Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Фала на сите кој ми дадоа совет, купив Полар и сум презадоволен, знам дека не е висока класа на велосипед ама ми фати око и го зедов, пазејќи на се што ми беше укажано секако :D направени веќе неколку подолги тури, си лета и на light off road (уште го немам пробано по нешто по зезнато али и таму ќе биде тестиран), да битна е и марката али битно е и да нештото ти се свиѓа, слушајте совети али слушајте си го и срцето ;).
Апсолутно се согласувам. Нека ти е честито и што повеќе километри и авантури поминати :)
 
Фала на сите кој ми дадоа совет, купив Полар и сум презадоволен, знам дека не е висока класа на велосипед ама ми фати око и го зедов, пазејќи на се што ми беше укажано секако :D направени веќе неколку подолги тури, си лета и на light off road (уште го немам пробано по нешто по зезнато али и таму ќе биде тестиран), да битна е и марката али битно е и да нештото ти се свиѓа, слушајте совети али слушајте си го и срцето ;).
Дали ќе се извози некоја тура 90% отпаѓаат на возачот а само 10% на велосипедот и со ова се сум ти кажал.
 
Како е за возење до крстот во Кучково, има проблеми со кучиња по патот? Избегнувам натаму да возам од тие причини...
Не сум сретнал никогаш таму кучиња. Имам од два-тројца чуено да се пожалат дека имало по пат ама ништо страшно. Шибај слободно.
 
Добар ли е точаков за некој што е висок 190+ cm?
Исклучиво возење во град (до работа, на кеј).
Или можам да поминам со нешто слично и поевтино?
И препорачајте седиште за дете, 2 години и 8 месеци, 20 кг тежина.

Исто дали и овој точак е ок (за 165-170 cm)?
 
Последно уредено:
Добар ли е точаков за некој што е висок 190+ cm?
Исклучиво возење во град (до работа, на кеј).
Или можам да поминам со нешто слично и поевтино?
И препорачајте седиште за дете, 2 години и 8 месеци, 20 кг тежина.

Исто дали и овој точак е ок?
За 190+ ти треба XL рамка. Инаку ОК е за тие едноставни/основни потреби. Ако го немаат моделот во Bike Market, побарај во Bike Center кај Католичка црква и Bike Center е увозник на Polar.

edit: Во секој случај отиди во Bike Center затоа што има повеќе модели на Polar, а може и нешто разлика во цената да има и поевтино да поминеш.
 
Дава Пеџа во Треска Спорт добри попусти на опрема, облека конкретно?
 
Дава Пеџа во Треска Спорт добри попусти на опрема, облека конкретно?
Прво треба да се пазариш со него за да видиш дали за нешто ќе ти даде попуст затоа што сум слушал кај други конкуренти на некои муштерии им давале а за ист производ на други не им давале што значи дека има нешто повеќе од муштерија.
 
Здраво,

Сакам да земам CUBE AIM PRO 2020 од Pro Bike.
Не барам велосипедот за планински возења туку повеќе за асфалт и тврда земја.
Дали имам подобра опција во тој ценовен ранг (29-30 000ден) или да ми понудите некој добро зачуван што е од повисока класа на старо.
 
Мене овој многу ми се допаѓа во тој ценовен опсег:

На страницата пишува дека го има на залиха, ама на Outdoor веб-сајтот често не е ажуриран, така што најдобро е да појдеш во дуќан или да се јавиш.
 
Здраво,

Сакам да земам CUBE AIM PRO 2020 од Pro Bike.
Не барам велосипедот за планински возења туку повеќе за асфалт и тврда земја.
Дали имам подобра опција во тој ценовен ранг (29-30 000ден) или да ми понудите некој добро зачуван што е од повисока класа на старо.
Оди кај Васко во Ѓорче и види дали нешто ќе ти фати око.Тука има само по некој што сега го добил но на лагер има сигурно околу 30.Моделите му се од 2016 па наваму и се многу малку возени,практично нови а се околу 50% поевтини од првичната продажна цена:https://www.facebook.com/Used-Bike-Macedonia-1138301476272935/
 
Имам велосипед Scott sub comfort 20 hibrid bike и сакам да го направам плус електричен да биде. Дали има некој што работи такви работи во Скопје (да има или нарачува делови) и евентуално контакт?
P.S. Ако не е соодветно местото на постот, нека се премести.
 
Последно уредено:
Здраво дечки,

Ме интересира дали може велосипед кој има 3x7 или 3x8 брзини со tourney мењачи да се надогради со 3x9 или 3x10 од повисока класа. Дали има врска рамката за таа можност. Ако има можност дали може да се смени независно само задниот дел или се оди комплет.

Поздрав

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Прво треба да се види каков тип на рамка имаш. Дали е за лептир тркала или не.
АКо сега задниот бандаж е на штраф (макс собим и други некои од тој тип) големи се шансите да неможеш да го конвертираш рамот со појаки делови.

Во случај да е бренд. Ќе може
Но секако Имаш многу за менување. Се менува се. Шалтери, касета, ланец и доста често и погон.

Се исплати само ако најдеш на старо цела група па да се смени наеднаш.
На ново не ти се исплаќа да вложуваш во тој велосипед.
 
Фала на одговор, се работи за merida и cube со tourney опрема, но штом има толку за инвестирање нема да се први таков план :)
 
Фала на одговор, се работи за merida и cube со tourney опрема, но штом има толку за инвестирање нема да се први таков план :)
Ако остануваш на иста комбинација на брзини можеш да замениш преден и заден менувач без ништо друго, евентуално да треба да направиш промена на должина на ланец (поголем/помал)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom