се додели на некој кој придонел нешто за државава во одредена област, се доделува на докажан бугарофил со тапија.

Што уште нема да чуе човек!!!!!!!:uvo:

Откако Фрчко излезе со докази за антентатот ,се ми изгледа сумњиво,плус некако ми смрдиш на СДСовец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom