Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За да се пренесе велосипед преку граница дали се потребни некои документи ??
 
Не, ама ако е твој и сакаш да се вратиш со него, добро е да пријавиш сериски број на граница, за да не ти прават проблем на царина при враќање назад. Може да те обвинат дека пробуваш да го шверцаш иако е твој.

Ако пробуваш да внесеш точак од странство, ризикот е да ти го царинат, ама луѓе викаат дека многу често цариниците не се замараат воопшто.
 
Планирам да си земам за Мерида-та (29-ка) еден пар вакви, бидејќи 90% само асфалт возам со неа.

50618240_2430232260384045_1311625012960034816_n.jpg

Совети, импресии, алтернативи?
 
Планирам да си земам за Мерида-та (29-ка) еден пар вакви, бидејќи 90% само асфалт возам со неа.

50618240_2430232260384045_1311625012960034816_n.jpg

Совети, импресии, алтернативи?

Sport Contact, 622x40. Ќе се изненадиш од трансформацијата :)

Ако више одиш на semi-slick, оди и на потенка гума. 1.5“ (40mm) не е најтенка, уште има доволно месо да апсорбира дупки и нерамнини, ама има помала тежина (помала ротациона маса, полесно забрзување и одржување брзина).
 
Би одел и на најтенката, ама ем нема многу стабилност при брзи свиоци, ем ќе го чувствувам секое дупче.

Моментално возам:
29" CST C-1850P-3, 53-622 (29X2.10) на 3.0 bar за поголеми брзини.
Идеално, по изглед и функционалност мислам дека 1.95 би ми биле таман, водејќи се по 26-ката на која возам 1.75

За одржување брзина немам проблем сум оддржувал 30км/ч на рамно и 40км/ч со малку ветер на гореспоменатите CST. Мислам дека комфорот ќе биде клучен во одлуката.
 
Ми треба градски велосипед до 150е за пократки дестинации низ Скопје, дали знаете некој што продава половни велосипеди или некоја добра инвестиција за нов :LOL:
Огласите на reklama5 и pazar3 сум ги разгледал :)
 
Некои добри светла за однапред? Може и преку Алиекспрес
 
Каде да најдам течност за лепење гуми?
Течност што се става во гумата.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Каде да најдам течност за лепење гуми?
Течност што се става во гумата.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk

Во Бајкстоп, Bontrager млеко за гуми. Најефтино е во Скопје мислам. Ако ти е за во внатрешни, осигурај се прво дека ќе можеш да го отштрафиш вентилот. Ако не, терај. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dwa
Во Бајкстоп, Bontrager млеко за гуми. Најефтино е во Скопје мислам. Ако ти е за во внатрешни, осигурај се прво дека ќе можеш да го отштрафиш вентилот. Ако не, терај. :)
Фала за инфото, деновиве ќе одам да земам. Инаку за надворешни ми е :)
 
Дечки сигурно милион пати е објаснето поназад у темава али ај да се врти муабет :) па да ве прашам како ги чистите касетите и ланците по точаците, средство некое и начин. И после за подмачкуање шо употребуате?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom