Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
колку е комплетен сервис на велосипед во Работилница? ми треба за роудбајк а веб странава не им работи... слушам дека добро работат
 
Друштво може ли на МТБ да се наместат тенки гуми и да излезе Hybrid Bike ?
Ако имаш 29ки, било кои широки 700c гуми ќе можеш да ставиш, барај 700х40 гуми доста удобни се, ама зависно од ширината на обрачот обично било што над 700х32 ќе функционира ок. Ако имаш 26ки, малку потешко затоа што ретко носат такви гуми кај нас, ако најдеш некои рубена или слични ефтини. Во про спорт исто имаш fatboy 26 x 1.25, 1200ден од гума.
 
29x2.1 возам затоа и прашам дали може да биде и Hybrid.
 
колку е комплетен сервис на велосипед во Работилница? ми треба за роудбајк а веб странава не им работи... слушам дека добро работат

Работилница се затвори, тимот мигрираше во новоотворената продавница Номад која се наоѓа во просториите на стариот салон на BMW до Аутомакедонија.

Имаш и други сервиси кои разбираат роудови, Аутдор и Бајкстоп се добри. Ако е нешто од егзотично италијанско потекло, Денда е специјалист за тие работи. :)

29x2.1 возам затоа и прашам дали може да биде и Hybrid.

На мојот ex-MTB возев 700-25c, класична road гума. Значи може и толку тенки иако не препорачувам, треба често замарање со притисокот да е оптимален (читај на максимум). Ако не е, дупки на патот се кобни за внатрешни гуми.

Се што е поголемо од тоа, 32/35c и нагоре ќе ти биде премија. Еден битен факт кој го забораваат луѓе е што педалата ќе ти е поблиску до асфалтот - ќе си пазиш ако имаш навика да вртиш педали во кривина. :)
 
абе гледав и оутдоор и бајкстоп ама 1300 ден сервис,,, а овој што е Ктм ,на партизанска прашав за сервис комплет зема 800 ден е сега некој да сподели искуство како е задоволен од сервисот ако носел таму...
 
29x2.1 возам затоа и прашам дали може да биде и Hybrid.

На тесни гуми ти требаат и тесни бандажи.
Пр. за 1.8 гума ти треба бандаж со ширина од 20 мм. (внатрешна ширина)

Ако возиш претенка гума на широк бандаж, на дупки многу лесно можеш да ја "штипнеш" внатрешната со ндаворешната и да ти се отвори дупка или линија што не може да се залепи.

Ако возиш широка гума на тенок бандаж, бандажот трпи поголем стрес од предвидениот, и можно е да почне да се расцепува по страните.[DOUBLEPOST=1523171925][/DOUBLEPOST]
абе гледав и оутдоор и бајкстоп ама 1300 ден сервис,,, а овој што е Ктм ,на партизанска прашав за сервис комплет зема 800 ден е сега некој да сподели искуство како е задоволен од сервисот ако носел таму...

Јас би ти препорачал само кај Арсо или Кире (Цикло Ас)
Не сум бил на многу места, ама од сите места каде што сум бил они најдобро работат и се со најфер цени.
 
Поздрав дечки сакам да купам велосипед за мене, претржно би возел по асфалтирани улици со примеси минимални на земјени патишта.
Висок сум 183cm,
Која величина на рам и тркала би препорачале.
Иако веќе имам еден мислам дека Л рам, со 28 инчни тркала, ама би сакал нешто со покарпонки.
 
Некоја страна за половни велосипеди освен реклама5 и prosport?
Може и препорака за MTB големина М, гуми 29ка евентуално 27.5, околу 500 евра. По интернет многу малце велосипеди начекувам со оваа цена и оваа големина.
 
Дечки кај можам да најдам средна осовина Truvativ bb-06 118/68 некоја продавница што чува труватив ??? пс во аутдор нема .
 
Случајно налетав на овие точачиња
http://skopjefixie.com/
Имате ли инфо повеќе и отприлика која е цената на Фикси велосипед со полна гума.
 
Дечки каде да барам поквалитетна кацига докај 2000денари ?
 
абе гледав и оутдоор и бајкстоп ама 1300 ден сервис,,, а овој што е Ктм ,на партизанска прашав за сервис комплет зема 800 ден е сега некој да сподели искуство како е задоволен од сервисот ако носел таму...
Јас го носам во ктм. Гоце е одличен механичар.[DOUBLEPOST=1523567195][/DOUBLEPOST]
Дечки кај можам да најдам средна осовина Truvativ bb-06 118/68 некоја продавница што чува труватив ??? пс во аутдор нема .
Truvativ само кај Лазе во Probike имам видено, на друго место не.[DOUBLEPOST=1523567516][/DOUBLEPOST]
Поздрав дечки сакам да купам велосипед за мене, претржно би возел по асфалтирани улици со примеси минимални на земјени патишта.
Висок сум 183cm,
Која величина на рам и тркала би препорачале.
Иако веќе имам еден мислам дека Л рам, со 28 инчни тркала, ама би сакал нешто со покарпонки.
Л големина и 29' тркала.
 
Последно уредено:
фала ти, годинава и јас ќе го однесам во ктм
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom