Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не сте ја издржале или едвај сте ја издржале втората сезона, трета никако :D
 
Homeland e С-Р-А-Њ-Е! Преголем хејтер станав на серијата. Почна океј но стана попредвидлива од турска серија. Онака глеаш уште у втора епизода и си викаш: „Еј овој ако е лошиот ќе биде срање“ и после стварно така испаѓа. :facepalm:

За мене веќе влегува во најпреценетите серии на сите времиња заедно со Prison Break.

btw, ова Shameless епизода трае 60 минути? Зашто ме зезнавте, ја мислев по 30 е... :oops:
 
Homeland е Fox Crime квалитет на серија, ништо повеќе, ништо помалце. Не викам дека е срање или пак дека е топ, но за тепање на време кога ти е досадно е ок.
 
Homeland e С-Р-А-Њ-Е! Преголем хејтер станав на серијата. Почна океј но стана попредвидлива од турска серија. Онака глеаш уште у втора епизода и си викаш: „Еј овој ако е лошиот ќе биде срање“ и после стварно така испаѓа. :facepalm:

За мене веќе влегува во најпреценетите серии на сите времиња заедно со Prison Break.

btw, ова Shameless епизода трае 60 минути? Зашто ме зезнавте, ја мислев по 30 е... :oops:


Првата 60, после варираат од 40 до 50 мин. Гледај и не кажувај. :D
 
agents of shield - значи поаматерска неможеја да ја напрат срам е то шо Марвел дозволи да се користи нивното име ....мене ич ама ич не ми се допаѓа која катастрофа
 
Homeland третава сезона е тиња, мада крајот на последната епизода не беше лош. Можда ќе почнат да се движат во вистински правец. Не би ја прекинувал.

После ББ не знам како ќе биде со серииве. A, за ГОТ има време, тек пролет 2014-та.
 
После Хоумленд била боље од 24. 24 никогаш не била како оваа, а не верувам ни дека ќе биде со продолжението 24: Live Another Day што ќе се емитува од Мај 2014.
 
Добра улога закачил главниот глумец од The Fall, иако како што почитав хонорарот за филмот е мал сепак има огромен публицитет. Се надевам нема да му попречи тоа да ја снимат втора сезона.
 
btw, ова Shameless епизода трае 60 минути? Зашто ме зезнавте, ја мислев по 30 е... :oops:


Како тоа сме те зезнале? јас сум/бев жив радосен што секоја епизода е толку долга. Добиваш како 2 епизоди од друго шоу, наместо 1 поготово од комедиите :D

БТЊ серијата е epic fun.

По турските, и американските серии отсега синхронизирани на Сител. Прва е Titanic steel and blood, потоа и Донтон Аби

Кога почнува? да ја натерам мајка ми да гледа нешто квалитетно после долго време :D
 
Како тоа сме те зезнале? јас сум/бев жив радосен што секоја епизода е толку долга. Добиваш како 2 епизоди од друго шоу, наместо 1 поготово од комедиите :D

БТЊ серијата е epic fun.

Абе ми требаше мене од 30 минути, за „секојдневно“ глеање, вака саат ме кочи, али ќе ја почнам кога ќе ги завршам тековниве.

п.с.


Homerland :icon_lol:
 
amX5yed_460sa.gif

:love:
 
Кога почнува? да ја натерам мајка ми да гледа нешто квалитетно после долго време :D

Што фајде коа ќе ја гледа со македонска синхронизација, ја мислам дека нашиов прост народ нема ни да знае дека му текне дека е бритиш по синхронизацијата:pos:

Иначе Дракула беше океј пилотот, ветува за натаму(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom