Мое мислење за дискусијата во последните постови и прашањето на
@КвикСилвер ^^^
Секој точак од пореномираните марки што се продава кај нас (трек, кјуб, спешлајзд, скот итн) со entry левел опрема (до/околу 500 евра) е сосема ист и било и каква геометрија да има, во пракса пак ќе ти легне. Повеќе станува збор до навика, него до геометрија.
Како што спомна
@Ryan Giggs (кој патем е хејтер на РАМ

) веќе станува збор за прашање на вкус. Ќе ги земеме за пример РАМ (бугарска марка). Они имаат релативно поефтини точаци со иста опрема. Пример скот од 2000 евра, истата опрема на рам точак, - ќе биде околу 1200еур.
Демек разиката било што РАМ не вложувале многу во дивелопмент на рамките?? Што има врска, кога и така нивната рамка е ископирана од некој друг гигант и автоматски нема утка.
Дури и да не е рамката ископирана, стварно верувате во тоа дека постои „лоша“ рамка на точак од над 1000 еур за ти во пракса да видиш разлика?? Зборам за геометрија на рамка, а не изглед пошо ако дискутираме изглед/вкус нема да има крај.
Случајно да не те фати кичмата или колената после Х години возење затоа што рамката била лоша?
Зборам за активно возење во МК и околина - навака-натака, по маратони и локални патеки, а за професионални трки каде што секоја стотинка е битна, тука не ми држи вода муабетот за рамките.
Јас пре би платил за РАМ со таква опрема неголи overpriced марка. Иначе сега го напраив вториот избор и земав specialized како почетник да се научам на smooth точак да маневрирам по патеки, а после ќе идам на „погруба“ рамка, ако веќе постои таков термин...
