Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
На колку време инаку ги менувате гумите вие што возите почесто ? Додека не се истрошат или ги менувате почесто. Овие што ги ставив се од лани така да не знам дали е ОК да се возам на нив. :smir:
 
Ај и ја да прашам..пошто не се разбирам а глеам тука сте на ПРО ниво :))

Дали се исплати да земам ако ми нудат точак од марката СКОТ ама е постар малце и наизглед е во просечна состбоја ,значи ке му треба фарбање..Плус сајли ке треба да се менуваат,а за менувачот и немам некои информации сеа за сеа..
Поентата ми е,некаде ми се нуди за 50тина еура.. Значи Алуминиумски Рам од марката СКОТ иако е постар нели.. Дали ми се исплати да го зеам пошто нели рамот бил најбитен па после да го опраам малце по малце..
Дали 50-55 еура е реална за таков тип на точак..

Eве слика на мислам многу сличен ако не и ист таков точак..
01S.JPG
 
Ај help малку, ми се зезна на задното тркало навојот на кој се навртува ѕвездицата, и сега шлајфува во место, значи треба да се смени целиот средишен дел од бандашот, без ѕвездата се разбира, и сега дали знаете каде може да го сменам во Аеродром или Скопје, а да не ме фати колку цел нов бандаш... :helou:
 
Најмногу сакам да возам точак, најдобра рекреација ми е :) Иако последниот пат кога возев паднав (не сум паднала од точак 7-8 години) ама nothing will stop me :costumed3
 
Vozam velosiped,dobra rekraacija,zdravo e:helou:
 
Ај help малку, ми се зезна на задното тркало навојот на кој се навртува ѕвездицата, и сега шлајфува во место, значи треба да се смени целиот средишен дел од бандашот, без ѕвездата се разбира, и сега дали знаете каде може да го сменам во Аеродром или Скопје, а да не ме фати колку цел нов бандаш... :helou:

во аеродром има само еден сервис , позади рулет кафаната кај нова железничка станица ,ама жив ќе те одере. Тебе ти треба тоа средишното или наречено Главина. Отиди во кисела вода во Пробајк (лазе) и ќе ти ја сменат , не ме фаќај за збор ама околу 500 - 600 денари ќе ти испадне со се преплетување.

На колку време инаку ги менувате гумите вие што возите почесто ? Додека не се истрошат или ги менувате почесто. Овие што ги ставив се од лани така да не знам дали е ОК да се возам на нив. :smir:
Бидејки возам агресивно , ги мењам сезонски.. летна - зимска.. на 5-6 месеца. а инаку ако е во добра состојба можеш и повеќе

Ај и ја да прашам..пошто не се разбирам а глеам тука сте на ПРО ниво :))

Дали се исплати да земам ако ми нудат точак од марката СКОТ ама е постар малце и наизглед е во просечна состбоја ,значи ке му треба фарбање..Плус сајли ке треба да се менуваат,а за менувачот и немам некои информации сеа за сеа..
Поентата ми е,некаде ми се нуди за 50тина еура.. Значи Алуминиумски Рам од марката СКОТ иако е постар нели.. Дали ми се исплати да го зеам пошто нели рамот бил најбитен па после да го опраам малце по малце..
Дали 50-55 еура е реална за таков тип на точак..

Eве слика на мислам многу сличен ако не и ист таков точак..
01S.JPG

Па да , ако мењачите , и осовините се добри , тогаш зимај не му ја мисли.. овој точак е топ за низ град , до парк , на стаза и до школо/факс и назад.
 
Еве кој бараше 100мм амортизер се продава на старо
http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=347364

Ај help малку, ми се зезна на задното тркало навојот на кој се навртува ѕвездицата, и сега шлајфува во место, значи треба да се смени целиот средишен дел од бандашот, без ѕвездата се разбира, и сега дали знаете каде може да го сменам во Аеродром или Скопје, а да не ме фати колку цел нов бандаш... :helou:
Нов дво-профилен бандаж со се главчина шпици... значи цел од Собим е 900 ден
 
абе како уште не научивте да не купувате НИШТО од собим? не ме зезај , боље додади уште 900 и земи си асален бандаж.. барем ќе знаеш дека нема трипати неделно да идеш у некој сервис за центрирање!
 
[MkD]Scout;2663142 напиша:
абе како уште не научивте да не купувате НИШТО од собим? не ме зезај , боље додади уште 900 и земи си асален бандаж.. барем ќе знаеш дека нема трипати неделно да идеш у некој сервис за центрирање!


А кога ќе сватите дека тоа е релативно. Мојот другар има велосипед од 2003 од Собим, неделно сигурно поминува по 200км на него и освен гуми сајли и такви работи никакви проблеми нема, а какви се "акробации" има правени со него, улетувано во канал за вода и сл.

Јас мислам дека никој не е ментол да купува вилушка од 10000 денари ако еднаш месечно седнува на велоспипед.
 
epa ako e relativno zasto da dades 900denari i da se mislis kako ke ti se pogodi vaka daj malce povekje i bidi siguren deka dobivas toa sto treba
 
сајсига , како и да е , јас од искуство знам дека ако си платам за нијанса повеќе , ќе уштедам на сервис. а истите пари се.. само што овде ги даваш од еднаш па ти изгледаат многу.. инаку , 900 денари се отприлика 6-7 штелувања на бандажот. и тоа зависи каде и кај кој мајстор..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom