Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ма какви услови нема ништо во Куманово. Ако возиш по кеј те бркаат зошто ќе си згазил деца на тротоарите се паркирани возила така да мора да се буткаш со таксистите по улици, а кога си велиосипедист никој не те пази ни 2% :toe:
 
исто е и во Скопје ако возиш по тротоарите. А што да кажам па сеа кога лушево и ПОНАТАКА се кретени и одат по црвената патека што ја направија СПЕЦИЈАЛНО за точаци? уште полошо ШТО ПЕШАЧАТ и на ГОЛЕМО се собираат на сред стазата за точации ролери што ја направија по кејот на вардар?! па уште кога ќе им кажеш те праат луд!!!
 
Немаме ние култура за велосипедизам. Како и да окренеш мора да се вози по патот што мислам дека е дозволено доколку нема стаза за велосипеди. Крајно безобразни се таксистите кои возат без жмигавци, престигнуваат за потоа да ти го пресечат патот не почитуваат пат со предност и слично :nerv::nerv::nerv:
 
[MkD]Scout;2736833 напиша:
исто е и во Скопје ако возиш по тротоарите. А што да кажам па сеа кога лушево и ПОНАТАКА се кретени и одат по црвената патека што ја направија СПЕЦИЈАЛНО за точаци? уште полошо ШТО ПЕШАЧАТ и на ГОЛЕМО се собираат на сред стазата за точации ролери што ја направија по кејот на вардар?! па уште кога ќе им кажеш те праат луд!!!
На кеј најчесто идат луѓе за да се покажат пред другите со својата скапа опрема иако не ја ни употребуваат.Инаку најмногу ме нервира кога ќе се собере некое друштво со ролерки или точаци и се влечат по патот.Кога ќе развиеш голема брзина во последна брзина и притоа закочиш,тешко се враќа истата брзина.
 
На кеј најчесто идат луѓе за да се покажат пред другите со својата скапа опрема иако не ја ни употребуваат.Инаку најмногу ме нервира кога ќе се собере некое друштво со ролерки или точаци и се влечат по патот.Кога ќе развиеш голема брзина во последна брзина и притоа закочиш,тешко се враќа истата брзина.
Тотално се согласувам, па поради тоа, често и избегавам да возам точак на кеј кога има и најмногу народ, затоа што како што викаш, се влечат некои со ролерки и точаци и таман ќе добиеш темпо на вртење, некој ќе ти се испречи и ќе се заебеш. Но, за таквите луѓе брат, и така и така.
Што ќе правиме со оние што шетаат пешки или трчаат по патеката за велосипеди?? тие најмногу ме нервираат! Имаат две слободни патеки каде што може да се рекреираат, едната е над велосипедската патека, а другата е покрај Вардар. И тие нашле да трчаат или шетаат баш на велосипедската патека, бог да чува!!!:nesvest:
Треба еден ден да се донесат закони со кои што би се заштитела велосипедската патека, односно да не шетаат и трчаат по неа луѓе, или пак да возат мотори, за да потоа полицијата направи уште една рација таму, малце да се воспитаат тоа сељачаната за како да се однесуваат во градска рекреативна средина.

Инаку сабајлето си бев на Водно, мислев да идам само до Средно Водно, преку Нерези накај дома, ама се заинатив и отидов до Крстот. За првпат по таа релација за оваа година беше малце тешко, ама како и да е, се качив. Со тек на време ќе се навикнам. :)
 
Ме иритира некултурата што се случува секојдневно кај кејот.
По патеката за пешаци, иако веќе тоа треба да е минато, уште мора да се внимава дали некој од позади ќе ти залета со точак или ролерки, точаците на својата патека треба да внимаваат да не прегазат некој што му текнало да џогира таму...
Па мислам срамота. Кај колку-толку направија услови и пак некој од чиста мрза си тера по свој инает.
 
Ме иритира некултурата што се случува секојдневно кај кејот.
По патеката за пешаци, иако веќе тоа треба да е минато, уште мора да се внимава дали некој од позади ќе ти залета со точак или ролерки, точаците на својата патека треба да внимаваат да не прегазат некој што му текнало да џогира таму...
Па мислам срамота. Кај колку-толку направија услови и пак некој од чиста мрза си тера по свој инает.

еве неколку луѓе што мислат исто како мене... кога и да појдам на кеј со другари, накај дома ме зезаат ејјјј ке го изгазеше оној,ке го изгазеше овој... а тие што ке ги изгазам буквално лазат по црвената патека, или пак ја премиунуваат без да видат лево-десно/...
 
Во склоп на она што правевме муабет....


**********************************************************************

Патека за мангупирање



Граѓаните се жалат дека метежот на велосипедската патека покрај Вардар е се поголем, а градските власти објаснуваат дека за безбедноста е надлежна сообраќајната полиција


Велосипедската патека покрај Вардар станува претесна да ги прими сите скопјани што сакаат да се рекреираат крај реката. Уште во почетокот стекна голема популарност и кај младите и кај постарите жители и се' повеќе се посетува, особено откако се догради и во населбата Аеродром. Со зголемувањето на популарноста, на патеката се зголемија и проблемите. Таа стана место и за пешачење, за трчање, па и за возење детски колички. На исто место велосипедисти возат спортски велосипеди, а деца мали велосипеди со помошни тркалца. Хаосот го дополнуваат и моторџиите, кои ги има се' повеќе. Тие сакајќи да се истакнат пред девојките и другарите, не ја почитуваат забраната за движење со моторни возила и ги загрозуваат другите.

Општините предупредија дека патеките покрај кејот се наменети исклучиво за велосипедисти и за ролерџии. Но, кој да слуша. Метежот на патеката е секојдневен.

Граѓаните што се рекреираат таму се загрижени за својата безбедност. Велат дека инциденти има се' повеќе, бидејќи нема место за сите, а нема ниту спаувачка екипа, ниту сообраќајна полиција.

- На патеката секојдневно има моторџии, но и пешаци, кои им пречат на велосипедистите. Има и мали деца, кои доаѓаат со своите родители и кои се возат на тротинетчиња, ролери, мали велосипеди итн. Се туркаат и колички со бебиња. Тоа е проблем. Патеката не е наменета за сите категории, да речам возачи, кои доаѓаат таму. Треба многу да се внимава на брзината со која се вози, но мора да има и контрола. Еднаш една девојка се преврте од велосипедот, бидејќи се исплаши од моторџија, кој забрзано помина покрај неа. А никој не презеде ништо, односно немаше кој да го казни. Навистина е срамота - вели еден велосипедист на патеката.

Еден друг рекреативец се жали дека на патеката воопшто нема јавна говорница од каде може да се повика помош ако некој се повреди, а нема ниту спасувачки екипи.

- Едно мало девојче еднаш поради метежот падна од велосипед и многу лошо си го прегриза јазикот. Немаше од каде да се побара помош. Младите јурат на патеката и воопшто не внимаваат. Од друга страна, таа стана претесна за да ги прими сите заинтересирани - вели жител на Влае.

Граѓаните се жалат дека патеката на некои места има и деформации, односно тумби и дупки, кои никој не ги санира.

Од одделението за односи со јавноста во Градот Скопје велат дека на патеката е поставена соодветна сигнализација, со која е забранет пристап и користење какви било моторни возила.

- Поставена е и хоризонтална сигнализација, односно обележани се места на кои може да минуваат пешаците. За контрола на патеката е одговорна сообраќајната полиција, која треба да го регулира и санкционира возењето на мотоцикли - велат од Градот.

Оваа патека, позната и како трим-патека, е нешто подолга од 15 километри. Составена е од два дела и се протега на двете нивоа на кејот на Вардар. На горното ниво на одбранбениот ѕид е изградена патека за прошетка, со клупи за одмарање и соодветно осветление. Доле се наоѓа велосипедската патека, а до неа е патеката за милениците на џогингот. Најпрво беше изградена патеката од мостот во Хром кон центарот на градот, а подоцна патеката беше продолжена и до населбата Аеродром.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=43...075C52CFD91CEA
 
Вие што сте од Скопје барем спомнувате патека, кеј... Во Кавадарци нема ништо ни блиску до патека. Повеќе велосипедистите не се толерираат, и годинава скроз изгубив желба за возење. Плус, за да извозам 40 километри треба по истите улици да поминам 20 пати :vozbud:
 
А џип да го емммм ја секоа ден со другарите до браната ојме.....знам дека не е ногу ама па се 5-6 км
 
23swu55.jpg

Еве како изглеа тоа,кога на сред патека ПЕШАЧАТ 5-6 души и тоа се рашириле убаво а да биде комплетно има и мало дете кое го пуштаат само да си оди пред или позади нив :toe:

2a8rp88.jpg

Еве како е горната патека(за тие што не ја виделе) и која е за пешачење.
И тука има исклучок има некои девојки глеам идат по неа до кај позади 3бисери негде и тек таму се спуштаат на патеката доле,не сфакам зошто возат горе ем тоа не е за возење ,лоша е подлогата ,ем пуно народ ама тоа е тоа..


уште некоја фотка..
2cqcmmu.jpg


166gfuo.jpg


25jyxci.jpg
 
сакам да возам велосипед, ама ептен ретко возам :/
кога возам, возам надвор од градо, доле у полето меѓу селата накај Плачковица.
рамен терен, нема коли, има патишта за пократко и подолго возење и супер е.
 
Не би било лошо оние кои возат велосипед да стават слика од нивната машина :pos2:
 
Па како иницијатор на мислата започни прв со твојата машина. Јад мојата ја поставувам кога ке се вратам од одмор
 
Скоро секој ден возам покрај кеј. Го возам од почеток до крај и уште понатака:D. Значи обожавамд а возам точак. Во последно време само со тоа се замарам поише :). А Колку шо глеам Некој членови над мене го спомнале и тоа што некој луге таму пешачат и шетаат бебиња. Со кој памет. Има некој лудаци шо звозат брзо и како ке и ако не ги види ке ги удри и после кој е крив он. Стварно не ги сфакам тие. Мн кочат сообракај на патеката:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom