Оставате ли бакшиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување
Прилично ретко оставам.
Давам ако го изнамачиме келнерот или е некој навистина фин или фина :)
Или некој убав :pipi:

A ако одам со моите на ручек или вечера стандардно татко ми остава бакшиш.
Ај кога ќе заработувам и јас може ќе стекнам таква навика. :)
 
бла бла бла
Љубам кога се трудиш да надмудриш некого и мислиш дека тоа го правиш аргументирано. :icon_lol:

Ме направи Мајка Тереза на келнерите. :icon_lol: Може ќе ми изградат и спомен-биста во моја чест...

Кажав претходно дека:
Ретко оставам, искрено.
Не е ко да идам од кафич у кафич и изигравам фина и солидарна со тоа што им оставам бакшиш на келнери. Не е дека моите 2-30 денара ќе ги збогатат.

Само, не се замарам да казнувам келнери затоа што лошо ме услужиле, и ако сум седнала у кафичот со намера (односно, можности) да оставам бакшиш, лошата услуга на келнерот нема да ме предомисли во тоа.

А ако сите келнери треба да даваат добра услуга без да очекуваат бакшиш, како што кажа ти, тогаш важи и спротивното: не мора да дадат лоша услуга за да НЕ добијат. По твоја логика.:)
 
Смајлијата се интересна работа.
Можеби ако ставиш доволно од овие :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:,мојот пост ќе исчезне.

Не е битно ти колку ретко даваш,јас ја нападнав твојата идеологија.
И наместо ти да си ја проектираш хипотетичката ситуација и да процениш колку само не ја бива,ти ми поврзуваш емоционални моменти како следниов

Само, не се замарам да казнувам келнери затоа што лошо ме услужиле, и ако сум седнала у кафичот со намера (односно, можности) да оставам бакшиш, лошата услуга на келнерот нема да ме предомисли во тоа.

во тема која е поврзана со економија.
И пред да добијам уште 4 вакви :icon_lol:,да се објаснам,за неупатените :)

Значи,бакшиш=пари=економија.
Simple as that.

Ти ако идеш со умисла да дадеш бакшиш,ти ја имаш промашено целата поента на бакшишот.
Тој се дава заслужено,а не зашто муштеријата е богат,па сака да се расфрла со пари,или да лечи емоционални проблеми со умисли да усреќува келнери.

Пак ќе ти кажам,simple as that
 
Во Велика Британија е задолжително да се остави бакшиш, 10% од целата сметка, без ралика колку е таа голема.

Оставам бакшиш, кога сум задоволна од услугата и кога имам некој денар + во мене. :smir:
 
Ако веќе си решил да оставаш златно правило е 10%. А не кога ќе видам некој на сметка од 2000-2500 денари со 20-30 денари бакшиш. :uvo:
 
Во Велика Британија е задолжително да се остави бакшиш, 10% од целата сметка, без ралика колку е таа голема.

Оставам бакшиш, кога сум задоволна од услугата и кога имам некој денар + во мене. :smir:

Во САД, Британците не оставаат бакшиш, а и келнерите во Англија се добро платени не работат за бакшиш.

Од лично искуство знам дека Британците смрдат кога се работи за бакшиши, на сметка од 75 долари оставија само 3 долари бакшиш шо е навистина срамота за Американски стандарт.
 
Луѓе, ме заинтригира темава и почнав веќе да не мислам дали да остаам некој денар, туку онака викам па кој к*р да чекам кусур од 10-50 денари во кафич и почнав да оставам. Ама многу ми се интересни коа ќе ми речат фала. Де бе де за 20-30 денари?


И ново примивме со другар закана во кафичот кај чо висиме секој ден, дека не не убие келнеркава ако и остаиме!!! Не ради друго туку од дневниот промет ние им праиме пола и немало смисла да земала!! :nenene:
 
20 по 20 по 20 ... се собира така доста, ако оставаат повеќе луѓе.
Иначе јас се чувствувам непријатно ако не оставам бакшиш, а не оставам само кога е некоја округла сума (се чувствувам непријатно да дадам неколку 10 денарки на 100 денари на пример) или кога ми е некој посебно лош ден, а не ми се погоди јадењето или пијачката. За однесувањето на келнерите знам доста да замерувам, но наспроти сите забелешки и едно "повели" ми е доволно за да оставам бакшиш. Значи повеќе ми е пресуден квалитетот, отколку начинот на кој нештото ми е послужено.
Мислам дека имаме навистина многу некултурни келнери насекаде, но како што кажа некој претходно, и тие се луѓе и тие имаат нерви кои знаат да им попуштат од терсене муштерии. Сепак мислам дека треба да знаат да издржат дека тоа е нивната работа, но вака или така, сосем ми е во ред секогаш да се остави по некој денар повеќе од сметката.
А колку е тоа? Па и јас како и другите ... или со заокружување на сумата или со нешто што одговара на сметката.
 
ја на поштари давам бакшиш бе, кога донесат на баба пензијата(пошто сум сам дома и нема кој да ја прими) им дадам по 2-30 денари...
Што се однесува до келнери, никад не сум им давал бакшиши(мислам на овие од градов што се), пошто се многу некултурни, па дури ни повелете не ти кажат...:uvo:
 
Нема врска дека во Битола келнерите се навредувале со мал бакшиш.
Секогаш оставам бакшиш, кога услугата е на ниво и ако сум така добро расположен.
 
Нема врска дека во Битола келнерите се навредувале со мал бакшиш.
Секогаш оставам бакшиш, кога услугата е на ниво и ако сум така добро расположен.

Како нема врска сеа од лично искуство ти кажвам. Не се сите такви ама појќето, и да не ми речи знам шо мисли шо ќе речи после. Ретко кој ќе речи е браво за батето испоштова оти го услужив, појќето ќе речат ете го овај демек кабадаја 20 денари ми остај, селанец.

Зато не оставам на никој, традиција не е, а офарда во Битола не е пожелно да се прајш.
 
редовно,дури и кога не сум задоволен,но затоа моја нога повеќе не стапнува во тоа кафуле или ресторант
 
zavisi odnosot na kelnerot so mene..
 
кој нас ќе ни даде бакшиш,што не работиме како келнер?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom