Оштета поради игра?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Креиг Смалвуд ќе го тужи издавачот на компјутерската игра "Lineage II", бидејќи тој толку се "навлекол" на играта што...


... бил неспособен да стане, да се облече, да се избања или да комуницира со семејството и пријателите.

Тој го обвинува издавачот дека "не е во состојба самостојно да функционира во секојдневните активности".

Од јужно-корејската компанија "NCSoft", Смалвуд бара да му исплатат одштета од три милиони долари поради "зависничката природа" на самата игра.

Смалвуд ја играл играта "Lineage II" повеќе од 20.000 часа во периодот од 2004-та до 2009-та година.

Тој тврди дека издавачот на играта не ги предупредил корисниците дека таа е опасна и дека нејзиното играње не е сигурно.

"Lineage" од 2003-та почнале да ја играат најмалку 600.000 луѓе.
Eve vi i link: http://www.zazabava.com/content/view/11765/73/
 
Болна работа
 
Pa togas neka gi tuzi i Microsofl i EVN i IKEA i site ... instant miljarder ..
 
Па? Реална работа. Не постои зависност само од хероин ...
 
Не може да ги тужи , а за тоа дека издавачот на играта не ги известил играчите се сомневам. Тој ја играл на сопствена одговорност и апсолутно самиот си е виновен за тоа.
 
А да си се тужи сам себе што е дебил?
 
Треа да ја тужам мајка природа пошо сум зависен од грицкање нокти! Не можам да се избањам, да си го измавам, ниту ручек да си спремам.

Јас ги грицкам ноктите повеќе од 10 години, кога ми се сменија млечните во трајни.

Тврдам дека издавачот на живот “природа“ не ме предупреди како корисник на нокти дека се опасни и нивното грицкање не е сигурно.

Еве ви и линк: http://protivdosada.com/content/view/42342/5/
 
Ајде уште малце аргументи па да му ги продадам на обвинетиот.
 
Ништо од оваа работа... заборавил овој дека играта му е пиратска верзија :pos:
 
Ем се наиграл, ем сака и да ќари пари, абе ова се мангуп до мангуп или пак мисли дека издавачите пијат нафта и едвај чекаат да му исплатат оштета.
 
Ова е само обид за привлекување внимание. И самиот си знае дека дури и да е пијан судијата нема да го добие случајов, ама вака барем ќе ги добие своите 5 минути слава, а компанијата што ја направила играта најверојатно ќе добие уште повеќе играчи.
 
Воа како на "Кад пораснем бичу кенгур"-тие типовите шо безделничеа на покривот и пиеја пиво па смислуваа начин како да дојдат до пари,и решија да ја тужат пиварата наводно во шишето со пиво нашле инсект...:)Шубоо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom