Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За какви „терени“ станува збор кога се спомнува велосипед од тој ценовен ранг? Мислам дека нема потреба да си ја тестираме среќата возејќи по било каков терен што не е асфалт, имајќи ја во предвид цврстината на бандажите.

Со оглед на тоа, амортизер од толку ниска класа е проблем кој ќе се случи, само не знаеме кога. Највише што мразам е расклатена вилушка на точак, а ваквите амортизери ќе добијат луфта за многу кратко време. Затоа, кога се купува ефтин точак се избегнуваат комплицирани технологии како амортизери и диск кочници, бидејќи за нив треба прецизна изработка која кинезите не ја поседуваат.
 
ок проблемот со страва решен.
Него, во Прилепов кај можам да купам делови за точачево, сакам да купам хидраулика, дали уопште се најдува такво нешто???
 
Три пати во еден месец ми се дупнува гума на точакот...навистина нема смисла, полни се патеките со стакла и боцки.
Ќе имаме ли некогаш свест кај овој наш народ, па мака ми е веќе:(
 
Те прати некој малер
 
Незнам какви се и колку чинат безвоздушните гуми..јас сум само за такви:)
 
Следен пат кога ќе одиш во сервис за менување гума, прашај ги дали има опција да ти стават „млеко“ во гумите. Тоа е течност/лепак што ги затнува дупчињата прилично брзо. :)
 
Три пати во еден месец ми се дупнува гума на точакот...навистина нема смисла, полни се патеките со стакла и боцки.
Ќе имаме ли некогаш свест кај овој наш народ, па мака ми е веќе:(

Или не пазиш каде возиш, или неправилно ги местиш внатрешните.
Кога ќе менуваш нареден пат гума провери ја детално надворешната да не останало некое трнче или стакленце внатре. Исто провери го и бандажот дали лентата што стои помеѓу внатрешната и бандажот е превиткана и покрива од едната страна до другата, дали некое од штрафчињата (не знам како се викаат на македонски) или некоја шпица штрчи.

Можно е и внатрешната да не ја местиш како што треба па после неколку возења бандажот или надворешната да ти ја "штипне" и дупне.
Кога ќе ја ставаш внатрешната напумпај ја малце колку да добие форма и стави ја во надворешната. Потоа мести ја најнормално и по потреба издиши ја малце се додека не влезе целосно надворешната. Напумпај ја, но не до даска (2/3 од максималниот притисок) и вози 1-2 пати додека не се намести убаво. После тоа можеш да ја напумпаш до препорачаниот притисок и не би требало да имаш проблеми (освен ако не нагазиш стакло или некое трнче)

Следен пат кога ќе одиш во сервис за менување гума, прашај ги дали има опција да ти стават „млеко“ во гумите. Тоа е течност/лепак што ги затнува дупчињата прилично брзо. :)

Не беше млеко само за tubeless?
 
Или не пазиш каде возиш, или неправилно ги местиш внатрешните.
Кога ќе менуваш нареден пат гума провери ја детално надворешната да не останало некое трнче или стакленце внатре. Исто провери го и бандажот дали лентата што стои помеѓу внатрешната и бандажот е превиткана и покрива од едната страна до другата, дали некое од штрафчињата (не знам како се викаат на македонски) или некоја шпица штрчи.

Можно е и внатрешната да не ја местиш како што треба па после неколку возења бандажот или надворешната да ти ја "штипне" и дупне.
Кога ќе ја ставаш внатрешната напумпај ја малце колку да добие форма и стави ја во надворешната. Потоа мести ја најнормално и по потреба издиши ја малце се додека не влезе целосно надворешната. Напумпај ја, но не до даска (2/3 од максималниот притисок) и вози 1-2 пати додека не се намести убаво. После тоа можеш да ја напумпаш до препорачаниот притисок и не би требало да имаш проблеми (освен ако не нагазиш стакло или некое трнче)

Не беше млеко само за tubeless?
Благодарам за исцрпниот одговор...но..јас не ги местам гумите, го носам точакот на сервис(обично кај едни дечки на ул.илинденска, пред паркингот на матичната служба, спроти фонтаната во парк) и не ми лепат дупната гума, одма ставам нова..затоа што не лепеле они гуми( а јас ако ја залепам ќе биде циркус):)
 
Лесно е, брзо ќе се научиш само експериментирај на некоја стара гума.
Башка и поевтино ќе те фати да ги лепиш, пример јас со една внатрешна од 100 ден. и лепак од 50 ден. од пазар терам до 3 лепења па ја сечам и користам за лепенки за новите. :D
 
Што мислите за велосипед со овие специфики?
FRAME/РАМ Alloy
FORK/ВИЛА Suspenzion Steel Fork
REAR DERAILLEUR/ЗАДЕН МЕЊАЧ Shimano Tourney
FRONT DERAILLEUR/ПРЕДЕН МЕЊАЧ Shimano Tourney
SPEED/БРЗИНИ 21 Speed
SHIFTER/РАЧКИ ЗА МЕЊАЧ Shimano STEF 41
BB CATRIDGE/СРЕДНА ОСОВИНА Thun
CHAIN WHEEL/СРЕДЕН ПОГОН Krypton X PVC triple
BRAKES/КОЧНИЦИ Logan DX-2003 F/R
CHAIN/ЛАНЕЦ KMC Z-50
RIM/ФЕЛНИ Kripton X 26″x19mm
HUB/ГЛАВИНИ Krypton X
TIRE/ГУМИ Rubena Rapid
PEDAL/ПЕДАЛИ Alloy
SADDLE/СЕДИШТЕ Selle Royal Mach PU
GRIP/РАЧКИ Velo VLG 298D2
 
Слабо ... купувај нешто подобро (во зависност од финансиите) :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom