Ок нека не бидат глупи детски насилни видео игрички.Нека биде било што.Само нека е забавно.Игрите се за забава.Така почнаа така треба и да останат а со приказната нека прават што сакаат.Кажи ми ја поентата на приказната кај првите игри кои што се појавиле на пазарот Tennis for two,Space war,Pong потоа pac man,Cadilacs and Dinosaur,супер марио потоа спортските игри како тенис,кошарка,фудбал.Зошто тие се играни?Тие се речиси или без приказна и покрај тоа се играни.Зошто?Затоа што се забавни.Игрите се прават за забава.За да бидат позабавни може да се стави и интересна приказна која што по желба на креаторот може да оди многу длабоко или да биде површинска.Проблемот со длабоките приказни е тоа што после повеќе време или ќе здосадат или толку ќе се измешаат што ќе изгубат цел.Но има и игри со добри длабоки приказни кои што не заглавуваат но тоа е до креаторот на приказната.