Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ти погледни отприлика на мојот велиспед, и да се седи така да двете карлични коски се на седиштето и тие да го трпат притисокот.

 
Зависи и колку си висок, има формули по кои се пресметува оптимално подесување.:smir:
 
kaj da gi najdam formulite?
Според мене, најдобра “формула“ за левелирање на висина на седиште е следнава:

1. го олабавуваш седиштето
2. се качуваш на точакот
3. го подесуваш седиштето до кај што можеш повисоко а да ти допираат нозете на земја
4. стануваш од точакот
5. го стегаш седиштето...

треба што позгодно да ти е....не да пресметуваш ти математички...
 
Математички се мери должината на нозете од внатрешна страна и се множи со 0.8. Добиениот резултат треба да биде ист со растојанието од врвот на седиштето и средната осовина. (во пракса кога педалата е најдолу ногата во коленото треба да зазема благ агол, значи да не е пушка права)

 
se mnozi so 0.883 ne 0.8 ne e mala razlikata

Се множи со 0.883 за тркачки весипед, за MTB е помал коефициентот.


BTW сега се вратив од една инстант градска ноќна вожња.
23 км/х просечна и 10км поминати за 26 минути, солидно за почеток :)
 
Инаку да , се седи на sit bone , освен ако не возиш тркачки точак. ти подеси си го седиштето како што мислиш дека е најзгодно , дека ти е најудобно и после недела две возење ќе се навикнеш. секогаш на почеток е така.


инаку , не знам дали користите sportypal кога возите / ролате / пешачите.. ама еве некои мои резултати од вожња со бајк. (од работа до дома)
6fauq9.jpg
24xm63a.jpg
 
За ова е потребно да имаш GPS или нешто слично зарем не ?
 
Телефон со ЏиПиЕс подршка.
 
Точак ин мај харт :vozbud: 24/7 иде и накај 8 сум на точак
 
дај да го видиме и твојот миленик:D
 
Денес ги извадив крампоните и ставив 1,9х26 слик гуми. Малку чудно изгледа MTB со слик гуми ама полесно се вози и контролира :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom