Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Billions една од подобрите. Трета сезона почна викендов. Од plot до soundtrack мн добра. Има пар недостатоци за да биде идеална али супер фура.
Не може да има лошо дело US Army Major Winters :)))))))
 
Billions една од подобрите. Трета сезона почна викендов. Од plot до soundtrack мн добра. Има пар недостатоци за да биде идеална али супер фура.
На моменти ми е одлична, на моменти лоша. Некако избрзано ми се случува дејството и особено лоши се дијалозите.

Гледа некој The Looming Tower, мене ми е одлична
 
Има нова сезона од Санта Кларита Диет, а почна и Бери новата серија на ХБО.
 
Оти бе вака завршува Лас Вегас, тотално разочарување а супер серија возење ми беше во минатите 7 дена.:(:(:(:(:(:(:( Нема ништо полошо од тоа да "завршиш" серија со To be continued, ми се скрши филмот ептен. Додуша и не е завршена, којзнае зошто ја прекинале али ептен непрофесионално понашање е ова. Барем уште една епизода да имаше. Ми се плаче.:(:(
 
Последно уредено:
The Terror ... Очекував многу повеќе. Нешто слично на "The Thing" со Курт Расел, само во различни временски периоди. Среќа само 10 епизоди ќе е па ќе видиме разврска без да се тормозиме со години.
 
Пред некој ден го изгледав вториот дел од бразилскиот Tropa de Elite на Жозе Падиља и пошто ми се допадна и повеќе од првиот дел, ѕирнав што друго има режисерот снимено и оп ја открив O mecanismo. Продукција Нетфликс, 8 епизоди, пред неколку дена пуштени на стрим.
Одличен серијал, феноменален и технички и визуелно, глума и приказна одлични. И иако серијава е правена по вистински настани што се случиле во Бразил, исто ко да е снимана кај нас. Препорака.
 
Прашање за тие што ја изгледале Terror цела серија:
Кој и зашто на крај му го "украси" лицето на поручникот Едвард (мислам дека беше), со пирсови енд стаф
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom