Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Goodfellas серија??

aww-yea-meme-original.jpg

Ќе ја биде, AMC ме немаат разочарано... Само се надевам дека нема да пробаат да ги копираат Сопранови.
 
Larry David и Ricky Gervais прават муабет. Имаат добри поенти за комедијата.
6 дела се
Дека треба да биде реална, без разлика дали ситуациите се измилени или не, треба реално да се претсавени. Тоа што во ситкомите се смејат пријателите меѓу себе, кажуваат вицеви/финти, а никој од актерите/ликовите не се смее. Во која ситуација во реалниот живот има пријатели што само „фрлаат“ шеги 100 по ред, а никој не се смее на нив... (friends probably). Во Curb Your Enthusiasm актерите импровизираат и многу често се случува кога ќе направи некој финта другите да се насмеат (намерно или не, не ми е гајле) - тоа дава елемент на реалност. Го обожавам ликот Лери Дејвид во CYE, он е тој што има храброст да го каже тоа што сите го мислиме (како што рекоа во интервјуто).
Исто, спомињаат нешто што ме нервира мене во интервјуата, не прават муабет - како што треба, туку поставуваат прашање, одвај чекаат да го одговори и одма се префрлува на другото прашање. Да ме интересираше за одговорот не мораше да го гледам тоа во живо, сум можел да прочитам негде.

Ова нека ви биде предлог за серија - Curb Your Enthusiasm.
 
Се мислам дали да отворам тема за серијава Goodfellas, ама рано е некако... Еј возбуден сум ептен, онака fanboyish-ly, едвај чекам да излезе... ако ја биде ќе влезам под туш и ќе се дерам AAAAA ХАХАХА ЏИМИИИ! :P
 
Се надевам брзо ќе ми одговорите ... Начекав една серија вчера, ама не и го видов името како се вика :tapp: Ми се виде интересна...
Значи девојчево (русокоса) е телепат и живеј со една другарка црнкиња,нејзиниот брат и баба му , и блиску нејзиниата куќа живее еден вампир... И иизгледа се заљуби во неа тој и таа во него...
ТОлку видов па сеа ако некој ја знае серијава и да ми каже како се вика би му бил благодарен...
 
Да не знаеш на која тв го виде тоа ?
 
True Blood :)
 
Што викате, која да ја почнам да ја гледам од следниве: Six Feet Under, The Wire или Dexter?
 
Што викате, која да ја почнам да ја гледам од следниве: Six Feet Under, The Wire или Dexter?

Се вели: Препорачајте која серија да ја почнам ;)
Вака испаѓа дека си играме Сајмон вели!

Six Feet Under иначе би ти препорачал од наведениве! Многу драма , емоции , unfortunate events кај едно семејство со интересно занимање!

Зависи шо преферираш и по кој жанр си. Али од овие три ти е најквалитетна и е must see before i die (y)
 
Почна некој да ја гледа некој Alcatraz?
Ме интересира каков впечаток ви остави Пилот-от, да знам дали да почнам со гледање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom