Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Штознам ја па сум сретнал повеќе читери на cod4 отколку на MW2, и двете ми се пиратски, т.е. MW2 ја играм на Алтер. Е сега на MW2 има дупло поише кампери ама тоа веќе е до самите играчи, не до играта.
Веруј до играта е....сите сакаат да направат што е можно повеќе убиства кампирајќи за да ги употребат killstreak-овите.
Значи да си ја купиш играта. Иако не е некоја игра за која вреди да се дадат 60 евра - многу е скапа. Ама ако сакаш без измамници тоа е единствен начин.
ок,
но сега ми текна нешто друго, дали некој од вас видел реклама каде преку е-маил или преку пошта се обраќаме до владат со идеи во што да ги вложат парите од буџетото мислам. Дали може некој да им прати како идеја, стручно да го објасни колку чини правење на една оваква игра како оваа кол оф дути само со македоснки градови и планини како мапи, со македоснки специјални единици волци, тирги и др. со македонски јазик и тоа ние да му го продадеме на светот и со тоа ќе биде интересно по наши улици и места да се има акција и преку играта и македонија ќе се рекалмира.
јас мсиалм дека не е скап проект во споредба со споменици и слично а ќе има и заработувачка. колку отприлика чини да се направи една ваква игра? и дали ова идеја е остварлива?
Хмм добра идеја ама мало морген ќе ја натераш владата на ова. Освен ако ние еден ден не оформиме гејмерска партија и не дојдеме на власт
Ова може да се направи во иднина, откако ќе ни се среди нашава држава на сите полиња. А и народот ќе негира, и тоа со право бидејќи земјава ни тоне, се повеќе сиромаштија, невработени (знаеш што сакам да кажам), а владата ќе финансира споменици и игри.
Или друга опција да им пратиш ваков мејл до некое студио од странство па ако им се допадне идејата у странство да се прави.
Види вреди да се проба, еве барам помош од вас кои сте повеќе упатени во гејмингот, јас сум понов и не сум толку добар со компјутери да им пратиме идејата па они нека размисалт, нека ги испитаат ефектите и бенефитот од нејзино реализирање па нека одлучат дали за нив вреди оваа идеја или не. до нас гејемрите е да им испратиме идеја и мислам дека е многу возбудливо во градот во кој живееш или некоја планина или било кое место од макеоднија да можеш да го играш во игра
Заинтересираните имаат три можности да го дадат својот придонес во креирањето на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ: преку и-мејл адресата: programa2011@vmro-dpmne.org.mk , по пошта на адреса: ул. „Македонија“ бр.17 а - Скопје и со директна достава во седиштата на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа настапува партискиот тим од експерти, кој „со внимание ќе ги разгледа предлозите и кон нив ќе пристапи со најголема сериозност“. Сепак, во огласот нема информација кога ќе биде „извлекувањето на среќните добитници“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=098EE7960B8DC746BAADE0B891026E34
само кажете ми дали некој постручен ќе с енафати да им ја пратиме оваа идеја ил ида барам на друго место некој што ќе ми напише стручно за правење таква игра?
Абе ја хиџакнавте темата, ептен офтопик. Имат Општи дискусии, Нови идеи и сл.
Хмм не мислите дека игра со историски карактер би била поинтересна. Пример положбата на Македонците во WW 2 или положбата на Македонците во Грција и Бугарија за време на војната. Или пак за проектот да биде поуспешен може да ја вметнеме и Србија (тогашна Југославија). Па како се бореле партизаните по планините, како се организирале ослободувањата на градовите. Во ваква игра може секакви елементи да се вметнат. Moже да биде ФПС со РПГ елементи (собирање храна, облека, муниција). Може пак и да бидеш некој познат водач на некој партизански одред. Па да бидеш нешто како squad leader.
Размислете и за ова. Многу работи имам да кажувам за ваква игра.
Џабе ќе праќам ако мислиш до владата. Треба на некоја компанија да пратиме идеја ама и тоа тешко дека ќе се реализира. Сум им праќал на Ubisoft неколку идеи за игри ама слабо дека прифатиле. За џабе реферати сум им пишувал и ме мрзи веќе. И дај нека направи некој тема за оваа дискусија, глупаво ми е тука да пишувам.Друже прати го ова како идеја по е-маил :helou:
Мене ми се допаѓа твојата идеја