Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
На која цена се движат овие гуми? Или барем тој гел?
Цените почнуваат од 600ден нагоре за гуми и 250ден за гел ако добро се сеќавам.
Со тоа што по спецификација имаш доволно гел за две внатрешни гуми (само да знаеш треба да ти бидат компатибилни тие што ги имаш).
За сигурно, провери си на страните на outdoor.мк и vuckocompany.mk.
 
Некој да не продава педали со платформа ми требаат .. или да ми дадете некоја страница од македонија кај продаваат да разгледам. ги гледав тие на проспорт ептен им е цената голема ...
 
https://www.facebook.com/groups/1678303075781557/
https://www.facebook.com/groups/1204385472985233/

Совет: ако веќе земаш платформа не земај без индустриски лагери и/или пластични, сум видел слики од Nukeproof пластични распарчени после неколку скокови.
 
каде лепите внатрешни гуми и по која цена, денес се распрашував по сериси, сите само менуваат со нови, зошто кога можат да се залепат!
 
Ми се врти некоја сума као 100-150 денари, во Модус Бајк во Лептокарија. Можда е подобро да се научи „занаетот“ бидејќи е едноставен, а воедно ова е буквално најчестиот дефект што може да го има еден велосипед. :)

Ќе се дупне гума, ќе купиш нова, старата ќе ја залепиш. Така два-три пати и ќе имаш 4-5 гуми за менување, кога ќе се дупнат ќе си залепиш и никад нема да имаш неоперативен точак.
 
се согласувам, но незнам откако ќе се извади тркалото како правилно се центрира, тоа ми е болката...постапката за лепење е лесна!
 
Бидејќи through axle монтажниот систем е само-центрирачки, претпоставувам зборуваме за QR/патент стега. Тркалото се центрира со тоа што ќе го ставиш во лежиштето каде што треба да стои, и со точакот во исправена (на тркала) позиција, ќе притиснеш со градите на волан или седиште (зависи кое тркало го монтираш) за да си легне во drop outs на двете страни подеднакво. Така притиснато, двете раце ти се слободни да си ја подесиш стегата на посакуваниот отпор и да ја стегнеш.

Пробав да најдам видео што е репрезентативно за моето објаснување ама сите стегаат без притисок (не знам како планираат да возат).

Ваквиот начин на монтажа без промашување ја центрира главината (осовината) во лежиштата. Единствено промашување може да има кај тркала кои се лошо центрирани на сталак (ако си ги носел на исправање и мајсторот не се потрудил да го центрира).
 
ти благодарам, сепак мора да има прв пат, па ако утнам ќе барам помош ид професионалец, тнх
 
се согласувам, но незнам откако ќе се извади тркалото како правилно се центрира, тоа ми е болката...постапката за лепење е лесна!
За лепење не треба да го вадиш тркалото. Само извадија внатрешната и лепи. Ќе си носиш лепенка, лепак за гума, хебличе и мала пумпа и тоа е се што ти треба да залепиш гума на терен. За пет минути се е готово и продолжуваш со вртење.
 
Narrow wide chainring za 1x10 od kade bi mi preporacale da kupam?
 
Речено сторено :)
Distance 235.8 km
Average speed 20.08 km/h
Elevation 1703 m
https://www.strava.com/activities/1068877333
4vlcvm.jpg
 
барам мислење за внатрешна гума 29" со АV, се нуди мишелин 320 и рубена 220 ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom