Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Има шанси да те фати долгата, селективна рака на законот ако го користам ова во земја кајшто нелегални торенти итн. се сметаат за огромен криминален акт и стварно те тужат за овие ствари? Имав гости од странство еднаш, заборавила да исклучи торент уште од дома, го исклучи овде после 20 секунди и оп, тужба од Warner 900 евриќи на име на оној што го има договорот за интернет конекција. Нема моментално серија или филм што вреди да си правам вакви стресови, така да ми треба инфо дали е 100% сигурно и без P2P.
Да, баш затоа се дебрид сервисите. Тие се посредник меѓу тебе и торентите и други пиратски сервиси. Ја кешираат содржината на нивен сервер и после тоа стримаат кон тебе по регуларен канал. Немаш допир со Р2Р комуникација.

Кај нас сѐ уште никој не презема мерки против пиратерија, така што излишна е претплатата за дебрид.
 
Да се вратам на темата малку, гледам The Bear нема своја тема иако серијата е предобра. Трета сезона излезе пред некој ден и веќе ја завршив. Серијава за сега е од оние што секоја сезона крева ниво. Се надевам нема да ја заебат со 4та. Некои епизоди се толку тензични што мислам дека ќе добијам некој паничен напад, феноменално изведено.
 
Мене не ми легна, јас ја прекинав уште на прва сезона. Ама по толку позитивни коментари тука, изгледа ќе треба да и дадам нова шанса. Прво да ги завршам последните сезони на Ted Lasso и Foundation, па таа ќе биде на ред.
 
Првата сезона малку споро почна ама беше исто одлична. Втората ги зголемија тензиите, камерата и самите актери се фантастични. Третава уште подобра.

Пак ќе кажам, некои епизоди ми прават таква тензија да имам чувство како да се гушам. Владее општ хаос, а се работи за ебан ресторан. Мислам дека нема да згрешиш ако и дадеш шанса.
 
Има шанси да те фати долгата, селективна рака на законот ако го користам ова во земја кајшто нелегални торенти итн. се сметаат за огромен криминален акт и стварно те тужат за овие ствари? Имав гости од странство еднаш, заборавила да исклучи торент уште од дома, го исклучи овде после 20 секунди и оп, тужба од Warner 900 евриќи на име на оној што го има договорот за интернет конекција. Нема моментално серија или филм што вреди да си правам вакви стресови, така да ми треба инфо дали е 100% сигурно и без P2P.

Можно е да не можеш да ја инсталираш апликацијата или да е блокирана апликацијата таму кај што си, пошто е андроид апликација.
 
Успеав, многу убаво објаснето. :vozbud: :love:
 
Брат зашто бе не можам никаква порака да ти пратам? хахахха

Ми треба step by step guide (како на глуп да му објаснуваш, зашто сум глуп за овие работи) како да го направам и ја ова, зашто во моментов плаќам Нетфликс, Дизни, Амазон Прајм и плус преку Телеком операторот што имам HBO.

среди ли ?
 
Гледа некој Interview with the vampire? The best show noone's watching.
 
Што да се рече за The Bear. Ептен приземна, реална серија за луѓе од крв и месо, луѓе што го работат тоа што го работат со страст и љубов, луѓе со проблеми у приватен живот ко секој од нас.

Освен у пар моменти ко почнат да се расправаат и да ме мавне анксиозност од таа врева, 95% од серијата е право уживање. Ептен ме опушта дур ги гледам како готват.
 
Исклучок е 6та епизода од 2ра сезона така? :icon_lol:
 
449457784_1000857928302549_1796755635744757135_n.jpg
 
Ја веќе не гледам никаков ранкинг на интернет. Ми се чини намерно се прават сите овие глупи листи за најдобар филм, тв серија, најдобра кујна, најдобра земја за туризам итн., само за луѓето да се расправаат во коментар а со тоа да се зголеми популарноста на објавата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom