Што знам, никогаш немам преголеми очекувања, стојам цврсто на земја, иако сум голем “сонувач„, ама знам да се вратам во реалноста одма штом ќе ги отворам очите.

Не е се црно бело...
___||__________||_________||____
песимист <---
ре
ал
ис
т оптимист
Да речеме дека вака некако би си ја претставила скалата.

Стреклата која оди од реалист кон песимист... Ја ставив таму, бидејќи познавајќи го денешниов свет, општеството, целото човештво, не е баш светла и убава ситуацијата... Луѓето стануваат злобни, себични, крволочни, непресметливи, убијци, себе-деструктивни... Се водат војни, владее глад, сиромаштија, корупција, масовни убиства, нови технологии-масовни оружја, светот станува (море одамна почнал да станува) грдо место за живеење... Некој би рекол, ова е гледиште на песимист.

Ама мене ми е некако тенка границата меѓу песимист и реалист... Свесни сме дека Земјата не е Рај, колку и да ја идеализираме... „Проблемот“ со оптимистите е што премногу завеано, слепо и идеалистички гледаат на работите... Ништо не е идеално, нештата се полоши отколку што изгледаат. Убаво е да се надеваме дека ќе се подобрат, ама не е убаво да влеваме надеж дури и таму кај што нема основа за надеж, кај што е залудно да се оди со глава во ѕид, зошто нештата се такви какви што се, и такви и ќе останат. Е тука веќе треба да се разбуди песимистот во нас

Односно, онаа поблага форма на песимизам, што јас ја нарекувам реализам...
Кажав, ништо не е црно-бело... Не можеме да бидеме едното или другото, има ситуации кога мора да се уклучи првиот “механизам“, има ситуации и кога треба да се уклучи вториот. Затоа е најдобро да се најде некоја средина. Ете, реалист нека биде средината
Убаво е да размислува човек позитивно, ама треба реално да се согледа ситуацијата, понекогаш не можеме залудно да одиме против нешто што очигледно не можеме со позитивни очекувања да го промениме. Само добра проценка на ситуацијата треба.
