Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Јас ги имам овие и не можам да се пожалам
иначе имам 3-4 нарачки од март што ми стигнаа пред некоја недела
Баш ќе ги проверам. Ако нарачам сега додека да стасаат ќе помине летото :)

Ама во секој случај ќе нарачам еден пар за проба

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Освен chainreaction друг некој сајт за нарачки? И како искуство со царинење, до која сума иде луфте итн итн
 
Освен chainreaction друг некој сајт за нарачки? И како искуство со царинење, до која сума иде луфте итн итн
Шо појак точак, то се многу многу мал асортиман кај нас, речиси и не постојт. Шимано, последивне 2 години е заебано да се нарачат кај нас, многу ретко од продуктите не ги праќет за кај нас скапаниве (постој рестрикција), Кјуб/Радон исто така.
chainreactioncycles, evanscycles, прает достава кај нас преку Ројал Меил (Int.Standard/Signed/Tracked), до душа некогаш и мојт да им се згрешит па за истата цена да ти ги пратат со ДХЛ, исто ќе ги забораев probikekit.co.uk/
bike24.com, bike-components.de, bike-discount.de сите праќет кај нас преку ДХЛ 16/20 евра поштарина, но пази се од овие капајциве овдека дхл зато шо ќе ти го сољупат џебот.
Од 22 евра до 90 евра само ддв 18% и едно 150тина денари (за селотејпот ќе си платиш, зш отвориле да ѕирнат шо имат па ти го залепиле пак). Над 90 евра 5% царина за делој и 18% ддв, облека/патики за возење 23% царина и 18% ддв.
 
Дечки едно прашање, овие навлаките за седиште со гел бркаат ли работа?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Боли гзето а [emoji1] Некогаш и тоа и шорцој со гел не вршат работа, зависи од вожњата, ја и тоа и тоа имам каде каде боље него ништо..

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Боли гзето а [emoji1] Некогаш и тоа и шорцој со гел не вршат работа, зависи од вожњата, ја и тоа и тоа имам каде каде боље него ништо..

Sent from my MI 5 using Tapatalk

За бициклистички со гел знам и чекам плата, само се интересирав за навлакава да не е џабе фрлање пари.

Не почнувај.. [emoji16] пошто возевме викендов со колеги, кој нов точак, кој не возел од Милан кога беше шампион... Денеска соте се жалевме на гзот и многу awkward момент беше кога некој друг не слушаше што не бил на вожња [emoji16]


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не сум стигнат до газето да ме боли, дајте прво совет кој притисок во гумите треба за 28" - 700x40C гуми, негде околу 4 бари?
 
Пишува на секоја гума од колку до колку бара треба.
 
Не сум стигнат до газето да ме боли, дајте прво совет кој притисок во гумите треба за 28" - 700x40C гуми, негде околу 4 бари?
Ако нема изразено во Bar тогаш ќе прочиташ колку е максимумот во PSI.Обично се движи од 75 до 85 psi и го делиш со 14.5 за да добиеш околу 5.1 до 5.8 бари.
 
Hellsing напиша:
Испадна дека е Osprey ранец во вредност од 50,88 фунти.
Според царина т.е. custom.gov.mk ова треба да избегне царински давачки (испод 90евра) ама не и ДДВ кое би требало да биде 18%
Е сеа се мислам да идам сам да истерам зашто ДХЛ крвниците од старт земаат 1593 ден плус на крај 1000 ден за магацински трошоци т.е. лежарина.

Некој од вас да не има изгурано сам, има компликации или?
G1-Killer напиша:
Плати им 1500 и нека ти завршат работа, сам ке акаш и на крај поскапо ке те кошта.
Бев денеска сам и си завршив работа, во случај некој да има потреба ќе пробам на кратко да објаснам.

На ДХЛ им реков дека индивидуално ќе се изврши постапката на увоз при што они ми ги пратија потребните документи.
Мораше да се појде до царинска испостава Аеродром (карго дел) ги предадов на цариниците направија пресметка и со таа потврда од пресметката го подигнав пакетот од ДХЛ магацин.
Според царина секоја пратка од 22 до 90 евра подлежи на 18% ддв, тоа што разбрав е дека тука го вклучуваат и шипингот кој веќе ти е платен па на таа цела сума ти пресметуваат ддв.
Моите трошоци беа следни:
-патарина во два правци - 80мкд
-18% ддв на пратката (вкупна вредност со шипинг-63,98еу) - 711мкд
-ДХЛ складишен трошок (ова мора во случај пакет да се најде во нивни раце) - 1000мкд
Вкупно - 1791мкд

Ако се согласев ДХЛ да завршат целокупна постапка вкупен трошок ќе имав од 3384,00мкд

Во случај некој да порачува периодов од страниве за велосипеди да знаете дека се испраќаат преку ДХЛ Експрес иако е селектирана испорака со обична пошта.
Го закачив одговоров од друга тема со цел на некој да му биде од информативен карактер.
 
Разгледував и таму само не знам со целава ситуација како одат пратките. Може да се нарача еден пар за проба. Фала на инфо
Поздрав

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Не стигнуваат, не се мачи.
 
Здраво,

Дали има некој совет каде можам да измијам точак после вожња во скопје?

Во зграда сум и нема чешма за црево да ставам долу, па морав вчера со кал да го приберам, многу кал :)

Нешто како самопослужна перална со жетони или како некој се снаоѓа ако е во слична ситуација? во центар и населбите наоколу

позз
 
Здраво,

Дали има некој совет каде можам да измијам точак после вожња во скопје?

Во зграда сум и нема чешма за црево да ставам долу, па морав вчера со кал да го приберам, многу кал :)

Нешто како самопослужна перална со жетони или како некој се снаоѓа ако е во слична ситуација? во центар и населбите наоколу

позз
Со влажни марами се чисти. Е сега некои делови се малце потешки, но битно ќе го зачистиш колку толку.
 
Со влажни марами се чисти. Е сега некои делови се малце потешки, но битно ќе го зачистиш колку толку.
не брка работа за гумите, а највалканиот дел е помеѓу крампоните што се рони насекаде наредниот ден кога ќе подсуши...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom