Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Само што ја изгледав првата сезона од The Walking Dead и поради толкавата "галама" околу серијава очекував којзнае што јако, а се разочарав. Освен првата епизода, ништо друго не ми беше интересно понатака. Ми се свиѓаше постапокалиптичната глетка, т.е. почетокот на серијава, шерифот излегува после кома, наоѓа се наоколу изменето. Истиот почеток го имаше и во 28 days later. Ми се бендиса и крајот на пилотот. И тоа е отприлика тоа.
Се декларирам како фан на зомби филмовите, значи жанрот не ми беше проблем, а не сум никаков хипстер, само сакам да нагласам очигледни работи за кои серијата ми беше како "ништо посебно". Една од оние серии кои додека ги гледаш можеш да си работиш нешто друго и да не пропуштиш ништо во меѓувреме.
Немам спојлери туку општи работи, ама нека трепка во спојлер.
Да почнам од ликовите. Одвај чекав сите да умрат. Изгледа целта на зомби апокалипсата е изгледа да останат најглупите луѓе на светот и да се сретнат меѓу себе за да си направат камп на сред шума. Нема ни еден лик за кој можеш да се приврзеш. Освен шерифот, од Love Actually, кој е лајкабл лик и има типична македонска фаца и навиваш за него да си ги убие своите и да се претвори ете можеби во I am Legend, другите се толку одбивни што е катастрофа, си викам ова не е можно да постојат олку глупи карактери а серијата да не е очајни домаќинки. Па тоа детето Карл, кај го нашле ме ваѓаше од контакт сите три минути кои ги уживаше во секоја епизода. Тој со стрелата само жари и пали, црнецот е дамб ез ит гетс и на секоја одлука гледа ко теле во шарена врата. Итн итн...

Зомбите се многу интересно направени и тоа е реткиот + што и го давам на вокинг дед. Навивав за нив сите овие 6 епизоди. И ете после крајов на сезонава, не ја гледам поентата на серијава. Барање засолниште, кријање, сето тоа проследено со некои ефтини дијалози и прости жени кои само плачат. No good. (n)
Велат дека 2 сезона е подобра, ама не знам дали ќе ја почнам сега или ќе и дадам некоја шанса кога нема да имам ништо друго во хард дискот.

Акцијата што ја имаше во првата епизода, па малку и во втората веќе ја нема. А серијата беше добра само во тоа, интересна пуцаљка, headshots и многу крв. Сепак немам ништо против драмата во неа, само ќе беше добро ако таа не беше олку бавна и сиромашна во скриптата.
 
Само што ја изгледав првата сезона од The Walking Dead и поради толкавата "галама" околу серијава очекував којзнае што јако, а се разочарав.

Aко си се разочарал од првата сезона воопшто не ја гледаj, не е за тебе серијава.Иако ме чуди тоа, Walking dead e една од најдобрите серии која што сум ја гледал.
Рејтинзите се зголемуваат цело време во теков на третата сезона,тоа докажува само за квалитетот. :)
 
Колку сака нека биде галамата, јас ваква серија никогаш не би почнала да ја гледам. Мислам фатив две епизоди на блиц на Фокс и не ми е јасно чуму фамата. Шериф предводи неколку луѓе во бегство од зомби и? Кое би можело да биде дејството. И тие бегаат и бегаат. Мислам што е толку привлечна приказната, не разбирам.
 
Види, ако го прочита убаво постот спомнав дека можеби ќе ја гледам втората сезона и ќе видам подобрување во серијата, ама она што го видов досега не ми ги исполни очекувањата. Не дека не е за мене серијава (еве Плух изреагира одма :D), имам гледано побавни серии, само драмата во вокинг дед е безврска, ме оставија рамнодушен и незаинтересиран. 13 епизоди има втората сезона и нив можам да ги смачкам во еден ден, само засега останува она скептично чувство во мене, кое ако го подзаборавам потака ќе ја продолжам серијата. Само неколку серии сум прекинал, серии кои сите досега ги прекинаа во еден или друг момент (Heroes, Lie to me, HIMYM).

Инаку рејтинзите не ми играат никаква улога, нигде, никогаш. Да пратев рејтинзи и за Барса ќе навивав затоа што тие само тоа го важат. But I am not that person... :D
 
Колку сака нека биде галамата, јас ваква серија никогаш не би почнала да ја гледам. Мислам фатив две епизоди на блиц на Фокс и не ми е јасно чуму фамата. Шериф предводи неколку луѓе во бегство од зомби и? Кое би можело да биде дејството. И тие бегаат и бегаат. Мислам што е толку привлечна приказната, не разбирам.

Поради ова ја баталив серијава после неколку епизоди и стрипот после неколку броја, дејството почнува да тапка у место, се вртат у круг, и брзо здосадува... а и како што кажа @џимеј; нема интересни ликови...
 
Колку сака нека биде галамата, јас ваква серија никогаш не би почнала да ја гледам. Мислам фатив две епизоди на блиц на Фокс и не ми е јасно чуму фамата. Шериф предводи неколку луѓе во бегство од зомби и? Кое би можело да биде дејството. И тие бегаат и бегаат. Мислам што е толку привлечна приказната, не разбирам.

Фатив епизодаипол на тв од Suits, досадна серија, адвокати решаваат случаи, голема работа.

:) Не чинат муабетите, оти барем пилотот треба да му се посветиш за воопшто да се земе во предвид твое мислење. Don't get me wrong, јас прилично многу ја хејтам серијата, самошто не и е поента приказната. Визуелното искуство е тоа што е интересното, адреналинот понекогаш, серијата може да се носи со било кој филм за зомбиња од визуелен аспект. Драмата во втора сезона беше безвеза, џимеј не би се потпирал многу на ова, ама трета сезона се враќаат хаце, акција на секоја страна, темници и хорор, брутално убивање, значи нема ниту цензура и потенцијал да ја завршат сезоната со бенг! Онака, квалитетно, како што и почнаа.

Инаку за ликови се согласувам, не навивам за никој, гледам од страна само.
Добро, навивав, ама да не навлезам во спојлери.
 
Се чуствувам како TWD да почнува од трета сезона :ROFLMAO:

Прва и втора сезона има многу тапење и спори епизоди со тапа драма и многу фрустрирачки моменти што не би требало да е карактеристично за зомби серија исто така и карактерите не се јака страна мегутоа во трета сезона се размрдуваат работите и очекувам да продолжат со такво темпо :)
 
Фатив епизодаипол на тв од Suits, досадна серија, адвокати решаваат случаи, голема работа.

:) Не чинат муабетите, оти барем пилотот треба да му се посветиш за воопшто да се земе во предвид твое мислење. Don't get me wrong, јас прилично многу ја хејтам серијата, самошто не и е поента приказната. Визуелното искуство е тоа што е интересното, адреналинот понекогаш, серијата може да се носи со било кој филм за зомбиња од визуелен аспект. Драмата во втора сезона беше безвеза, џимеј не би се потпирал многу на ова, ама трета сезона се враќаат хаце, акција на секоја страна, темници и хорор, брутално убивање, значи нема ниту цензура и потенцијал да ја завршат сезоната со бенг! Онака, квалитетно, како што и почнаа.

Инаку за ликови се согласувам, не навивам за никој, гледам од страна само.
Добро, навивав, ама да не навлезам во спојлери.

Болд - да сме сите исти, форумов ќе беше едно досадно место.:)

Никогаш не ме тангирало зошто некој не сака да гледа одреден филм или серија, секој човек свој тертип. Макар што вика Psyside некогаш се работи за невиден невкус. Туку нејсе. Не можам да замислам да седнам да гледам нешто само ради визуелизација, оваа приказна едноставно не нуди нешто што треба да го следиш. За луѓе како бегаат од зомби има супер филмови и сите завршуват за некаде два часа, колку што и треба да трае ваква приказна.
 
џимеј
Искрено ако не си се навлекол на серијава уште во прва сезона, во вторава тешко дека ќе го напраиш тоа.
Во споредба со прва сезона, втората беше трагична, тек тука тапкаат во место неколку епизоди, иако имаше адреналин одвреме-навреме, ама слабо.
Е затоа третава сезона е БУМ. Секоја епизода си е приказна за себе, секоја подобра од претходната, за до финалето којзнае што спремиле.
И да за Барса не навиваш оти како мал те излажале дека Милан се најјаки, па ајде и ти за "најјаките" :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom