Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да купам добар точак до кај 6.000 денари. Знаете негде низ Скопје (каде точно) да продаваат увезени точаци од Германија, Швајцарија, Холандија?
 
Ченто на почеток од лева страна таа големата куќа.
Види и по реклама5, се наоѓа по нешто добро. Супер буџет ти е тоа за градски бајк.
 
Реатаврирав еден стар Собим точак и сега треба да купам ланец, али стариот веќе го фрлив и не знам каков тип на ланец користи точаков. Иначе 21 брзинец е ако е од корист ова. Помош нешто?
 
Најверојатно се работи за 3х7 пренос... напред 3 запчаници а назат 7-ка касета. Ти треба 7s ланец т.е. ланец за 7 брзини. Имаш Shimano, KMC, SRAM од поквалитетните по продавниците за велосипеди. Што и да одбереш нема да згрешиш.
 
Да да точно вакви се касетите. Фала многу. А тие од по 9 или 11 брзини што ги гледав во понуда какви се, за каков модел?
 
Имаш ланци за секакви преноси и брзини...
3x7
3x8
3x9
3x10
2x10
2x11
1x11
соодветно на тоа и ланец 7с,8с,9с, 10с или 11с. Тебе само 7с ти брка работа. Останатово е друга математика
 
Да да, океј фала многу.
 
Мала исправка: ланците за 6, 7 и 8 брзини се идентични, односно многу производители така и ги обележуваат на пакувањето.
 
Имал некој проблеми Стравата да не му ја закачила рутата која е возена на профилот? Се одлогирав и пак логирав и го сторив истото, па го рестартирав телефонот, но ми го покажува истиот проблем (error400)
 
Еднаш ми се има случено истото...од поодамна беше не се сеќавам дали истата грешка - важно не можев да ја прикачам рутата. Единствено чаре ти е да ја зачуваш рутата на мобилен во .gpx екстензија(ти го дава тоа како опција на Страва) па да си ја препратиш на Viber или e-mail од телефонот за да можеш после да ја download-ираш и мануелно да ја прикачиш логиран на профилот на Страва од компјутер.
 
Воланот ми е р’ѓосан на горниот дел, од постарите модели ми е, дали да купувам нов или да го извадам и бојата да му ја извадам и да го офарбам со спреј?
Колку се отприлика нови волани?
 
https://www.facebook.com/delovizave...509003350/1226760090710656/?type=3&permPage=1

Имаш тука за 300 денари. Иначе можеш да го фарбаш само не претерувај со дебелината на слоевите боја, треба ептен тенко. Ако го фарбаш со дебели слоеви, нема да ти одговараат ни гумените рачки, ни кочниците, нити пак ќе можеш да го монтираш назад на точак. :)
 
прво планирам со бренер да ја извадам бојата па после тенко со спреј да го офарбам, ама ќе видам дали фарбање, дали нов, фала
 
Поновиот телефон кој го имам го однесов на сервис, па пробав да ја инсталирам Страва на постариот телефон, но не е достапна за тој уред. Дали може да инсталирам постара верзија или дали има некоја слична апликација со која може да ги синхронизирам податоците?
 
пробај со wahoo fitness, јас исклучиво таа апликација ја користам и има итеграција со страва.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom