Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
кај има вакви за надворешна гума вадење низ Скопје?

и цена како е?

Најдобра варијанта ти се кај Вучко хебли плус лепенки Zefal за 120 ден.[DOUBLEPOST=1443139210][/DOUBLEPOST]
Сакам да земам патики (мтб) од chainreactioncycles па ме интересира да зимам ист број со обичните патики или поголем ? Оти негде одамна по интернетов прочитав дека обично 1-2 броја поголеми треба да се изберат. Ако има некој искуство со купување на патики нека пише за да знам за сигурно
Имам патики Scott и кај мене се скоро три броја поголеми од тоа што го носам.
Носам 42.5 број на патеки, а мтб патиките се 45.5...Со други модели сум немал искуство.[DOUBLEPOST=1443139448][/DOUBLEPOST]
Добар е, ама за таа цена можеш да земеш многу подобар точак. Види во спорти сале групата на фб, шиткаат добри точаци после една сезона возење. Исто така провери низ центар кај точкариве. Мој совет трек. Ако ти се фрла уште нешто плус се знае, кјубче. Позз
Чисто информативно брендот нема врска со квалитетот на точакот, туку опремата.
Кога веќе спомна разлика помеѓу Трек и Кјуб, првиот е многу подобар и пореномиран бренд.
Тоа е исто како да речиш мој совет Адидас, ама ако имаш повеќе пари земи си Шлезингер.
 
Последно уредено:
Кога веќе спомна разлика помеѓу Трек и Кјуб, првиот е многу подобар и пореномиран бренд.
Тоа е исто како да речиш мој совет Адидас, ама ако имаш повеќе пари земи си Шлезингер.
Ај објасни ја разликата ? Сите користат исти делови шимано срам етц кој всушност се 80% од бајкот. На сите брендови ( не само на трек и на кјуб ) главните фабрики за рамките им се во кина, сите имаат фантастички технологии кои ги применуваат при изработка на рамките итн. Разликата е што едниот е реномиран бренд а другиот и не е толку познат а тоа се должи на маркетинг а не на разлика во квалитет (кај нас кјуб се доста застапени а тоа се должи на добриот маркетинг кој го има probike во споредба со другите фирми). Ете разлика (визуелна) има во дизајнот на рамките ( прави криви тенки дебели етц ), а според мене hardtail рамките на кјуб се многу подобро дизајнирани (лично мислење и вкус) од оние на трек .
Кога ќе седне на бајк трек или кјуб со идентична опрема нема да осети никаква разлика освен сумата со која ќе биде удрен по џебот :P.
 
Последно уредено:
ај објасни ја разликата ? сите користат исти делови шимано срам етц ( кој всушност се 80% од точакот ), на сите брендови ( не само на трек и на кјуб ) главните фабрики за рамките им се во кина, имаат фантастички технологии кои ги применуваат при изработка на рамките итн. разликата е што едниот е реномиран бренд а другиот и не е толлку познат кој воглавно се должи на маркетинг ( кај нас кјуб се доста застапени а тоа се должи на добриот маркетинг кој го има probike во споредба со другите фирми ). Разлика ете може има во дизајнот на рамките ( прави криви тенки дебели етц ), а според мене hardtail рамките на кјуб се многу подобро дизајнирани ( лично мислење и вкус ) од оние на трек .
Кога ќе седне на бајк трек или кјуб со идентична опрема нема да има разлика освен сумата по која ќе биде удрен по џебот :P

Трек е пореномиран бренд и самата компанија вложува повеќе средства за развој на нови технологии и затоа има предност пред Кјуб кој копира или превзема технологија од поголемите компании.
Инаку јас сум на мислење дека треба да бидат цените тука некаде...Ме иритира само кога некој лаик ќе каже дека Кјуб е врв на МТБ велосипедите.
 
Чисто информативно брендот нема врска со квалитетот на точакот, туку опремата.
Кога веќе спомна разлика помеѓу Трек и Кјуб, првиот е многу подобар и пореномиран бренд.
Тоа е исто како да речиш мој совет Адидас, ама ако имаш повеќе пари земи си Шлезингер.
Си пишав од мое искуство, а и затоа му напоменав трек. И кјуб се партали точаци, иако повеќе кај нас ги купуваат за цепажа. Но тоа си е друга тема. Уште подруга што добар кјуб кошта многу повеќе.
 
Трек е пореномиран бренд и самата компанија вложува повеќе средства за развој на нови технологии и затоа има предност пред Кјуб кој копира или превзема технологија од поголемите компании.
Инаку јас сум на мислење дека треба да бидат цените тука некаде...Ме иритира само кога некој лаик ќе каже дека Кјуб е врв на МТБ велосипедите.
Се додека ја користат истата опрема ( ист производител ) нема да има драстични разлики во преформанс и квалитет. На било кој од нас тука кога ќе му се понуди бајк трек кјуб спешлајзд скот џајнт со идентична опрема одлучува што ќе земеме според вкус и цена. Да беа некој бренд Макс Меруно и слично па да правевме споредби у квалитет, но тука сите се горе доле врв на бајкерската индустрија :P
 
Последно уредено:
но тука сите се горе доле врв на бајкерската индустрија :P
80% од МТБ брендовите кои се врв во велосипедската индустрија ги нема кај нас, ниту луѓето имаа слушнато за нив. :)
 
80% од МТБ брендовите кои се врв во велосипедската индустрија ги нема кај нас, ниту луѓето имаа слушнато за нив. :)
санта круз јети кона роки маунт бајк ? да беа достапни и цената да им беше нормална ќе се возеа и тие брендови.
 
санта круз јети кона роки маунт бајк ? да беа достапни и цената да им беше нормална ќе се возеа и тие брендови.
Да, плус La Pierre, Commencal, Transition, BMC, Ibis итн. Достапни се во однос на цена, имаат за сечиј џеб. Исто како и другите.
 
Да, плус La Pierre, Commencal, Transition, BMC, Ibis итн. Достапни се во однос на цена, имаат за сечиј џеб. Исто како и другите.
брендирани рамки со име, и како и сите други користат исти делови од ист производител. или грешам :D ?

btw ги заборавивме бугарските рам :свиркам:
 
Прашање до сите. Дали би земале точак "марка" кој е поскап и истовремено со послаби делови, или точак кој не е толку медиумски, светски познат, но поевтин и со подобри делови?
 
Прашање до сите. Дали би земале точак "марка" кој е поскап и истовремено со послаби делови, или точак кој не е толку медиумски, светски познат, но поевтин и со подобри делови?
Има една поговорка од Черчил "Не сум толку богат да носам ефтини чевли" ;)
 
Прашање до сите. Дали би земале точак "марка" кој е поскап и истовремено со послаби делови, или точак кој не е толку медиумски, светски познат, но поевтин и со подобри делови?
хаха прашањето е дали би купиле кјуб џајнт трек или би го купиле бугарскиот рам со појаки делови :D
 
Прашање до сите. Дали би земале точак "марка" кој е поскап и истовремено со послаби делови, или точак кој не е толку медиумски, светски познат, но поевтин и со подобри делови?
Немам видено ефтин точак со добри делови, тие две работи некако не ми идат заедно.
Од друга страна пак повеќе пари не секогаш значи подобри делови (барем не пропорционално со парите)
Често имам забележано пример, помеѓу точак со 105 и ултегра а иста рамка разлика и од 1000 евра, што не е пропорционално со цената на цела група сам да ја купиш.
105 група нова се наоѓа за 400-450 евра (не кај нас) додека ултегра 600-650 евра. Но уште повеќе ме нервира што не ја ни ставаат целата група, скоро секаде каде што гледав, точак со ултегра група, уствари доаѓа со 3rd party ланец, касета и погон па и BB, некои ги комбинираат со 105 делови, некои со FSA делови, ама сепак педерски е да наплаќаат толку а да не ја стават целата група.

Така да попрво би купил квалитетен рам, што ќе ми одговара на висината со пониска класа делови, па да менувам како ми требаат делови подоцна. Во денешно време и најниската класа на shimano e поприлично квалитетна.
 
Не верувам дека е така, разликата е околу 300 евра односно колку што е разликата во класите.

Еве пример кај официјалната страница на Канион или Кањон или како и да се спелува. (Провери ја разликата во цена од 6.0 кој е фул 105, со 7.0 кој е фул Ултегра)
https://www.canyon.com/en/road/endurace/2016/endurace-al-7-0.html

Во ниту еден случај не може да земиш да го составуваш сам велосипедот и да ти излезе поефтин, освен да имаш среќа да начекаш дебел попуст на сите компоненти и рамот.

Зависи за што ќе го користиш велосипедот, ако сакаш да се натпреваруваш или пак да возиш преку 500 км. неделно тогаш мој совет е да одиш со најмалку Тиагра ниво на опрема и редовна проверка на ланец да си правиш за да не фрлаш зупчаници и погон набрзинка, ако си онака рекреативец, буквално се ќе ти брка работа.
 
Прашање до сите. Дали би земале точак "марка" кој е поскап и истовремено со послаби делови, или точак кој не е толку медиумски, светски познат, но поевтин и со подобри делови?

Јас бев во таа дилема кога купував, и купив од вторите. Не ми е криво и не се каам зошто геометријата ми легна прилично добро.

Со правење таков избор, се соочуваш со далеку пониска продажна цена кога ќе решиш да го смениш точакот. За среќа јас го купив за да го возам, а не да го продавам, па и не ми прави разлика кога во наредната зима ќе го дадам на некој за 330 евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom