Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Ви препорачувам од 21:30ч. на Спортклуб 1 дербито Порто - Бенфика.
Според мене португалската лига е многу потценета, особено големите натпревари. Атмосферата на "Драгао" е посебна кога гостува Бенфика и тензично е 90 минути. Обично нема многу голови на овие натпревари но Порто мора да оди на победа, во спротивно Бенфика ќе им бега со најмалку 7 бодови.
 
Одличен натпревар со пет голови и десет жолти картони. Порто го одигра можеби најдобриот натпревар сезонава и ја намали предноста на Бенфика до 4 поени, што сѐ уште важи за голема разлика кога се работи за оваа лига. Бенфика има 18 победи на 20 натпревари, а двете порази се против Порто.
 
На Гимараеш - Порто испровоциран од публиката Марега побара измена и излезе од терен.

Дали пак расизам е во прашање? Па и во Португалија :facepalm: А една сезона играше позајмен за нив и ги однесе во ЛЕ.
 
Da, rasizam bese u prasanje. I plus u Gimaraes ima eden kup crnci, ne razbiram sto zamaraat navivacite... Inace vriese Marega, ke ubiese sve pred nego.
 
Добро, што им прават?
Мајмунски звуци/реакции или? Довикувања некои?
 
Порто и Бенфика последните неколку години толку им набиле комплекси што не знаат веќе што да прават. Сакаат да бидат третирани како голем клуб а не се. Стално кога играат со нив прават проблеми на еден или друг начин.

На Марега му свиреа уште пред натпреварот и на секој негов контакт со топката. Малку чудно затоа што он одигра една сезона таму, можеби тогаш се случило нешто.

Инаку Порто за осум дена го намали водството на Бенфика од 8 до само 1 бод. Бенфика во саботата изгуби дома од Брага што никој не очекуваше. Интересантно е што во последното коло од првенството Бенфика гостува кај Спортинг, а Порто кај Брага. Ако титулата не е решена до тогаш, тоа коло ќе биде лудило.
 
На Гимараеш - Порто испровоциран од публиката Марега побара измена и излезе од терен.

Дали пак расизам е во прашање? Па и во Португалија :facepalm: А една сезона играше позајмен за нив и ги однесе во ЛЕ.
Najcudnoto mi bese sto ne se prekina privremeno natprevarot,i sudijata ne go sprovede praviloto od tri `cekori` za rasizam.
 
Каква бомба на Алекс Телес за победа на Порто во 87ма минута. :ljubove:
Пред крајот на првото полувреме Јаксон Мартинез, поранешниот играч на Порто, промаши пенал и навивачите на Бенфика тврдат дека намерно промашил. :D Стварно беше ужасно лош изведен но нема смисла намерно да го промаши.

Порто со победата конечно се искачи на врвот но со натпревар повеќе од Бенфика. Двата тима имаат натпревар во Четврток и не ми е јасно зошто Бенфика не играше денес за да има уште еден ден да се спрема за Евро Лигата. Утре сигурно ќе има ротација.

Првота снимка е од пеналот на Мартинез, а втората од голот на Телес.
 
Ауу ракета :cuc:
Не знаев дека Џексон играл за Бенфика, која превара од играч испадна овој мајко мила.
Катастрофално изведен пенал,дното го пробуши со шутот.
 
Ауу ракета :cuc:
Не знаев дека Џексон играл за Бенфика, која превара од играч испадна овој мајко мила.
Катастрофално изведен пенал,дното го пробуши со шутот.

Нема играно за Бенфика туку за Порто и од таму го купи Атлетико. За Порто постигна 67 гола на 90 натпревари. Од Атлетико замина за Кина и таму се повреди и не играше две години. Знам дека не го исполна својот потенцијал и еве гледам на Википедиа од 2015 до 2020 постигнал само 16 гола на 64 натпревари. Штета..
 
Знајш дека ИЧ не обратив пажња на видеото со кој играат Порто, цело време мислев со Бенфика :) Атлетико го продаде мислам за истата цена за која што го купи,се куртулија.
 
Знајш дека ИЧ не обратив пажња на видеото со кој играат Порто, цело време мислев со Бенфика :) Атлетико го продаде мислам за истата цена за која што го купи,се куртулија.
од JACKSON SI !! се надолу тргна за него.
 
Нова година у Београд на 1ви Март.. хаха каква пиротехничка представа на сред утакмица.. не се нормални брача Србе ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom