Flight of The Conchords - австралиски, awkward, geek хумор. Двајца не многу успешни музичари. Меѓу сцените има и песни од нив (btw они и во реалниот живот се музичари и имаат издадено неколку албуми со комична музика) со смешен текст и спот.
Околу болдот, според мене, битно е што песните никако не излегуваат надвор од дејствието, совршено се вклопуваат во него.
А хуморот, не е оној стандарден сит-ком хумор со све смеење од публика, него е баш таков awkward (ново-зеландски) и помалку меланхоличен. Но меланхоличен само по форма, не и по ефект.
Многу оригинална естетика има серијава. Тоа ме привлече. Ликовите не се фантастично изработени како во Trailer Park Boys*,ама бркаат работа.
Пред да почнав да ја гледам (а после TPB) се обидов по неколку епизоди од:
-Wilfred** (супер, доволно откаено, али поише психологија, а помалку хумор баш и не ми беше нешто што барам),
-Big Bang T. (ситком хумор - no no),
-30 rock (не беше лошо и не знам зашто не ми се свиѓаше доволно за да продоложам, ако размислам ќе ми текне , али сеа ме мрзи)
- SNL (новите епизоди и глумци ме зачуди каков лошичок хумор имаат у однос на старана постава Мајерс, Ферел...)
* морам со ова да споредувам, пошто задње ми е што сум гледал, а и епен ми се допадна
** е таа е аустралиска