Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не ја гледа серијава Мaster of sex да сподели импресии ? Јас симнав неколку епизоди ,и сеуште не сум ја гледал ,читав некаде на некој од нашиве веб портали за серијава си реков ај ќе ја симнам да гледам нешто .
 
Јас. Три епизоди имам изгледано и многу ми се допадна. Не е "нападна" ако може така да се нарече со претерана голотија како што звучи насловот.
 
Некој да не ја гледа серијава Мaster of sex да сподели импресии ? Јас симнав неколку епизоди ,и сеуште не сум ја гледал ,читав некаде на некој од нашиве веб портали за серијава си реков ај ќе ја симнам да гледам нешто .

Јас редовно ја гледам, мислам дека е супер серија.

Глумата е одлична, посебно од Michael Sheen. И многу ми се допаѓа атмосферата - добра алтернативе за Mad Men.
 
Јас уште еднаш би ја препорачал The Lost Room, минисерија од 6 епизоди на Sci-Fi каналот. Мене ми беше и повеќе од ОК, верувам дека ќе ја изгледаш во еден здив. ;)

чудно, никогаш не сум слушанал за оваа, п.с. една епизода трае 270 минути?
 
чудно, никогаш не сум слушанал за оваа, п.с. една епизода трае 270 минути?

Не, на Sci-Fi ги прикажувале споени по две епизоди заедно, така траат 270 минути, ама ако сметаш така - има само 3 епизоди. :P
 
Ја изгледав првата од Bron/Broen, се заебав луѓе, ќе се видат спремање на колоквиуми сега со ова :гик: И по не знам кој пат пак ќе свршувам на нивната брилијантна кинематографија. Уште во стартот американската Bridge благе везе си нема со ова, глумците се врв!
 
http://www.imdb.com/title/tt0384766/?ref_=rvi_tt Сите оние што се по историјата топло им ја препорачувам серијава, прикажан е животот во Рим баш таков како што бил а и настаните за пред, време и после граѓанската војна :D
 
Не е лоша ама такви серии се гледаат откако ќе завршиш со врвни ремек дела од тип на ББ, ГоТ, Лост, Сопранови, The Wire, SFU, серии кои што задржале на квалитет и содржина во повеќе од 2 сезони.
А Рома е бижутерија, за чилање и грицкање сончоглед кај повеќе си сконцентриран на сончоглед отколку серијата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom