Општи дискусии за игри

Пих. Таман го реков она, пуштиле трејлер нов за Бетмен. Не е толку „лудачки ориентиран“ новиов Бетмен како што беше Arkham Asylum, ништо од споредбите со Алиса.

А и играњето прикажано во тој трејлерот ми изгледа ко поинакво, ко да свртеле накај Assassin's Creed, да не речам ископирале.
 
И претходниот бетмен (Аркам Асајлам) тоа го имаше :\

Види, едно е рипаш од градскиот саат, друго е да рипаш од голема зграда, едно е да правиш Stealth како во Splinter Cell, малку поинаку е како во Assassin's Creed.

Туку многу ситничарам за ова. На прв поглед така ми заличи.
 
И мене ми заличи на момент , посебно коа им ги лупа главите отпозади , ама тоа е само асоцијација :P , недоволно материјал да донесам било какво мислење .
Трејлерите лажат :))
 
Прашање до тие што тестирале:

Како сте задоволни од играта Homefront? Импресии? Недостатоци? Вреди ли да се симнува? ;)
 
ок,

но сега ми текна нешто друго, дали некој од вас видел реклама каде преку е-маил или преку пошта се обраќаме до владат со идеи во што да ги вложат парите од буџетото мислам. Дали може некој да им прати како идеја, стручно да го објасни колку чини правење на една оваква игра како оваа кол оф дути само со македоснки градови и планини како мапи, со македоснки специјални единици волци, тирги и др. со македонски јазик и тоа ние да му го продадеме на светот и со тоа ќе биде интересно по наши улици и места да се има акција и преку играта и македонија ќе се рекалмира.

јас мсиалм дека не е скап проект во споредба со споменици и слично а ќе има и заработувачка. колку отприлика чини да се направи една ваква игра? и дали ова идеја е остварлива?

Види вреди да се проба, еве барам помош од вас кои сте повеќе упатени во гејмингот, јас сум понов и не сум толку добар со компјутери да им пратиме идејата па они нека размисалт, нека ги испитаат ефектите и бенефитот од нејзино реализирање па нека одлучат дали за нив вреди оваа идеја или не. до нас гејемрите е да им испратиме идеја и мислам дека е многу возбудливо во градот во кој живееш или некоја планина или било кое место од макеоднија да можеш да го играш во игра :vozbud:

Заинтересираните имаат три можности да го дадат својот придонес во креирањето на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: преку и-мејл адресата: programa2011@vmro-dpmne.org.mk , по пошта на адреса: ул. „Македонија“ бр.17 а - Скопје и со директна достава во седиштата на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа настапува партискиот тим од експерти, кој „со внимание ќе ги разгледа предлозите и кон нив ќе пристапи со најголема сериозност“. Сепак, во огласот нема информација кога ќе биде „извлекувањето на среќните добитници“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=098EE7960B8DC746BAADE0B891026E34

само кажете ми дали некој постручен ќе с енафати да им ја пратиме оваа идеја ил ида барам на друго место некој што ќе ми напише стручно за правење таква игра?
Видео игра од обемот на call of duty чини десетици милиони долари. Конкретно оваа, MW2 е една од најскапите игри.

Е сега во некој замислен случај каде истава игра би се работела овде, би чинела поефитно заради поефтината работна сила, ама пак се во прашање милиони долари (не 40 ами 15, пример).

Јас се гледам како иден дизјанер на видео игри, и многу нормално ќе почнам како независен и ќе работам со мала екипа од неколку луѓе. Би се финансирале самите - а играта која би ја издале ќе влегува во т.н. независни игри (самофинансирани и не зависат од издавач, но затоа нискобуџетни). Во најдобар случај би нашле трет издавач.

Е сега доколку би се формирала поголема екипа за да работи да речиме на барем среднобуџетна игра може некој да се обиди да побара пари од владата иако според мене нема многу надеж дека ќе дадат (не сум сретнал игра која била финансирана од министерство на некоја држава). Како и да е доколку сега би му ја пратил оваа идеја на тој линкот што го даде, шансите дека ќе ја одбијааат се 100%. Треба прво да има луѓе кои можат тоа да го работат па после да се побара, а луѓе во моментов нема.
 
Да живее outsorcing-от ! Ај па може заедно ќе прајме нешо :) И Ert го влечат тие работи :)
 
Ме интересира дали некој во скоро време има проверено колку пари е Assassin's Creed 1, да речеме еве во југотон или некои други продажни места. Сакам прво овде да прашам, за да не губам време одејќи до таму, ако има некој инфо...
Фала однапред! :)
 
За што ја бараш.......пс3 ,360, ПЦ и тн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom