Останати фудбалски лиги

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување
Фудбалерите од Вотфорд како да беа исплашени од предизвикот. Не дека Кристал Палас беа нешто подобри. Во глобала глупав фудбал се играше, 3 саати изгубив, за да видам едвај гол од пенал.

Чалоба нашиов уплашен, 18 години има детето, потклекна под притисокот, единствено Видра беше добар, ама се повреди, а и Ања мрдаше нешто, сметам дека голема грешка направи Зола што го извади од игра. Прерано, можеше да направи нешто повеќе.
Касети се изглупира, можеше да го остави Заха или да помине без фаул, ама тоа е.
Заха е Стариџ тип на играч. Брз во нозе, одличен техничар и дриблер, ама без памет некако и му фали тој завршен удар/пас. Исто како и Стариџ, исто како и Мозес. Без разлика, се надевам дека сите тројца ќе успеат во ПЛ, иако другиве двајца добри се засега.
Алмуниа цар, какви одбрани со нозе имаше, комотно може во Арсенал да се врати и да брани пред Пољакот. На крај па овој Вард што спаси, секоја чест. Се најде на право место, убаво ги издрибла овој од Вотфорд, шутна со надворешна и ништо.

Е сеа коментаторов малце и го величеше Заха, небаре се работи за Меси, али навивач на Манчестер, јеби га. Како и за Мојс што прават, поголемиот дел.

Криво ми е за Зола, последно коло не го победија Лидс, ќе си влезеа директно наместо гадните Хул. Со крпен тим, со 12 позајмени играчи, за малку не успеа. Наредна сезона сакам тие да влезат, а и ќе влезат.
Од друга страна, мило ми е за Холовеј, харизматичен лик и тренер, а и некако сочувствувам со неговата тешка судбина. Ама ќе има тешка работа, мора да се засили, ако сака да избори опстанок.
Од 2013/14 ПЛ сезона, 7 лондонски екипи. Ќе биде Лондон виолетово-син :icon_lol:
 
ќе ги најдеме на фб сите :D не знам не запамтив кој беше за кого.

Драган Чича, на ЕФБЕ ми беше пријател. Го избришав ко почна да го „велича“ феноменалниот велемајстор. Сега планирам да го аднам пак, да видам што мисли :D
 
Честитки за Кристал Палас, со среќа догодина, требаше да влезе Ватфорд, имаат добро тимче, али тоа е.
 
Geezer , па да му се сневиди да не ми ги читаш мислите, целосно истиот пост сакав да го пишам, од катастрофалната грешка на Зола што го извади Ања па го прекомандува Касети на десен бек а знае оти барем 2 пати е поспор од Заха, харизматичниот лик на Холовеј за кој ми е мило што ќе биди дел од ПЛ, за тоа пак што ми е криво што Зола нема да го гледам во ПЛ вгодина, ама јебига еден мораше
 
A памтам kao da je bio danas ко видов во новина, дека се продава Кристал Палас за 1 фунта. Е сега, не се сеќавам дали беше хотелот во Припел или тимов, ама галиба тимов е.

Ај, со среќа нека им е, и нека останат малку подолго во Премиер Лига, иако, ги сфаќам, кој сака да игра во лига во која има тим ко ManUre?!
 
Драган Чича, на ЕФБЕ ми беше пријател. Го избришав ко почна да го „велича“ феноменалниот велемајстор. Сега планирам да го аднам пак, да видам што мисли :D

Да? Драган Чича ми е еден од поомилените коментатори :) , одма го аднувам
 
Најмалку сакав Палас да ги гледам во Премиер лига. Премногу екипи од Лондон има.
 
Еден куп наслови се начитав за 100 мил и К.Палас.
Е сега, јасано ми е мене дека они тие пари ги инкасираат директно у нивна каса од ТВ правата и од спознорствата,ама зарем не ги пренасочуваат одма како котизација за учество у ПЛ или нешто слично, кој знае нека се јави .Благодарам однапред.

П.с Браво за Кристал Палас :)
 
Дури и да плаќаат учество тоа е некоја симболична цифра, макар што мислам оти ништо не се плаќа.
 
Дури и да плаќаат учество тоа е некоја симболична цифра, макар што мислам оти ништо не се плаќа.

И сакаш да кажеш дека овие 100 mil на пр. им остануваат чисти :eek:.Со тие пари би функционирал клубот , би имал средства за трансфери, плати , одржување итд...
 
И сакаш да кажеш дека овие 100 mil на пр. им остануваат чисти :eek:.Со тие пари би функционирал клубот , би имал средства за трансфери, плати , одржување итд...

140 ;) , епа сега пази тука, купување на нови играчи, поквалитетни, поскапи, поголема плата, Палас ќе мора да го надогради стадионот оти не ги исполнува условите, нормално е оти би функционирал клубот на едно повисоко ниво, ама сепак има доста давачки (секако освен ако несакаат да играат со Вибрахам во ПЛ :D )
 
140 :гик: wow...
Па донекаде така и си мислев, знам дека финансисики најиплатлива промоција у свет е промоцијата у ПЛ , а и горе доле давачкиве со ќе ги имаат , пак неможе бе да ги коштаат 14о милки па нез шо да се деси... интересен факт како и да е :)
И само уште нешто:D, олку кеш препоставувам сите 3 екипи шо влагаат добиваат или ...?
 
Епа сега не треба сите пари да ги потрошат, зошто да ги потрошат сите? :D
А за прашањево незнам точно, ама ако не се лажам сите добиваат исто пари за телевизиски права, е сега има разлика кој на која позиција ќе заврши во ПЛ сезоната, така да, тука би требало овие трите најмалку да добијат средства, ама не сум сигурен за ова
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom