Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Битен е буџетот, ако ти е прв мтб ти препорачувам на старо да гледаш, ќе добиеш повеќе точак за парите и повеќе ќе уживаш.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Буџетот е максимум до 500 евра....
 
Да надоградуваш велосипед од 500еу со нова вилушка што би коштала мин. 200еу, или со нов пренос, касета и менувач што ќе кошта преку 200еу, не вреди во ниеден случај, лудост е такво нешто да му препорачаш на почетник.

Ај сега врати се на мојот пост и препрочитај го дали јас на членот му препорачувам да купи велосипед од 700-800еу или чекам да се изјасни со буџетот со кој што располага за да пробам да му помогнам да најде решение.

Многу е битно што возиш, освен ако не ти е за до маалска продавница ... ;)
Јас со Shimano Tourney ги возам истите рути што ги возат и тие со 'јаките вилушки'. Кажи ми што ќе ми смене ако на многу каменлив терен извозам 2-3 минути покасно, а главната цел ми е рекреација?

Нај на крај и тие 'јаките' марки не знаеш дали ќе ги начекаш во функционална состојба. Ако има проблеми вилата, поисплатливо ти е да го продадеш точакот и на ново целиот процес со наоѓање нов точак.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Ниту знам, ниту те прашав како возиш, што возиш и зошто возиш. Поентата е да му помогнеме на членот, може он сака да вози деоре, може му се важни тие 2-3 минути итн. итн.

500еу буџет има човекот.
Автоматски споено мислење:

Буџетот е максимум до 500 евра....
Сакаш само на ново или би прифатил и на старо?
Имаш идеја каде и како би возел?
 
Ниту знам, ниту те прашав како возиш, што возиш и зошто возиш. Поентата е да му помогнеме на членот, може он сака да вози деоре, може му се важни тие 2-3 минути итн. итн.

500еу буџет има човекот.
Автоматски споено мислење:

Сакаш само на ново или би прифатил и на старо?
Имаш идеја каде и како би возел?
Повеќе би сакал на ново бидејќи не се разбирам во велосипеди и не би можел да одберам на старо Инаку не се работи за многу стрмен терен, но сепак е возење по планински патеки но чисто рекреативно.
 
Најважно од сѐ ти е рамката да ги одговара на висината на телото. Гуглај: mtb frame size chart

Откако ќе дознаеш која големина на рамка ти треба, следен чекор е разгледување на велосипеди. Чим имаш буџет до 500 евра, а преферираш на ново, разгледај ја понудата на Trinx. За 25 000 продаваат со Altus група (27 брзини) + хидраулични кочници. Исто така гледај гумите да бидат најмалку со ширина 2.10, а големина 27.5 или 29. Останатото ако ти е важно (како воздушна вила на пример), ќе го платиш поскапо или поефтино доколку сакаш буџетски компоненти.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Да надоградуваш велосипед од 500еу со нова вилушка што би коштала мин. 200еу, или со нов пренос, касета и менувач што ќе кошта преку 200еу, не вреди во ниеден случај, лудост е такво нешто да му препорачаш на почетник.

Ај сега врати се на мојот пост и препрочитај го дали јас на членот му препорачувам да купи велосипед од 700-800еу или чекам да се изјасни со буџетот со кој што располага за да пробам да му помогнам да најде решение.

Многу е битно што возиш, освен ако не ти е за до маалска продавница ... ;)
Е сега купуваш велосипед од 800 евра со XT/SLX задна машинка, деоре пренос пред менување за 700-800 евра. И кога ќе дојдат да се сменат тие делови одма цената ќе скокне за уште 300 евра.

Рамките горе долу исти се, разликата е во вилата и компонентите, така да јас сум за бренд велосипед со Ацера задна и турни/алтус опрема која е и полесна и поефтина за одржување а не е лоша, па ако легнит тоа во рака, секако главините се компатибилни 8/9/10 брзини па може да се направи некоја нова надоградба со Деоре, кое ново ќе е подобро од SLX/XT возено кузнајт колку километри. По Фејсбук има многу велосипеди со добра опрема, кои се отепани од возење.
 
Добра идеја е и ова.
Ма да ќе ги провериш преносот и касетата (членот не се разбира, заради тоа сака на ново да си земе, сосема ок), горе доле можеш да видиш колку се истрошени.

Не се сложувам дека рамовите се горе доле исти. Не е исто да земеш Trinx и Scott scale (на старо), прво во геометрија сигурно ќе бидат различни, второ квалитет на изработка која заедно со материјалот ќе влијае на крутоста на вожњата.

Јас пре би инвестирал во добар рам и добра вила, зошто тие ќе можам да ги користам долго време, се истанато е потрошен материјал, исто како тебе ако сум тенок со буџет на почетокот би ставил Acera/Tourney.

Треба да чекаш за да најдеш нешто добро, ама излегуваат доста и такви огласи, е има многу огласи кои што цената им е повисока од колку во продавница.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
А кога ќе видиш, рамовите испаднати од иста фабрика во Тајван, само различно потпишани. Сѐ е бизнис пријатели. Ако сакаш добра геометрија, тие точаци се продаваат повеќе од 1500 евра.

Trinx тежат може за 1кг повеќе бидејќи ставаат ногарки (што во 'марките' не е можно да ги стават), потешки седишта (споредував со bontrager седиште), а и Кенда гуми што тежат 100 грама повеќе по парче. Тоа е математиката.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Добра идеја е и ова.
Ма да ќе ги провериш преносот и касетата (членот не се разбира, заради тоа сака на ново да си земе, сосема ок), горе доле можеш да видиш колку се истрошени.

Не се сложувам дека рамовите се горе доле исти. Не е исто да земеш Trinx и Scott scale (на старо), прво во геометрија сигурно ќе бидат различни, второ квалитет на изработка која заедно со материјалот ќе влијае на крутоста на вожњата.

Јас пре би инвестирал во добар рам и добра вила, зошто тие ќе можам да ги користам долго време, се истанато е потрошен материјал, исто како тебе ако сум тенок со буџет на почетокот би ставил Acera/Tourney.

Треба да чекаш за да најдеш нешто добро, ама излегуваат доста и такви огласи, е има многу огласи кои што цената им е повисока од колку во продавница.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Мислев на рамовите од исти бренд ценовна категорија 500-1000 евра, е сега поскапите може да имаат малку подобра вила, па и не мора.

Е сега нашиве препродавачи ги маваат цените на најако само дека нема многу велосипеди на пазаров. Во 2017 зедов половен Specialized Crosstrail модел 2016, со фул Деоре погон Стоут 2х, хидраулични кочници Шимано и сантур вила со заклучување (Беше 72 000 денари во Проспорт истиот модел) за 420 евра, а денес нашиве за истиот ќе бараат 550-600 па и повеќе евра.
 
Работата е купи го 600 евра,вози го 3 до 4 години и барај му 700 евра за со ценкање на потенцијалниот купувач да му ја спуштиш реалната од 600 и да мисли дека се исценкал за 100 евра.
 
Точно, видов доста огласи со цени исти или дури малку повисоки од продванициве кај нас, инаку иста е ситуацијата и со новите делови/велосипеди, веќе со месеци гледам како цената на деловите иде нагоре а и со тоа и на велосипедите, истите модели ги продаваат поскапо од пред 4-5 месеци.
Работата е купи го 600 евра,вози го 3 до 4 години и барај му 700 евра за со ценкање на потенцијалниот купувач да му ја спуштиш реалната од 600 и да мисли дека се исценкал за 100 евра.
Така му доаѓа работата :)
 
Ако по некоја случајност Македонија влезе во ЕУ што според мене шансите се еднакви на нула сите цени на новите велосипеди ќе мораат да ги спуштат минимум за 30% од сегашните бидејки со овие цени ретко кој ќе купи нов велосипед од тука поради укинувањето на царините како што е во секоја држава во ЕУ и ослободување од дополнителни давачки за роба купена преку интернет.Пример одбираш модел што чини во ЕУ 1000 евра а трговецот тука ти бара 2000 за него.Едноставно му поставуваш услов да ти го даде за онаа цена во која ќе биде вклучена поштарината до дома за да не го чекаш максимум 2 недели.Ако не ти даде ќе си го земеш пакетот од пошта а он ќе си остане со прстот во уста.Ако не се опамети на време ќе мора дуќанот да го затвори.
 
Оние про-спорт се сосема ок со цените, про-бајк претеруваат, тек кога ќе ги намалат за 15-20% тогаш цената е иста како по европските продавници/сајтови уствари тоа е реалната цена не дека они даваат некаков попуст. Пример сега проверив имаат 15% "попуст" на повеќето модели ако не и на сите, и цените им се горе/доле исти со некое евро разлика како на bike24 и bike-discount за европски пазар.
 
Повеќе би сакал на ново бидејќи не се разбирам во велосипеди и не би можел да одберам на старо Инаку не се работи за многу стрмен терен, но сепак е возење по планински патеки но чисто рекреативно.
Зирни ги скот во бике маркет, имаш супер бајкови за до 500 евра, не купувај никогаш дрнкан точак на старо, макар и да има деоре драјвтрејн, и алтус-ацера супер си се за рекреативно возење. Позз

Sent from my M2007J17G using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom