Видео игра од обемот на call of duty чини десетици милиони долари. Конкретно оваа, MW2 е една од
најскапите игри.
Е сега во некој замислен случај каде истава игра би се работела овде, би чинела поефитно заради поефтината работна сила, ама пак се во прашање милиони долари (не 40 ами 15, пример).
Јас се гледам како иден дизјанер на видео игри, и многу нормално ќе почнам како независен и ќе работам со мала екипа од неколку луѓе. Би се финансирале самите - а играта која би ја издале ќе влегува во т.н. независни игри (самофинансирани и не зависат од издавач, но затоа нискобуџетни). Во најдобар случај би нашле трет издавач.
Е сега доколку би се формирала поголема екипа за да работи да речиме на барем среднобуџетна игра може некој да се обиди да побара пари од владата иако според мене нема многу надеж дека ќе дадат (не сум сретнал игра која била финансирана од министерство на некоја држава). Како и да е доколку сега би му ја пратил оваа идеја на тој линкот што го даде, шансите дека ќе ја одбијааат се 100%. Треба прво да има луѓе кои можат тоа да го работат па после да се побара, а луѓе во моментов нема.