Да го надополнам
@Acohipmk, не ја препорачувам облеката ама дефинитивно отепав 2 пара шорцеви преку две сезони. Ако ти е седиштето идеално наместено, океј се за максимум 2 саата на седло.
Сега сум на Btwin шорцеви, конкретно Btwin 500. Имам 3 пара, стиснав заби и се убедив дека инвестирам, а не трошам пари и дефинитивно возењето точак ми стана уште поголемо задоволство.
За другите работи и додатоци, слободно нарачувај, само гледај да не бидат тоа карбонски држачи за бидони. Квалитетот е навистина низок, често стигаат и напукнати/скршени. Пластика и/или алуминиум само.